Злата Мегленска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 2A02:8070:B5A9:C100:D5A8:EA98:44B6:381F) и ја поврати преработката 3892925 на P.Nedelkovski
с →‎Житие: Јазична исправка, replaced: Отоманска Империја → Отоманско Царство using AWB
Ред 29:
== Житие ==
 
Според житието Света Злата Мегленска е родена и пострадала во [[Слатина (Воденско)|Слатина]], [[Мегленско]], во [[Егејска Македонија]]. Таа е ќерка на сиромашни селски родители, коишто имале уште три ќерки. Света Злата Мегленска зрачела како со духовни, така и со телесни високи квалитети. Духовните квалитети ѝ биле силната вера во [[Господ]] [[Исус Христос]], нејзината смиреност и чистото срце, а надворешно била необично убава. Така нејзината убавина дава повод нејзиниот живот да се украси со страдање на голема маченичка.
 
Нејзината ретка убавина го привлекла вниманието на [[ОтоманскаОтоманско ИмперијаЦарство|Турчин]] од нејзиното место кој страсно ја посакал и еден ден, кога таа излегла со своите другарки во [[шума]]та, Турчинот потплатил некои арамии да ја грабнат и да ја одведат во неговиот дом. Таму отпрвин се обидувал да ја натера да се потурчи, ветувајќи ѝ дека ќе ја земе за жена. Но, света Злата останала непоколеблива и на ваквите ветувања му рекла:
 
„''Јас верувам во Христа и нему му се поклонувам и само Него Го знам како мој младоженец. Од Него никогаш нема да се откажам дури и ако ме ставите на илјада маки или ако ме исечете на ситни парчиња.''”}<ref>{{cite web|title=Светата великомаченичка Злата Мегленска |url=http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1930|accessdate=6 јануари 2011}}</ref>.
 
[[Податотека:Света Злата Мегленска во Сарај.jpg|мини|лево|[[Црква „Св. Злата Мегленска“ - Сарај|Црквата „Св. Злата Мегленска“]] во [[Сарај (село)|Сарај]]]]