Разлика помеѓу преработките на „Ориент“

Додаден 1 бајт ,  пред 3 месеци
с
→‎top: Јазична исправка, replaced: Римска Империја → Римското Царство using AWB
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: Римска Империја → Римското Царство using AWB)
'''Историја на терминот'''
 
Во подоцнежната РимскаРимското ИмперијаЦарство, преториските начелства од Истокот, Praefectura Praetorio Orientis, го сочинувале најголемиот дел од Источното Римско царство, од источниот Балкан, па натаму кон исток; нејзиниот најисточен дел бил Diocese, Dioecesis Orientis, што грубо кажано, кореспондира на Голема Сирија . Со тек на време, општиот поим за Истокот се движи се подлабоко кон истокот, при што Западната цивилизација го нарекува ‘Далечниот Исток’, кога ќе го достигне и Тихиот Океан. Ваквите промени во времето и идентитет понекогаш создаваат забуна во доменот (историски и географски) на ориенталните изучувања.
Постојат и контексти во кои "Ориент" и "Ориентално" ги зачувале нивните постари значења, на пример, 'ориентални зачини' потекнува од областа која се протега од Блискиот Исток до Индија и до Индо-Кина. Патниците се уште можат повторно да се качат на возот Ориент експрес, од Париз до последната станица во европскиот дел на Истанбул, линија основана во почетокот на 20-тиот век.
Во европската историографија значењето на "Ориентот" се променило неколку пати. Најпрво, поимот се однесувал на Египет, Левант, и соседните области. Подоцна, станало синоним на Исламот и Јудаизмот и неговиот домен се проширил и кон исток и кон запад, како би ги вклучил сите неевропски области од Евроазиската цивилизација, вклучувајќи ја и Северна Африка. Во текот на 1800-тите Индија, и во помала мера Кина, почнале да го заземаат местото на Левант како главен предмет на ориенталистичкото истражување. До средината на 20 век, според западните научници, под ‘Истокот’ спаѓале само Источна Азија, Југоисточна Азија, и Источна Централна Азија. Подоцна, под истиот поим се вклучувале Северна Африка, па дури и делови од југоисточна Европа. Денес, првенствено, терминот евоцира слики на Кина, Кореја, Јапонија, Виетнам и полуостровот Југоисточна Азија. Низ историјата на менувањето на смислата на овој термин, "Ориент" никогаш не бил еквивалентен на Азија како целина. Големи делови на Азија се исклучени од планот на "Ориентот", кој е значително важен, културен поим -особено Сибир.
Во британскиот англиски, терминот ‘ориентален’ не се смета за погрден или навредувачки збор, и се однесува на луѓето од Источна и Југоисточна Азија. Азиски се корист за да ги означи само луѓето од Јужна Азија. Оваа употреба е резултат на историските имиграции во Велика Британија, бидејќи повеќе од 50% од не-европската популација е од Индија, Пакистан и Шри Ланка (наречени британски Азијци, во британско англиската терминологија), додека источните и југоисточните Азијци опфаќаат само 5-6% од не-европската популација. Поголемиот дел од нив се со кинеско потекло.
 
'''Австралискo англиски'''
 
Во австралискиот англиски, терминот "азиски" генерално се однесува на луѓето со потекло од Источна и Југоисточна Азија, како што се оние со кинеско, корејско, јапонско, виетнамско, тајландско, или филипинско потекло. Лицата од Индија, Пакистан, Шри Ланка, и повеќето други од Јужна Азија се наречени според својот демоним, и без јасно знаење, тие се познати како "Индијци".