Августајон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vlad5250 (разговор | придонеси)
с сеуште -> сѐ уште
с Јазична исправка, replaced: Римска империја → Римското Царство using AWB
Ред 4:
== Историја ==
 
Плоштадот датира од времето на [[Византион]], односно од времето пред да стане престолнина на [[Византија|Источната РимскаРимското империјаЦарство]]. Кога римскиот император [[Септимиј Север]] (193-211) го обновил градот, тој изградил голем плоштад кој бил опкружен со [[портик]]. Во центарот на плоштадот се наоѓале монументални објекти. Во центарот на плоштадот стоел еден столб со статуа на богот [[Хелиос]]<ref name="EHW">Katsaveli (2007)</ref>. Во времето кога Константин го претворил градот во престолнина, новиот град го украсил го голем број на монументални споменици.
 
Плоштадот бил обновен во времето на императорот [[Лав I (владетел)|Лав I]] (457-474), и повторно во 530-тите, кога бил уништен по [[бунтот Ника]], од страна на [[Јустинијан I]] (527-565). Во својата оригинална форма, плоштадот бил отворен за јавноста и функционирал како пазар за храна ([[агора]])<ref name="EHW"/><ref name="ODB">Kazhdan (1991), p. 232</ref>, но по неговата реконструкција од Јустинијан, тој повеќе наликувал на затворен двор каде пристапот бил ограничен. Византиските писатели од 7 век објектот го претставиле како двор на Света Софија.
 
Овој плоштад од времето на Јустинијан главно во следните векови не бил реновиран. Во доцниот [[13 век]], по обновувањето на градот од страна на [[Латинската Империја]], плоштадот изгледал како да се наоѓа во склоп на Света Софија. Во [[15 век]], италијанскиот патник Кристофоро напишал дека плоштадот се наоѓа во урнатини, а веќе во 1540-тите, од него останале само седум столба<ref name="EHW"/>.
Ред 12:
== Место ==
 
Плоштадот се наоѓал во источниот дел од Константинопол, кој во времето на Византија претставувал административен, верски и церемонијален центар на градот. Плоштадот имал правоаголна форма, и бил ограден со столбови. Најверојатно првите столбови биле изградени во 459 година, и обновени од страна на Јустинијан. Во денешно време е невозможно да се утврдат нговите димензии. Според некои, плоштадот бил голем 85 х 65 метри<ref name="EHW"/>.
 
На својата источна страна плоштадот граничел со катедралната црква Света Софија и палатата на Патријархот. На запад граничел со сенаторската палата која била изградена од страна на Константин или Јулијан (360-363), на југоисточниот дел се наоѓала Чалке порта односно влезот од императорската палата, а на југозападниот дел се наоѓале големите бањи. [[Тома I Константинополски]] во почетокот на [[7 век]] изградил базилика во југоисточниот дел од градот.