Разлика помеѓу преработките на „Пела“

Додадени 2 бајти ,  пред 6 месеци
с
→‎Историја: Правописна исправка, replaced: Виа Игнација → Вија Егнација using AWB
с (Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB)
с (→‎Историја: Правописна исправка, replaced: Виа Игнација → Вија Егнација using AWB)
:„''...и тој [Павле] виде дека не е без добра причина тоа што [местото] било избрано за кралска резиденција. Сместена е на југозападната падина на едно брдо окружена со мочуриште премногу длабоко за да се премине пеш било лете или зиме. Тврдината („Факус“) близу градот, стои во самото мочурише, издигајќи се како остров, и е изградена на огромна основа која е доволно силна за да ги носи ѕидовите и да спречи било каква штета од навлегување на водата од лагуната. Оддалеку изгледа како продолжение на градскиот ѕид, но всушност е одделена со [[канал]] кој тече меѓу двата ѕида и како таква палатата е поврзана со градот со мост. Така ова го отсекува секој можен пристап на непријателот, и ако кралот затвори некој таму, не постои друга можност за бегство освен мостот, кој е лесно да се брани..''“ <ref>Titus Livius ''The History of Rome, Vol. VI'' Translator Rev. Canon Roberts 1912 [http://etext.lib.virginia.edu/etcbin/toccer-new2?id=Liv6His.sgm&images=images/modeng&data=/texts/english/modeng/parsed&tag=public&part=223&division=div2 (XLIV, 46) он-лајн на U Virginia] пристапено на 15 јули 2006.</ref>
 
За време на римското владеење со [[Македонија (Покраина во Римската Империја)|Македонија]], Пела бил главен град на третата област, и можеби седиште на римскиот гувернер. Бидејќи низ неа поминувала [[ВиаВија ИгнацијаЕгнација]] ([[Страбон]] VII, 323), Пела останала важна точка на патот помеѓу [[Дирахиум]] и [[Солун]]. [[Цицерон]] престојувал во градот во [[58 п.н.е.]], но во тоа време провинцијалната престолнина веќе била преместена во Солун.
 
Градот почнал да оди во регрес (веројатно заради земјотрес) кон крајот на I век п.н.е. Помеѓу 45 и 30 п.н.е. бил предмет на колонијална редукција; во секој случај локалните монети биле испишани со ''Colonia Iulia Augusta Pella''. [[Октавијан Август]] ова место им го подарил на селаните чии имоти биле одземени за да се дадат на неговите ветерани ([[Дион Касиј]] LI, 4). Но за разлика од други македонски колонии како [[Филипи]], [[Дион (град)|Дион]] и [[Касандреја]], Пела никогаш не била под јурисдикција на ''ius Italicum'' или Римското право. Од овојпериод познати ни се четири пара колонијални управители (''IIvirs quinquennales'').