Разлика помеѓу преработките на „Долмабахче“

Одземени 5 бајти ,  пред 4 месеци
с
Правописна исправка, replaced: Отоманско царство → Отоманско Царство using AWB
с (Правописна исправка, replaced: Отоманско царство → Отоманско Царство using AWB)
}}
 
'''Долмабахче''' ({{lang-tr|Dolmabahçe Sarayı}} — [[дворец]] кој се наоѓа во [[Истанбул]], [[Турција]]. Дворецот, кој денеска служи како музеј се наоѓа на [[Босфор|европскиот]] дел на градот во реонот на [[Бешикташ]]. Овој објект бил изграден во времето на османлискиот султан [[Абдул Меџит I]] во периодот помеѓу [[1842]] и [[1853]] година. Во периодот од [[1856]] до [[1887]] година и во периодот од [[1909]] до [[1922]] година, дворецот служел како резиденција на османлискиот султан. По [[1922]] година во него живеал [[Кемал Ататурк]] каде починал во [[1938]] година.
 
== Историја ==
[[File:Dolmabahce, Istanbul, Turchia.JPG|thumb|Поглед кон ''Селамлик'']]
 
До средината на [[19 век]], резиденцијата на [[Отоманско царствоЦарство|Отоманското царство]], односно на султанот се наогало во [[Топкапи Сарај]], кој бил изграден главно во средновековен стил. Во времето кога царството своите контакти ги проширило со земјите од [[Западна Европа]], султанот решил дека треба да биде изградена палата по европски стил. Така, по наредба на султанот [[Абдул Меџид I]], ерменските архитекти Карабет и Балијан ја изградиле новата резиденција.
 
Изградбата на палатата започнала во [[1843]] година додека завршила до [[1856]] година целосно. Трошоците кои биле потрошени за изградбата на Долмабахче биле околу 5 милиони лири, кое одговарало на приближно 1/4 од годишните даноци или 35 тони злато, или пак на околу $ 1,5 милијарди долари во денешна вредност<ref>[http://www.dolmabahcepalace.com/listingview.php?listingID=3&name=Dolmabahce+Palace Dolmabahce Palace]</ref><ref>[http://www.goldgrambars.com/ Goldgrambars.com]</ref>. Финансирањето на објектот се одвивало преку печатење на книжни пари. Според некои извори, се говори дека тогашниот министер за финансии му соопштил на султанот дека изградбата на палатата чини околу 3,500 пиастри, но всушност тоа била сумата која била неопходна за печатењето на парите. Самата изградба довела да царството се доближи до банкрот и да стане финансиски зависна од надворешни извори односно земји. Поголемиот дел од следните султани ги претпочитале помалите новоизградени палати по [[Босфор]]от. Оваа палата се користела и од страна на [[Мустафа Кемал Ататурк]], каде починал на [[10 ноември]] [[1938]] година по подолг период на боледување.
Дворецот е поделен на три основни делови: Мабејн-и Хумајун, Муаједе и Харем.
[[File:Ceremonial hall Dolmabahce March 2008 pano4.jpg|thumb|left|Свечена сала со лустерот подарен од [[кралица Викторија]] ]]
[[File:Dolmabahce Baccarat bannister.JPG|thumb|''Кристалните скалила'' ]]
[[File:Ambassador Hall Dolmabahce March 2008panoc.jpg|thumb|left|Амбасадорската сала (''Süfera Salonu'')]]
[[File:Istanbul img 5058.jpg|thumb|Султанскиот амам]]
== Карактеристики ==
 
Долмабахче е најголемиот дворец во [[Труција]] по плоштина. Местото каде се наоѓа дворецот било залив на [[Босфор]]от, и често била користена како градина за прошетка на султаните. Од овде доаѓа и името на палатата, ''dolma'' „затворена, исполнета“, a ''bahce'' - „градина“. Должината на фасадата на палатата е 600 метри по должина на европскиот дел од Босфорот со вкупно 285 соби, 6 амами, 68 тоалетни и 1427 прозорци. 14 тони злато и 40 тони сребро биле употребени за декорација на таваните кои зафаќаат 45 000 м2, додека пак целиот комплекс има плоштина од 110,000 квадратни метри, заедно со паркот каде се наоѓа и [[Саат кула Долмабахче|саат кулата]].
 
Самата фасада ја покажува класична европска зграда со две страни. Сепак, внатрешноста на зградата е со типичен отомански стил. Дизајнот на палатата е по западен образ и вклучува елементи од барок, рококо и неокласицизам, преплетени со традиционалното отоманско искуство и култура. Едно од најзабележителните работи во палатата се техничките услуги кои биле воведени во времето, преку гасоводното осветлување, тоалети со вода, централно затоплување и лифт. Таваните се украсени со злато. При изградбата стаклото како материјал нема голема намена, туку бил користен кристалот.
 
Постојат две монументални порти и тоа: Трезорската порта, пред која се наоѓа саат кулата и Султанска порта. Од страната на морето постои Босфорска порта. При посета на Долмабахче, дозволено е да се разгледа само неговиот административен дел или само харемот.