Финансиски пазар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Јазична Исправка, replaced: Римската империја → Римското Царство (2) using AWB
Ред 2:
{{Викифицирање}}
{{Внимание}}
'''Финансискиот пазар''' претставува сретнување на [[понуда и побарувачка]] на слободни финансиски средства. Поточно, финансискиот пазар, како сегмент на вкупниот пазар се јавува во улога на механизам којшто треба да влијае врз оптимална алокација на финансиските средства и урамнотежување на реалните инвестиции и паричната акумулација.
 
== Вовед ==
Ред 20:
* одржување на одреден степен на стабилност на домашната валута и стопанството во целина.
 
Современиот облик на финансискиот пазар егзистира од крајот на XIX век наваму, кога централните банки во пазарните земји основаа и организираа во почетокот национални, а подоцна и меѓународни финансиски пазари. Први почетоци на организирани пазарни трансакции егзистирале пред повеќе од 2.000 год. во РимскатаРимското империјаЦарство. По распаѓањето на РимскатаРимското империјаЦарство скоро десетина века не егзистирал организиран финансиски пазар.
Дури кон крајот на XII и почетокот на XIV век, со развитокот на италијанските градови Венеција, Џенова и Фиренца повторно почнуваат да се основаат и работат финансиските пазари. Кон крајот на XV и почетокот на XVI век биле основани националните финансиски пазари во Лондон и Париз. Кон крајот на XVI век во Амстердам основаниот финансиски пазар добива карактеристики на меѓународен финансиски пазар. Денес најзначајните финансиски пазари се наоѓаат во Лондон, Њујорк, Франкфурт, Токио и др.
 
Ред 26:
=== Поим и суштина на пазарот на пари ===
 
Пазарот на пари претставува сретнување на понудата и побарувачката на слободни краткорочни финансиски средства (краткорочни парични средства - краткорочни банкарски кредити; краткорочни хартии од вредност). Пазарот на пари може да се разгледува до два аскекти, и тоа во потесна или во поширока смисла на зборот.
 
Пазарот на пари во потесна смисла:
Ред 59:
=== Функции на пазарот на пари ===
 
Со успешното функционирање на пазарот на пари (оптимална реализација на банкарските операции на тој пазар) се остварува непречено снабдување со пари на сите стопански субјекти и на општествената репредукција во целост.
 
Основните функции на пазарот на пари се:
Ред 86:
# '''Институцинализиран пазар на пари''', кој претставува посебна посредничка финансиска организација која што е специјализирана за вршење на работи на пазарот на пари. Таа посредничка финансиска организација работи во име и за сметка на своите членови и ги врши сите можни трансакции на пазарот на пари. Предноста е во тоа што овозможува концентрирање на понудата и побарувачката во едно место и во исто време - со тоа се добива пореална каматна стапка. Тука недостатоци постојат од аспект на тоа што ефикасноста на пазарот е помала, бидејќи брзината на операциите е помала поради постоење на посредници за секоја пазарна операција.
# '''Неинституционализиран пазар на пари''', со кој се отстранија некои недостатоци на институционализираниот облик на пазар на пари, но со тоа се отстраниле и некои негови предности. Поради тоа овој облик на пазар на пари има третман на преоден облик од институционализиран во мешан вид на пазар на пари.
# '''Мешан вид на институционализиран и неинституционализиран пазар на пари''', во кој централната банка - која има најголемо учество, ја регулира вкупната [[понуда и побарувачка]] на краткорочни парични средства и краткорочни [[хартии од вредност]], со тоа и вкупните трансакции на пазарот на пари. Во развиените земји, пазарот на пари не е институционализиран, што не е случај со пазарот на [[капитал]] и пазарот на девизи кои се институционализирани. Во земјите во развој и неразвиените земји покрај официјалниот пазар на пари функционира и неофицијалниот (црн) пазар на пари, како резултат на институционалната неуреденост во монетарната сфера на тие земји - постоење на повисоки каматни стапки во однос на официјалниот пазар.
 
На пазарот на пари, посебно на пазарот на краткорочни [[хартии од вредност]] сретнуваме два вида на пазари: '''примарен пазар и секундарен пазар'''.
Ред 149:
==== Примарен пазар на капитал ====
 
Примарниот пазар на капитал ги опфаќа институциите, инструментите и механизмите преку кои се вршат комплексните врзани за подготовката и реализацијата на емисиите на долгорочни хартии од вредност (акции и обврзници). На овој пазар се врши мобилизација (прибирање) на слободен паричен капитал, со цел за долгорочно финансирање на корпорациите која се врши преку нова емисија на акции и обврзници. Станува збор за доброволна централизација на капиталот преку која корпорациите, “преку ноќ”, доаѓаат до финансиските средства.
 
Финансирањето на претпријатијата преку емисија на долгорочни хартии од вредност се врши на три основни начина: '''директна, индиректна и интерна емисија'''.
 
Кај ''директната емисија'' економските субјекти директно комуницираат со финансиските инвеститори без посредување на т.н. финансиски интермедиери. Директна емисија најчесто вршат големи и познати фирми кои се одлучуваат за приватна емисија т.з. приватен пласман ([http://en.wikipedia.org/wiki/Private_placement| private placement]), односно кои директно ги пласираат акциите и обврзниците до крајните купувачи. Покрај големите фирми за директна емисија на долгорочни хартии од вредност се одлучуваат и мали фамилијарни фирми со цел да ги избегнат трошоците околу посредувањето.
 
Кај ''индиректната емисија'' централна, клучна улога имаат финансиските посредници ([[интермедиери]]). Како интермедиери во англосаксонските системи се инвестиционите банки, додека кај западноевропските системи се универзалните банки. Овде всушност станува збор за т.н. јавна понуда ([http://en.wikipedia.org/wiki/Initial_public_offering| public offering]) на хартиите на пазарот на капитал.
 
Кај ''интерната емисија'' хартиите од вредност се емитуваат врз основа на распределба на остварената добивка на претпријатијето. Во тој случај дивидендите не се плаќаат во готово туку за износот на дивидендите се емитуваат т.н. “дивидендни акции” и со тоа се настојува да се одржи непроменето учеството на постојните акционери во капиталот на претпријатијето. Емитуваните хартии од вредност ([[Акција (финансии)|акции]]) со овој начин на емисија, се распределуваат на вработените во претпријатијето менаџерите и работниците, при што не се предмет на купопродажните трансакции на пазарот на капитал. Најприменлив е индиректниот начин на емисија на долгорочни хартии од вредност.
 
Како '''интермедиери''' се јавуваат: [[инвестициона банка]] (кај англосаксонскиот систем) - кои се специјализирани банки за преземање и пласман на нови хартии од вредност; и универзални банки ( кај Западноевропкиот систем) - кои освен преземање и пласман на хартиите од вредност се занимаваат и со традиционалните банкарски работи, депозитни и кредитни работи. Тука не треба да се заборави фактот што баките се еден вид “трговци на големо” на хартии од вредност, кои заработуваат од разликата помеѓу цената по која ги купува и по која ги продава хартиите од вредност (акциите или обврзниците).
Ред 175:
Секунадарниот пазар на капитал се состои од два сегмента:
# '''организиран''' (службен) пазар на хартии од вредност – ефектни берзи; и
# '''неорганизиран''' (неслужбен) пазар на хартии од вредност - “Пазар преку шалтер”, од англ. “[http://en.wikipedia.org/wiki/Over-The-Counter_Market| over the counter]”.
 
==== Терцијален пазар на капитал ====
 
Третиот пазар (''[http://en.wikipedia.org/wiki/Third_market_trading| third market]'') во суштина значи директно купување и продавање на хартии од вредност со кои истовремено се тргува и на ефектните берзи. Најзначајни учесници на овој пазар се институционалните инвеститори - поедини компании и специјализирани фондови за пласирање на средствата во хартии од вредност, банки и друштва за осигурување.
 
==== Квартален пазар на капитал ====
Ред 196:
Мотивите за користење на капиталот се многубројни, но без претензија на сеопфатност, истите може да се сведат на следниот заеднички именител – успешно стопанско работење, базирано на економската сметка, и создавање нови вредности, добивка и општествено богатство. ''Клиентите во инвестицискиот амбиент може да се класификуваат во 3 групи'': ''сектор на [[население]]'', ''стопански сектор'' и ''државен сектор''. Ова тројство не е совршено; во него не се опфатени некои организациски групи како што се непрофитните агенции, а проблем се и некои полуформации како што се некорпоративните или семејните работни дејности.
# '''Сектор на [[население]]то'''. Населението катадневно донесува најразлични одлуки во однос на своето живеење или работење: [[образование]], [[вработување]], работна обука, пензиско планирање, во крајна линија заштедите вис-à-вис потрошувачката. Најголемиот дел од населението е заитересирано за широк асортиман на актива, односно за средства што се атрактивни и кои може да варираат во зависност од неговата економска состојба. Широките варијации на побарувачката на средства се токму погонската сила што со сета сила ги тера нанапред финансиските иновациски решенија. Притоа, како фактори што имаат доминантно влијание врз однесувањето на населението се наметнуваат висината на даночните оптоварувања и степенот на ризикот со кој се соочува определена активност.
# '''Стопански сектор'''. За разлика од финансиските одлуки на населението чија цел е изнаоѓање начини како да се инвестираат парите, стопанскиот сектор се фокусира на обезбедување парични средства за финансирање инвестиции во реална актива – производствени погони, опрема, [http://en.wikipedia.org/wiki/Know-how| know how], развој на човечките ресурси итн. Претпријатијата при издавањето хартии од вредност имаат неколку цели:
#* Остварување најдобра цена за нивните [[хартии од вредност]] и
#* Пласирање на емисијата со што е можно пониски трошоци.
Ред 204:
== Заклучок ==
 
Со [[распаѓање на СФРЈ]] се остварува економска, финансиска и монетарна дезинтеграција. Имено, со политичкото осамостојување на поедините поранешни републики на СФРЈ се создаваат самостојни суверени држави со свои национални економии, кои остваруваат свој монетарно-кредитен и банкарски систем, своја национална валута, свој финансиски пазар.
 
Истата судбина ја следи и Р. Македонија. Со распаѓањето на СФРЈ се затворија финансиските текови на ниво на Југославија и се сведуваа на републички рамки од една страна и потребата за алоцирање на слободните финансиски средства од друга страна, го условија формирањето на финансискиот пазар и во Македонија.
 
Намалувањето на референтната каматна стапка на НБРМ, како и повисокиот интерес на инвеститорите за инвестирање во државни записи имплицираа намалување и на каматните стапки на овој пазарен сегмент. Така, на аукциите одржани во текот на годината, просечната пондерирана каматна стапка на државните записи со рок на достасување од три месеци изнесуваше 6,33%, наспроти 10,08% во 2005 година.
Просечната пондерирана каматна стапка на шестмесечните државни записи на аукциите одржани во текот на 2006 година изнесува 6,98%, наспроти 10,16% во 2005 година, додека просечната пондерирана каматна стапка на одржаните аукции на едногодишни државни записи во текот на 2006 година изнесуваше 8,70%, наспроти 9,89% во 2005 година.
 
Притоа, каматните стапки на државните записи во текот на годината бележеа континуирано опаѓање, при што во просек пондерираните годишни каматни стапки се намалија за 1,19-3,75 процентни поени во зависност од нивната рочност. Најголем пад е забележан кај просечната годишна пондерирана каматна стапка на тримесечните државни записи (3,75 процентни поени) .
Ред 228:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Финансии]]
[[Категорија:Стопанство]]