Кратовска книжевна школа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Отоманска Империја → Отоманско Царство using AWB
Ред 1:
[[Image:Lesnovo-Parenesis.jpg|thumb|220px|Фрагмент од Лесновскиот паренезис]]
Во рамките на '''Кратовската книжевна школа''', како книжевни центри се среќаваат македонските [[манастир]]и [[Свети Прохор Пчински|Свети Прохор Пчињски]], [[Свети Јоаким Осоговски]] и [[Свети Гаврил Лесновски]]. Во овие манастири поактивно писмената и книжевната традиција ќе започне меѓу [[12 век|XII]] и [[14 век|XIV век]], а се разбира и до [[19 век|XIX век]], зашто во овие манастири ќе се негува [[Словени|словенскиот]] збор и [[православие]]то во периодот на [[ОтоманскаОтоманско ИмперијаЦарство|турското]] владеење во [[Македонија]].
 
Како македонски дејци, припадници на оваа школа се јавуваат [[Димитар Кратовски]] кој е активен во [[15 век|XV век]] и [[Јован Кратовски]] кој својата дејност ја обавувал во [[16 век|XVI век]]. Кај препишувачите од Кратовската книжевна школа постоела јазична свест за почитување и за употреба на особеностите од [[Охридската книжевна школа]]. Тие спонтано внесувале јазични особености од северните и од источните македонски говори.<ref>Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, Скопје, 2006 година, стр. 32.</ref> Од оваа школа потекнуваат ракописите како: [[Вранешнички апостол|Вранешничкиот апостол]], [[Лесновски паренезис]], [[Струмички апостол|Струмичкиот апостол]], [[Хлудов триод|Хлудовиот триод]], [[Радомирово евангелие]], [[Карпинско евангелие|Карпинското евангелие]] и други.
 
Ракописите од [[Охридска книжевна школа|Охридската]] и од Кратовската школа се совпаѓаат едни со други според повеќе правописни и јазични особености, и ја претставуваат македонската варијанта на [[црковнословенски јазик|црковнословенскиот јазик]].