Вегетаријанство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
хелда наместо елда согласно ТРМЈ
с Јазична Исправка, replaced: Римската Империја → Римското Царство using AWB
Ред 9:
Во рамките на "ово"-групите постојат многумина кои одбиваат да конзумираат оплодени јајца (јајцата ''балут'' анг. ''balut'' се екстремен пример). Меѓутоа, ваквата поделеност не е доволно изразена. Исто така, некои вегетаријанци избегнуваат производи кои можат да содржат животински состојки кои не се назначени на нивните етикети. На пример, шеќер кој е избелен со постапка на јагленисување на коски, сирења за кои е употребено животинско сириште (ензими од желудочната мембрана на животните), желатин (добиен од колагенот во внатрешноста на кожата на животното, од коските и од сврзните ткива), некој вид на шеќер од шеќерна трска (но не шеќер од шеќерна репка) и сок од јаболко кој е прочистен од алкохол со желатин или мелени школки и есетра, додека пак други вегетаријанци не се свесни за присуството на вакви состојки или пак не им пречи ваквото присуство.
Некои поединци можат да се наречат ,,вегетаријанци” иако практикуваат полувегетаријански начин на исхрана, бидејќи во некои од дефинициите кои постојат во речниците, вегетаријанството се опишува како исхрана која вклучува риба, или вклучува само месо од цицачи како дел од дефиницијата за месо, додека според други дефиниции не се конзумира риба и каков било друг вид на животинско месо. Во други случаи, некои поединци можат да се опишаат како ,,флекситаријанци”. Овој вид на исхрана може да го практикуваат оние кои го намалуваат конзумирањето на животинско месо како начин за преминување кон вегетаријански начин на живот поради здравствени, етички, еколошки или друг вид на причини. Вегетаријанските групи, како што е Здружението на вегетаријанци, го оспоруваат полувегетаријанството, велејќи дека вегетаријанството ги исклучува сите видови на месо.
 
 
Здравствени придобивки и нешта кои можат да загрижуваат
Во едни проучувања направени од возрасните, вегетариајнскиот начин на исхрана, во споредба со невегетаријанскиот начин на исхрана, нуди напредни здравствени придобивки, намалено ниско ниво на дебелина, намален ризик од кардиоваскуларни болести и пониска стапка на смртност. Неколку клинички испитувања потврдија дека различните видови на вегетаријанство го намалуваат крвниот притисок.
Во просек, вегетаријанците за разлика од невегетаријанците, конзумираат помалку калории и масти (особено заситени масни киселини), помалку калории, повеќе влакна, калиум и витамин Ц . Општо земано, вегетаријанците имаат понизок индекс на телесна маса. Овие особености, како и други начини на живот поврзани со вегетаријанската исхрана, можат да придонесат за подобра здравствена состојба, која што и беше забележана меѓу вегетаријанците.
 
 
Напорите на научниците од областа на вегетаријанството кои се однесуваат на грижата за адекватноста на исхраната, преминаа во проучување на здравствените придобивки и заштита од болести. Академијата за исхрана и диететика заедно со диететичарите од Канада истакнаа дека во сите фази на животот, соодветно испланираната вегетаријанската исхрана е ,,здрава, доволно хранлива и обезбедува здравствени придобивки при превенција и лекување на одредени болести.’’
Ред 21 ⟶ 19:
Вегетаријанците имаат понизок индекс на телесна маса, пониско ниво на холестерол, понизок крвен притисок, помала веројатност од срцеви заболувања, хипертензија, дијабетес тип 2, болести на бубрезите, метаболичен синдром, деменција како Алцхајмерова болест и други нарушувања. Откриено е дека посното црвено месо е дирекно поврзано со зголемениот ризик од рак на хранопроводот, црниот дроб, дебелото црево и белите дробови. Други проучувања покажаа дека не постојат особени разлики помеѓу вегетаријанците и невегетаријанците кога станува збор за смрт од цереброваскуларни заболувања, рак на стомакот, рак на дебелото црево , рак на дојка или рак на простата. Едно проучување во 2010 година направи споредба меѓу група вегетаријанци и невегетаријанци од Адвентистите од седмиот ден, во која вегетаријанците постигнаа пониски резултати на тестовите за депресија и имаа подобри профили на расположение.
Односите помеѓу вегетаријанската исхрана и здравјето на коските се уште остануваат неразјаснети. Според некои проучувања, вегетаријанскиот начин на исхрана може да се поврзе со недостаток на витамин Б12 и со ниска густина на минерали во коските. Меѓутоа, со проучувањето на неколку возрасни вегетаријанци и невегетаријанци во Тајван се докажа дека непостојат особени разлики во густината на минерали во коските на членовите од двете групи. Други проучувања кои ги истражуваа негативните ефекти на животинските протеини врз здравјето на коските велат дека вегетаријанците се помалку склони кон остеопороза од оние луѓе кои внесуваат секаква храна, поради фактот што вегетаријанците имаат повеќе минерали во коските и подобра коскена структура. Проектот Кина-Корнел-Оксфорд, кој претставува дваесетгодишно поучување кое го извршуваше Универзитетот од Корнел, Универзитетот од Оксфорд и владата на Кина, покажа дека постои поврзаност помеѓу конзумирањето на производи од животинско потекло и различни хронични заболувања, како што се коронарна срцева болест, дијабетес, рак на дојката, рак на простатата и рак на дебелото црево.
Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Со својот познат слоган „месото е убиство” ([[англиски]] „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните.
 
Здружението на вегетаријанци ([[анг.]] ''Vegetarian Society''), основано во [[1847]] година во [[Манчестер]], [[Велика Британија]], вели дека зборот ''вегетаријанец'' е изведен од латинскиот збор ''vegetus'' што значи ''жив'' или ''енергичен''. Спротивно на тоа, англискиот речник на Оксфорд (АРО) и други стандардни речници тврдат дека зборот е создаден од терминот ''vegetable'' и суфиксот ''–arian''. Англискиот речник на Оксфорд пишува дека зборот влезе во општа употреба по создавањето на Здружението на вегетаријанци во Рамсгејт во 1847 година, иако тој нуди два примери на употреба од 1839 година и од 1842 година. Објаснувањето од 1839 година сè уште е предмет на дискусија, но Интернационалната историска група на Здружението на вегетаријанци даде 8 други пишани објаснувања уште пред формирањето на Здружението на вегетаријанци во 1847 година.
 
== Историја ==
Според тврдењето на некои научници, нашите човеколики предци цели 24 милиони години живееле како вегетаријанци, сè до леденото доба, кога човекот за да преживее почнал да јаде и животни. Според [[Библија]]та, [[Адам и Ева]] во [[Рај]]от јаделе само овошје.
 
Веродостојните извори велат дека вегетаријанството како начин на исхрана датира од пред неколку илјади години во Индија, каде и останало вообичаен начин на исхрана, најнапред како спиритуална пракса, позната како ахимса (ненасилство). Во Европа, грчкиот филозоф Питагора, кој живеел кон крајот на 6 век п.н.е. бил поборник на вегетаријанството. Во Питагорејските школи не се јадело месо од убиени животни, а целта била да се создадат универзални закони според кои не би смееле да се убиваат живи суштества, ниту да се јаде нивното месо.
 
Во [[средниот век]] во [[Европа]] честото и секојдневно јадење на месо било симбол за богатство и моќ. Сепак, постоеле многу христијански редови кои не практикувале јадење на месо, меѓу кои спаѓаат и [[Богомили]]те.
Ред 39 ⟶ 37:
 
,,Дваесет и шест години по моето крунисување, различни животни беа прогласени за заштитени: папагали, птиците маинас (анг. mainas), аруна (анг. aruna), црвеноглавите гуски, диви пајки, нандимукхас (анг. nandimukhas), гелатас (анг. gelatas), лилјаци, кралски мравки, мали водени желки(анг. terrapins), обезкостената риба, ведарејака (анг.vedareyaka), гангапупутака (анг. gangapuputaka), рибата санкија(анг.sankiya), желки, бодливи прасиња, верверички, елени, бикови, окапинда(анг.okapinda), диви магариња, диви гулаби, домашни гулаби и сите суштества на четири нозе кои не се ниту корисни ниту се за јадење. Оние кози, овци и маторици кои имаат млади или давааат млеко на нивните млади се заштитени, а истото се однесува и за младите кои имаат помалку од шест месеци. Петлите не треба да се скопуваат, лушпите под кои се кријат живи суштества не треба да се горат и шумите не треба да се опожаруваат без причина или со цел да ги убијат суштествата. Животните не треба да се хранат едни со други. "- Натписите на Ашока, петти столб
По христијанизацијата на РимскатаРимското ИмперијаЦарство кон крајот на античкиот период, вегетаријанство речиси исчезна од Европа и од другите континенти, освен од Индија. [21] Неколку наредби на монасите во средновековна Европа го ограничија или го забранија конзумирањето на месо од аскетски причини, но никој од нив не го избегнуваше конзумирањето на риба. (Средновековната дефиниција за "риба" вклучуваше животни како што се фоки, морски прасиња, делфини, арктички гуски, морски птици(анг.puffins) и дабари.
Вегетаријанството повторно се појави за време на ренесансата, станувајќи се пораспространето во 19 и 20 век. Првото Здреужение на вегетаријанци беше основано во 1847 година во Обединетото Кралство а потоа следеа и Германија, Холандија и други земји. Во 1908 година е основан Меѓународниот вегетаријански сојуз, кој претставува здружение на национални општества. Популарноста на вегетаријанството порасна во 20 век во западните земји, како резултат на проблеми поврзани со исхраната, етички проблеми, а од неодамна и еколошки и економски проблеми.
 
== Исхрана ==
Вегетаријанската исхрана која се практикува во западните земји е особено богата со каротеноиди, но релативно сиромашна со омега- 3 масни киселини и витамин Б12. Веганите можат да имаат релативно мало количество на витамин Б и калциум во организамот доколку не јадат доволно производи од типот на штавел, лиснат зеленчук, темпе и тофу(соја). Се смета дека високите нивоа на хранливи влакна, фолна киселина, витамин Ц, витамин Е и магнезиум, како и малото внесување на заситени масти се добрите страни на вегетаријанската исхрана.
 
 
===Протеини===
Ред 58 ⟶ 55:
 
Според Националните институти за здравство на Обединетите Држави, витаминот Б12 обично не е присутен во растенијата и природно може да се најде во храната од животинско потекло. Лактоововегетаријанците можат да го добијат витаминот Б12 од млечни производи и од јајца, а веганите од збогатена храна (вклучувајќи некои производи од соја и житарици) и диететски додатоци. Исто така, витамин Б12 може да се добие од производи збогатени со екстракт од квасец.
Препорачаната дневна доза на витамин Б12 во САД е 0,4 микрограми (0-6 месеци), 1.8 микрограми (9-13 години), 2,4 микрограми (повеќе од 14 години), и 2.8 микрограми (за доилки). Иако секојдневните потреби на телото за витамин Б12 се многу мали, недостаток на витамин Б12 е многу сериозен и може да доведе до анемија и до трајно оштетување на нервите.
 
===Масни киселини===
Ред 66 ⟶ 63:
===Калциум===
 
Вегетаријанците и невегетаријанците внесуваат слично количество на калциум. Кај некои вегани кои не конзумираат доволно лиснат зелнчук, кој е извор на изобилство од калциум, беше забележана нарушена минерализација на коските. Меѓутоа, кај лактоововегетаријанците не е забележано вакво нешто. Значајни извори на калциум се: брокулата, гравот, грашокот, леќата, зелката, марулата, штавелот, бок чој ([[кинеско зелје]]), кељот и репата. Спанаќот, блитвата и репата се богати со калциум, но калциумот преминува во оксалат и затоа слабо се апсорбира.
 
===Витамин Д===