Разлика помеѓу преработките на „Принципат“

Одземени 2 бајти ,  пред 8 месеци
с
→‎Воспоставување на принципатот: Правописна исправка, replaced: Римско царство → Римско Царство using AWB
с (→‎Воспоставување на принципатот: Правописна исправка, replaced: Римско царство → Римско Царство using AWB)
Поради долготрајните граѓански војни , пропратени со проскрипции, конфискација на земјишта, присилно наплаќање даноци, воени мобилизации, бегства на робовите и воена власт, италското општество се стремело за мир и воспоставување на нормален живот. Најважните противници на [[Цезар]] биле мртви, а останатата анти-цезарова коалиција била деморализирана и ослабена. Тие за да ја сочуваат својата положба биле спремни да пружат да склучат примирје па дури и подршка на [[Октавијан]] во неговите цели.
 
Откако се вратил во [[Рим]], Октавијан најавил враќање на мирните времиња, стариот римски морал и обновување на стариот републикански дух. Почнувајќи од 31 година п.н.е Октавиан секоја година бил биран за [[конзул]], а во 29 год. добил [[Цензор|цензорски овластувања]], врз основа на кои во 29-28 година составил нов список на членови на [[Сенат на Стариот Рим|сенатот]] и спровел цензус кој не бил спроведен цели четириесет и две години. За да го заштити достоинството на сенатот тој ги исклучил сенаторите кои не припаѓале на највисокиот сталеж, а со тоа му се дало можност да ги исфрли и приврзаниците на [[Марк Антониј]]. Во новиот список името на Октавијан било ставено на прво место, и од таму тој ја добил титулата ''princeps Senatus''. Со таа титула тој бил во можност прв да го искажува своето мислење во сенатот. На 13 Јануари 27 година Октавијан се одрекол од сите државни функции и ги ставил на располагање на сенатот и римскиот народ, изјавувајќи дека сака да се повлече од јавниот живот. Таа оставка била формална, по што уследиле молби од сенаторите да ја задржи власта во државата. Истиот ден Октавијан добил низа овластувања кои фактички му ја осигурале врховата власт. Три дена подоцна на 16 јануари, тој ја добил титулата Август (возвишен). Во прв ред овој епитет бил ставан во контекс со некој сакрален обиект, но во овој случај бил додаден до името на принцепсот. По тоа Октавијан го променил своето име во Император Цезар Август, син божји. Сите овие промени имале со цел, докажување дека на Рим му претстоело ново златно доба. Неговата власт се засновала врз спојувањето на повеќе магистратури, кои во класичната република не можеле да се спојуваат. Во неговите раце се наоѓала највисоката воена власт – imperium. Таа власт ја има од 31. до 23.г. како конзул, а од 23 година ја добива титулата imperium maius, која му давала врховна воена команда во сите провинции, свои и сенатски. Imperium е основна власт, на сите доцни римски императори. Од 19.г. до крајот на својот живот добива знаци на конзуларното достоинство. На тој начин Август има највисока воена и граѓанска власт.
 
 
На денот на основањето на принципатот била извршена поделба на провинции. Пограничните провинции ([[Сирија]], трите галски провинции, областите во [[Шпанија]] и др.) биле прогласени за царски. Старите мирни провинции (Африка, Бетика, Нарбонска Галија, Македонија, Азија) биле сметани за сенатски провинции и со нив управувале проконзули или пропретори избирани од страна на сенатот. Уште од 36.г Октавијан добил доживотна трибунска власт (''tribunica protestas''). Со тоа тој можел да предложува нови закони, да делува во сенатот и со своето вето да ги отфрли сите одлуки на сенатот и магистратот ако го најде тоа за потребно. Највисоката воена власт (imperium) и трибунската власт (''tribunica protestas'') биле правна основа на владеењето на Август. Титулата принцепс која Октавијан ја земал 29-28 (по составувањето на новиот сенат) добила сега ново значење, за разлика од времето на Републиката. Таа се подразбирала не само како прв сенатор, туку и како прв човек во државата. Освен тоа се менува и значењето на титулата император, која Август ја вклучил во своето име, а во неговота службена титула означувала и колку пати бил прогласуван за император. Под влијание на хеленистичките монархии Августовата власт добива и религиски посветувања. Во 12 година, на Август му е доделена титулата голем понтификт (''pontifex maximus'') и на тој начин се прогласил за поглавар на римската религија. Во 2 година п.н.е Август бил прогласен за татко на нацијата (''pater patriae'') што укажува на неговата особена врска со народот. По тврдењето на самиот Август, највисокиот авторитет (''auctoritas'') бил основа на неговата власт. Неговиот авторитет се темелел на тоа што Август донесол внатрешен мир во империјата, која била спремна да се откаже од политичката слобода, само да дојде до мир. Службена парола во тоа време била ''Pax Romana'' (Римски мир).<ref>Ковалёв С.И,(1948), „История Рима“, Ленинград. стр. 493-505.</ref><ref>Машкин А.Н,(1956), „История древнего Рима“, Москва. стр. 345-351.</ref>
 
Принципатот, воопштено, траел од почетокот на владеењето на Октавијан Август, па се до стапувањето на престолот на царот [[Диоклецијан]] во 284 г., иако голем дел од III век всушност бил обележан со постојано менување на царевите на престолот, кои своеволно биле прогласувани од страна војниците ширум [[Римско царствоЦарство|Царството]]. Затоа тој период понекогаш се нарекува и време на војничките цареви.
 
Сепак, принципатот формално исчезнува дури со Диоклецијан, кој воведува ново државно и општествено уредување во Царството, познато како [[доминат]], кое понатаму ќе го измени неговиот наследник [[Константин Велики]].