Славјанско-маќедонска општа историја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
дополнување
с Правописна исправка, replaced: Римска империја → Римско Царство using AWB
Ред 18:
 
==Создавање и значење==
Констатирајќи дека туѓите историчари не ја прикажале вистинската историја на [[Македонија]] и дека е неопходно самите [[Македонци]] да го сторат тоа, [[Ѓорѓија Пулевски]] со многу напори и со патриотски жар во ова дело ја претресува целата балканска и словенска историја и ги бара нишките на македонскиот развиток<ref name="Блаже Ристовски" />. Во оваа своја ''Историја'', Ѓорѓија Пулевски ја прави првата периодизација на македонскиот развиток, давајќи ја паралелно и историјата на соседните народи за да се разберат историските процеси во [[Македонија]], но навлегува и во прашања од секојденвието, во обичаите на нашите луѓе од разните краишта, па дава дури и граматички преглед на [[Македонски јазик|македонскиот јазик]] и ветува преглед и на македонската книжевност<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. За пишување на историјата [[Ѓорѓија Пулевски]] скоро три децении стрпливо собирал материјали, проучувајќи ги достапните извори и литература, при што во текстот постојано се повикува и цитира педесетина автори<ref name="Блаже Ристовски" />. Пишувањето на ова големо и значајно дело за македонската историја, Пулевски го започнал во [[Белград]] во [[1865]] и потоа го продолжил и завршил во [[Софија]] во [[1892]]<ref>{{Наведена книга|title=Македонскиот народ и македонската нација|last=Ристовски|first=Блаже|publisher=Мисла|year=1983|isbn=|location=Скопје|pages=251}}</ref>. Самиот автор го создал ова дело со цел да служи и како наставно помагало во образованието на идната слободна и независна македонска држава. Обемниот и навистина опширен ракопис посветен на минатото на [[Македонија]], кој во огромна мерка опфаќа и историски настани од историјата на цела [[Европа]] и делови од [[Азија]] и [[Северна Африка]] (раскажувања за англиските интереси - ''„желји“'' во Индија и Египет), всушност претставува и воопшто првата концепција на [[Историја на македонскиот народ|македонската историографија]] која националната историја ја смета како непрекинат след уште од времето пред и на [[Античка Македонија|aнтичка Македонија]].
 
По првото разгледување на ракописот, делови и одломки од содржината на обемната „Славјанско-маќедонска општа историја“ биле објавувани во 1973 и 1974 година, додека по обезбедувањето на микрофилмирана копија од целиот ракопис во 1992 година започнало негово уредување, при што ова капитално дело беше објавено во целост од [[МАНУ]] и Фондацијата „[[Трифун Костовски]]“ во [[2003]] година, а еден негов дел односно „''Царственикот Велики Александров''“ бил издаден од Институтот за национална историја во [[2005]] година во [[Македонија]] со наслов „Македонска Александрида“, и двете изданија под редакција на академик [[Блаже Ристовски]] и проф. д-р Билјана Р. Јосифовска<ref>''„Македонска Александрида“ (Извадок од „Славјано-маќедонската општа историја“ од Ѓорѓија М.Пулевски''). Институт за национална историја, Скопје, 2005. стр.5</ref>.
Ред 25:
Текстот на историјата ги опфаќа настаните кои започнуваат уште од 131 година по [[Ное|Вселенскиот (библиски) потоп]] па сè до [[1892]] година, односно до времето во кое живеел и ја напишал самиот автор - [[Ѓорѓија Пулевски]]. За подробно разбирање, содржината на историјата е поделена на пет историски временски периоди:
* 1) од 131-ва година по Вселенскиот потоп до 900 години пред [[Исус Христос|Христа]] кога се плоделе односно размножувале и населувале [[Македонци]]те,
* 2) од 900 година до 148 година пред Христа кога [[Македонија]] и Македонците имале свои сопствени цареви и свое [[Античка Македонија|царско управување]] (царство) сè до потпаѓањето под [[РимскаРимско империјаЦарство|Римјаните]],
* 3) од 148 година пред Христа по сè до 395-та година по Христа кога се разделило [[Римско царство|римското царство]] на две царства,
* 4) четвртиот дел го опфаќа периодот од 395-та до [[1360]] година односно времето кога дошле [[Турци]]те во [[Македонија]] и
Ред 31:
На крајот на делото, во XI книга се содржани раскажувања за народите односно племињата (соевите) полуостровски кои живеат на Балканот при што Пулевски наведува дванаесетина [[Македонци|македонски]] етнографски групи од различни области и предели на [[Македонија]] како и граматички дел за времињата и падежните облици на различни именки, броеви и зборови<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Племињата односно етнографските групи на [[Македонците]], но и на другите балкански словенски и несловенски народи, точно ги определува со нивната географска местоположба, места и градови на живеење, одликите на нивниот живот, сфаќања, говор, стопанство и историски белешки за нивното доселување (за несловенските народи). Меѓу нив тој ги опишува следните македонски племиња (етнографски подргупи): [[Брсјаци]], [[Мијаци]], [[Мариовци]], [[Шопи]] (Црни и Бели), Пчинци, Врбаци, Кардалиња, Свеневци итн.
 
За пишување на историјата [[Ѓорѓија Пулевски]] скоро три децении стрпливо собирал материјали, проучувајќи ги достапните извори и литература, при што во текстот постојано се повикува и цитира педесетина автори<ref name="Блаже Ристовски">{{наведена книга|last=Ристовски|first=Блаже|authorlink=Блаже Ристовски|title=Ѓорѓија М. Пулевски - меѓник во нашата културно-национална историја|url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/2a/%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%9F%D1%83%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_-_%D0%BC%D0%B5%D1%93%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%B2%D0%BE_%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%91.%D0%A0%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8.pdf|year=1996|publisher=МАНУ|location=Скопје|pages=20–26}}</ref> меѓу кои познати светски, византиски, руски историчари како Мауро Орбини, [[Михаил Ломоносов|Ломоносов]], Гибон, Дуфресне и др. Иако, главно коректно ги пренесува и интерпретира старите извори, [[Ѓорѓија Пулевски]] во текстот не испушта да направи оддели пасуси на ''Исправка'' како одговор на тие историчари, но и како разјаснување на самата Историја<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />.
 
Во првиот дел Пулевски ги опфаќа и обработува настанокот на [[Македонци]]те и [[Словен]]ите како потомци од Дедо Мосох, шестиот син Јафетов и нивното доаѓање на денешните простори преку Азија и Сарматија при што се осврнува на темите за настарите места и престолнини на [[Македонци]]те и Словените, од што произлегува словенското име, когашен е словенскиот јазик и посебни докази (документи) за славјанско македонската историја<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Вториот дел го обработува во три посебни книги од кои една насловена како ''Царственик Велики Александров''“ го опфаќа сето влаадеење на [[Александар Македонски]] вклучувајќи голем број вистинити настани, но и фантастични натприродни случки и легенди. Во вториот дел од Историјата се обработени темите за македонските граници (меѓи, синори), основањето на [[Кралство Македонија|македонското царство]], подробно кажување за македонските цареви, раскажување за влаадеењето на [[Филип II Македонски]], цела книга за владеењето на [[Александар Македонски]] и раскажување за разделувањето на царството по неговата смрт, поводот и завладувањето на Римјаните со [[Античка Македонија|македонската држава]] и владеењето на римските цареви со [[Македонија]]<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Во третиот историски период одделно се раскажува за потпаѓањето на Грција под римска власт, поделбата на Источно и Западно Римско царство, владеењето на [[Константин Велики]] и триумвиратот на Октавијан Август. Четвртиот историски дел опфаќа раскажување за основањето и забраната на [[Охридска Архиепископија|Охридската Архиепископија]] и се обработуваат бугарската, српската и влашката (романската) историја. Послениот историски период го опфаќа доаѓањето на Турците и сите воени судири кои ги имале со европските царства и држави како руско-турските, турско-унгарските и други војни, ослободувањето на [[Грција]], [[Србија]], [[Романија]] и [[Бугарија]]. Посебна вредност во овој дел имаат поглавјата кои се однесуваат за времето што [[Ѓорѓија Пулевски]] го опишува како личен сведок или учесник<ref name="Ѓорѓија Пулевски" />. Тоа особено се однесува за оние делови во кои се раскажува за битките од руско-турската војна и албанските качачки напади во востанието под водство на Дервиш Царе, при што Ѓорѓија Пулевски дава и доста ретки податоци за случувањата во [[Галичник]] и [[Западна Македонија]], кои се опеани и во познатите народни песни. Текстот на историјата завршува со насловот на поглавјето ''За поносење маќедонско'' односно за македонското однесување, под кој страницата е оствавена празна, бидејќи по неколку месеци авторот починал, но следејќи го текот на опишувањето на историските настани и самиот наслов најверојатно тука тој сакал да ги обработи случувањата во [[Македонија]] за време на Големата источна криза и Руско-турската војна кога биле кренати [[Разловечко востание|Разловечкото]] и [[Македонско востание|Македонското востание]] во [[Кресна]] во кое самиот Ѓорѓија Пулевски земал активно учество како војвода.
 
===Мисли и извадоци===
Ред 68:
{{наводи}}
 
[[Категорија: Дела на Ѓорѓија Пулевски]]
[[Категорија: Историја на Македонија]]
[[Категорија: Историја на македонскиот народ]]