Пинг-понг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Поен, сет, партија: Јазична исправка, replaced: сервер → опслужувач using AWB
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
 
== Поен, сет, партија ==
Пинг-понгот се игра на правоаголна маса со димензии 2,74 x 1152,5255 м на 76 см височина. Површината на масата, секогаш со темнозелена или темносина боја, може да биде дрвена или пластична. Масата е поделена на два дела, со трансверзална мрежа, висока 15,25 cм. Краевите се нацртани со бели линии., кои ја ограничуваат површината каде што може топчето да скокне во текот на играта. Цел на играта е да се добијат првите 11 поени со минимална разлика од 2 поена во однос на противникот, што значи и добивање на сетот.<ref>[http://www.ittf.com/ittf_handbook/2008/2.pdf Laws of Table Tennis]</ref>
 
За да се освои партијата, играчите мора да освојат три или четири од петте, односно седумте предвидени сета. На почетокот на, партијата, [[пингпонгар]]от, кој со влечење ждрепка станува првиот [[Сервирање|опслужувач]], почнува со удирање на топчето со рекетот од позицијата што се се наоѓа пред основната линија. Топчето мора првин да отскокне еднаш во полето на опслужувачот, да помине над мрежата и да го допре полето на противникот. Пинг-понгот, заедно со [[бадминтон]]от се сметаат за едни од најбрзите спортови за рефлексна брзина.