Прв вселенски собор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична Исправка, replaced: Римската Империја → Римското Царство (2) using AWB
Ред 18:
| chapter = § 120. The Council of Nicaea, 325
| quote = Only two Egyptian bishops, Theonas and Secundus, persistently refused to sign, and were banished with Arius to [[Illyria]]. The books of Arius were burned and his followers branded as enemies of Christianity.
}}</ref>)). Другото решение кое било донесено на овој [[Вселеснки собор]] се однесувало на датумот на славењето на [[Велигден]] ([[Пасха]]), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се одбележува првата недела после првата [[полна месечина]] од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето ([[квардодециманизам]]) и дал овластување на Александрискиот Архиепископ секоја година да го соопштува датумот на останатите архиепископи.
 
Првиот вселенски собор има и посебно историско значење затоа што претставува прв обид за донесување на одлуки преку консензус (католичански) на претставници на сите христијански верници, и оттука е првиот пример на техничка [[христологија]].
 
== Карактер и цел ==
[[Податотека:Byzantinischer Mosaizist um 1000 002.jpg|thumb|[[Константин Велики]]]]
Првиот вселенски собор бил свикан од страна на император [[Константин I]], а по препорака на Синодот предводен од [[Хосиј]] од [[Кордоба]] во [[325]] година, кој ја предводел истрагата на недоразбирањата предизвикани од страна на Аријанската ерес присутна во гркојазичниот исток. За поголемиот број на епископи, учењата на [[Ариј]] биле еретички и претставувале реална опасност против спасувањето на душите. Со таа цел, во летото [[325]] година, епископите од сите христијански провинции биле повикани во [[Никеја]] во Битнија (позната и како [[Изник]] во денешна [[Турција]]) – место лесно достапно за поголемиот борј од нив, а посебно за оние од [[Мала Азија]], [[Сирија]], [[Палестина]], [[Египет]], [[Грција]] и [[Тракија]].
 
Приближно триста епископи биле присутни на Никејскиот собор, и тоа од секој регион на [[РимскатаРимското ИмперијаЦарство]], освен од [[Британија]]. Ова инаку претставува прв општ собор во историјата на црквата уште од [[Апостолски собор|Апостолскиот собор]] во [[Ерусалим]] на кој се воспоставиле правилата според кои нееврејските народи можеле да се придружат на црквата. Чекор понапред, на овој Собор црквата го превзела првиот чекор кон попрецизното дефинирање на доктрината на [[христијанство]]то како резултат на предизвиците кои се појавиле од страна на разните еретички учења. Решенијата донесени на овој собор, како екуменски, биле полноважечки за целата црква.
 
== Присутни ==
Ред 33:
За секој епископ постоел платен превоз од и кон неговото епископско море. Исто така, и сместувањето било платено од страна на императорот. Тие не патувале сами, туку секој од нив имал дозвола со себе да понесе два презвитера и три ѓакони. Одовде, целосниот број на учесници на овој Собор би бил приближно 1500 души. Овој Собор бил посебен и поради скорешното официјализирање на [[христијанство]]то како рамноправна вера во империјата со издавањето на [[Милански едикт|Миланскиот едикт]] од [[февруари]] [[313]] година.
 
Источните епископи преовладувале на овој Собор, од кои на највисок ранг биле архиепископите [[Свети Александар Александриски]], [[Свети Евстасиј Антиохиски]] и [[Свети Макариј Ерусалимски]]. Некои од богоносните отци како [[Свети Пафнутиј од Теба]], [[Потамон од Хераклеа]] и [[Павле од Новоцесареа]] сѐ уште на нивните лица ги имале трагите од скорешниот прогон како сведови на верата. Понатаму, како значајни учесници биле [[Евсевиј Никомедиски]], [[Евсевиј Кесариски]], [[Свети Николај Мириклиски]], [[Аристакиј од Ерменија]], [[Свети Јаков Нисивиски]] (поранешен пустиник), [[Свети Спиридон]], [[Свети Ахил]], [[Свети Пафнутиј]], [[Свети Митрофан Константинополски]], [[Свети Ипатиј Гангриски]] и други. Од други места, тука биле присутни и персискиот епископ Јован, готскиот епископ Теофил и Стратофил, епископ на Питиунт и Егриси (лоцирани на денешната граница помеѓу Русија и Грузија).
 
Од реоните со латинско говорно подрачје присутни биле најмалку пет претставници: Марко од Калабрија, Сесилијан од Картагина, Хосиј од Кордоба, Никасиј од Дижон и Домнус од Стридон. [[Папа Силвестер I]] не можел да присуствува поради болест, но бил застапуван од двајца свештеници.
Ред 47:
== Симбол на верата ==
[[Податотека:Nicaea icon.jpg|thumb|225px|Икона на која е прикажан Константин заедно со други епископи на Првиот Вселенски Собор (325 година), држејќи го Симболот на Верата на Вториот Вселенски Собор (381 година)]]
За еден дел од присутните, бил прифатлив било каков Симбол на верата кој би бил донесен со согласност на сите делегати, а кој би служел за обединување во востановување на цврстите темели на учењето на црквата. Сепак, била прифатена иницијативата на [[Свети Атанасиј Велики]] (во тоа време [[ѓакон]]) за што поголема јасност, концизност и децидност на содржината. На крај, бил донесен следниот [[Симбол на вера|Симбол на верата]]та, кој со помали измени е зачуван до денешен ден. Во црковните редови преовладува мислењето дека понатамошните собори претставуваат само продолжување и појаснување на Првиот вселенски собор и Симболот на верата (или Никејскиот Симбол, како што е познат). Овој Симбол во кратки црти го содржи учењето за светата природа на [[Света Троица|Светата Троица]].
 
Тој гласи, во целост:
Ред 55:
== Славење на Велигден ==
 
По [[19 јуни]] започнало да се расправа за определувањето на датумот на славење на [[Велигден]]. Во западниот дел од РимскатаРимското ИмперијаЦарство бил прифатен обичајот за славење на [[Велигден]] во неделата после еврејската [[Пасха]], додека повеќе помесни цркви на Истокот го задржале славењето на самиот ден Пасха, т.е 14 нисан според [[еврејски календар|еврејскиот календар]]. Во [[Рим]] и [[Александрија]], пак, се внимавало Велигден да не биде на истиот ден како и еверејската Пасха. На крај било одлучено секоја година александрискиот архиепископ да му соопштува на римскиот папа кој ден ќе биде славен Велигден. Тоа требало да биде првата недела после првата [[Полна Месечина]] после пролетната рамноденица.
 
== Мелетска шизма ==
Ред 73:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Историја на христијанството]]
[[Категорија:Вселенски собори]]