Наполеон Бонапарт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Отоманска Империја → Отоманско Царство using AWB
Ред 31:
|}}
 
'''Наполеон Бонапарт''' ({{lang-fr|Napoléon Bonaparte}}, {{роден на|15|август|1769}} - {{починал на|5|мај|1821}}) — [[Франција|француски]] император, основоположник на многу реформи на [[Француска револуција|Француската револуција]]. Тој е еден од најголемите воени генијалци во [[XIX век]]; ја освоил цела [[Западна Европа]] и [[Египет]], додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народите и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во [[1804]] година и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес.
 
== Ран живот ==
Ред 45:
Во август [[1798]] Француската флота под контрола на вицеадмиралот Франсоа Пол Бруе де Агаилие била разбиена од малата британска армада предводена од [[Хорацио Нелсон]] во битката кај Нил, кај местото [[Абу Оир Бај]] во [[Египет]]. Разбивањето го пропуштил Бонапарт, кој ја предводел експедицијата, а бил оставен во Египет. Во исто време разрушувањето на француската флота ја гарантирало поморската власт на Британците на [[Средоземното Море]].
[[Податотека:Europe map Napoleon 1811.png|мини|250п|десно|Империјата на Наполеон во 1811 година (Франција е прикажана со темносина, а земјите-сателити со светлосина боја)]]
Исто така во [[1796]], Бонапарт бил ставен за командант на француската армија во [[Италија]]. Неговата моќ и популарност во [[Франција]] го заплашиле Директориумот (тогашната [[влада]]), па затоа во [[1798]] година го упатиле во [[Египет]] каде што требало да ја попречи британската трговија со [[Индија]]. Но, оваа акција била осуетена со Нелсоновата победа кај утоката на [[Нил]]. Тој победил четири австриски генерали последователно, секој со супериорна надмоќност, и ги принудил [[Австрија]] и нејзините покраини да склучат мир. Склучил договор со [[Кампо Формио]] со услов Франција да ја задржи завладеаната територија. Во северна Италија тој ја пронашол Кизалпинската (Италијанска) Република (подоцна позната како Кралството на Италија) и си ја засилил својата позиција во Франција со праќањето на милиони франци како богатство за владата. Во [[1798]], за да ја спречи трговијата на Британците со Истокот, тој водел експедиција на [[ОтоманскаОтоманско ИмперијаЦарство|отоманскиот]] Египет, кој го освоил. Неговата флота била уништена од британскиот адмирал [[Хорацио Нелсон]], без негово присуство. Без размислување тој вовел реформи во eгипетските права и закони, укинувајќи го [[ропство]]то и [[феудализам|феудализмот]] со гаранција за основните права. Француските образовани луѓе тој ги водел со себе на почетокот на научното учење за старата египетска историја. Во [[1799]] тој не успеал да ја освои [[Сирија]], но победил во една битка над Отоманците во Абу Оир (Абукир). На Франција, во меѓувреме, и се спротивставувала нова коалиција; [[Австрија]], [[Русија]], и помалку моќната поддршка од [[Британија]].
 
=== Правилата на Наполеон во Франција ===
Ред 61:
Битката кај [[Аустерлиц]] е една од најдобрите воени судири предводена од Наполеон. Се одвивала на местото близу селото Аустерлиц (денес [[Славков кај Брно]], [[Чешка]]) на [[2 декември]] [[1805]] година, меѓу француската војска од околу 68.000 и австро-руската војска околу 90.000. Некои ја нарекуваат „битката на тројцата императори”, бидејќи Наполеон, Францис I од Австрија и Александар I од Русија биле присутни на бојното поле.
Наполеон ги победил Австријците кај [[Улм]] во октомври и ја окупирал [[Виена]], австрискиот главен град, во ноември, но дел од австриската војска останала недопрена и продолжила на север да му се придружи на рускиот сојузник кај Олмутц во [[Моравија]]. Наполеон бил предводен од идејата за брза победа, пред [[Прусија]] да може да ѝ се придружи на антифранцуската коалиција и да ги зголемат силите против него.
 
Наполеон напредувал сè до Брно во крајот на ноември и тогаш се повлекол на неколку милји, надевајќи се дека рускиот командант, принцот [[Михаил Иларионович Кутузов]], ќе се обиде да го нападне, да му ја нападне страничната линија и дека ќе му ја пресече неговата линија на повлекување кон [[Виена]]. Антифранцуските сојузници тогаш го зазеле полето Процен западно од Аустерлиц, а на [[2 декември]] Русите успеале да го нападнат десното крило на војската на Наполеон, како што и се надевал. Овој напад и уште еден од Австријците на левото крило биле одбиени. Од оваа гледна точка, Наполеон ја испратил неговата централна сила, под команда на маршалот Никола Султ, против сојузничкиот центар, кој бил слаб за да ги издржи страничните потези. По жестоката борба, Французите ја разбиле австриската и руската борбена линија и ја комплетирале маршрутата. Французите изгубиле 9.000 луѓе, а сојузниците околу 25.000. Како резултат од оваа победа тројната коалиција против Наполеон се распаднала.
Ред 72:
 
== Владеењето на Наполеон во Европа ==
[[Феудализам|Феудализмот]] и искористувањето на селаните со владеењето на Наполеон биле искоренети и била воспоставена слобода на религијата (освен во Шпанија). На секоја земја и бил дозволен [[устав]] и [[парламент]] со закон. Бил воведен француски систем на администрација и правосудство. Школите биле ставени под централна администрација, а јавните школи биле во замисла. Високото образование било отворено за сите оние кои ќе се квалификуваат, без разлика на класа или религија. Секоја држава имала академија за промовирање на науките и уметностите. Плати биле обезбедени за еминентни образовани луѓе, особено за научниците. Уставната влада останала само ветување, но се реализирал голем напредок и зголемена ефикасност.
 
Дури по падот на Наполеон, народите на Европа почнале да ги ценат бенефициите кои неговиот систем им ги овозможувал.
Ред 81:
[[Податотека:Napoleons retreat from moscow.jpg|мини|десно|150п|Наполеоновото повлекување од Москва.]]
 
Во [[1812]] година, Наполеон, чие сојузништво со Александар I пропаднало, лансирал инвазија на [[Русија]]. Напаѓачката армија располагала со околу 530.000 луѓе и 1.000 топови. Наполеоновата војска успеала да навлезе во [[Москва]], која ја напуштиле руските единици и голем дел од цивилното население. Наместо мир, напаѓачите доживеале отпор и зимското невреме сосема ги уништило. Кампањата завршила во катастрофално повлекување од [[Москва]] во 1813 година.
 
=== Првото прогонство ===
 
По повлекувањето од Русија, цела Европа се здружила против Наполеон. Иако тој брилијантно се спротивставувал, сепак, немал никакви шанси на успех.
 
[[Податотека:Abdication napoleon02.jpg|thumb|left|150px|Абдикацијата.]]
Во април [[1814]] година, неговите маршали одбиле да продолжат со отпорот. Откако сојузниците го одбиле неговото доброволно симнување од тронот во корист на неговиот син, Наполеон безусловно абдицирал и бил прогонет на медитеранскиот остров Елба. Марија Луиза и неговиот син биле ставени во притвор на нејзиниот татко, императорот на Австрија. Наполеон никогаш повеќе не ги видел.
 
=== Битката кај Ватерло ===
Ред 97:
=== Второто прогонство ===
 
По поразот кај Ватерло, во Париз, толпите го молеле да продолжи со борбата, но политичарите не му пружиле поддршка. Наполеон побегнал во Рошфор, каде му се предал на капетанот на англискиот воен брод Белерефон.
 
Наполеон ја потпишал својата втора абдикација на [[22 јуни]]; на [[28 јуни]] кралот [[Луј XVIII]] бил вратен на францускиот трон, со што завршиле т.н. [[Сто дена]]. Британските власти го прифатиле предавањето на поранешниот император на 15 јули; подоцна бил протеран на островот [[Света Елена (остров)|Света Елена]]. Толку бил голем поразот на Наполеон, што [[Ватерло]] останал како синоним за огромен пораз.
 
Тој бил прогонет на Св. Елена, изолиран остров во југот на Атлантскиот Океан, каде останал до неговата смрт на 5 мај 1821.
Ред 105:
== Причина за смрт ==
[[Податотека:Napoleon tomb bordercropped.jpg|thumb|left|250px|Гробот на Наполеон I]]
Причината за смртта на Наполеон била оспорувана во бројни прилики и контроверзноста останува до ден-денес. Франческо Анотомарки, докторот на Наполеон, како причина за смртта на Наполеон наведува [[рак (болест)|рак]] на стомакот. Во [[1955]], во дневникот на Луис Мархенд, во значајна улога се појавува собарот на Наполеон. Неговите описи за Наполеон неколку месеци пред неговата смрт, остави многу заклучоци, но најмногу забележливите Стен Форшвуд и Бен Вајдер заклучиле дека тој е убиен со труење од [[арсен]]. Арсенот во тоа време се употребувал како отров кој не се забележува. Арсенот, исто така, се употребувал во тапети, како зелен пигмент, а се употребувал и во [[медицина]]та. Во [[2001]] година Паскал Кинц, од стразбуршкиот судски институт во Франција, дал истражување за арсенската теорија со проучување на стадиумите на арсенот најдени во косата на Наполеон: тие биле 7-38 пати поголеми од нормалните.
 
Сечењето на коса во мали сегменти и анализирањето на секој сегмент поединечно доведува до тврдење за постоење на арсен во телото. Овие анализи од косата на Наполеон сугерираат на тоа дека големи, но не наеднаш дози биле консумирани во одреден интервал. Арсенот го ослабувал Наполеон и останувал во неговиот систем. Поскорашните анализи во журналот ''„Science et vie”'' покажуваат за зголемени концентрации од арсен, кои биле пронајдени во влакната на Наполеон и за кои се смета дека биле земени од 1805, 1814 и 1821 година. Главниот истражувач Иван Рикордел објавил статија дека ако арсенот е причина за смртта, Наполеон ќе умрел години порано. Арсенот во тоа време се употребувал како третман против [[сифилис]]. Овие откритија водат кон шпекулации дека можеби и Наполеон страдал од таа болест. Лекарскиот режим на Наполеон од неговите доктори бил третман со антимониум калиум титрид и доза од 600mg600 mg жива хлорид за да ги намали неговите болки во деновите пред неговата смрт. Група од истражувачи од Сан Франциско шпекулирале дека неговиот третман доведува до негова смрт со предизвикување на сериозни недостатоци на калиум.
 
Во мај [[2005]] година, тим од швајцарски лекари тврделе дека причина за смртта на Наполеон бил рак во стомакот, која е истата причина за смртта и на неговиот татко. Неколку судски извештаи тврделе дека Наполеон пред да умре тежел 76 килограми, а година порано тој тежел отприлика 91 килограм, потврдувајќи го резултатот на аутопсијата на Анто Марки. Тим од лекари од универзитетот Монт-тер-Спертоли, предводени од професор Вионди, ги потврдиле овие претпоставки. Во октомври 2005 година, се појавува ненадејно документ во Шкотска кој претставува документ за аутопсија, кој повторно го потврдува Анто Марки. Поскорашните анализи од етимологија и патологија, тврдат дека болеста на Наполеон била рак на [[желудник]]от.
Ред 118:
 
Во [[1806]] Наполеон Бонапарт, императорот на Франција ја започнува конструкцијата на Триумфалната порта како спомен за неговите победи.
Триумфалната порта е висока 50 м и широка 45 м и се наоѓа во западниот дел на Елисејските полиња, во Париз. На ѕидовите од портата се испишани имињата на Наполеоновите генерали и неговите победи.
 
Наполеон бил отмен човек, никогаш сигурен, никогаш задоволен. „Моќта е мојата господарка” велел тој. Тој знаел да биде шармантен, но посебно се ценела неговата лојалност кон својата фамилија и кон неговите постари соработници. Не дозволувал никому да му се меша во работата. Наполеон бил понекогаш тиран но секогаш со голем авторитет, и еден кој верувал во водење на власта со мандат на народот. Тој бил голем просветен монарх, голем генијалец кој ги променил француските институции и се обидел да направи реформи во сите институции во Европа. Тој се обидел на Европа да ѝ подари постојан закон. Наполеон бил голем стратешки генијалец. Во Света Елена тој рекол „Ватерло ќе ги избрише спомените од сите мои победи“. Тој не бил во право, за добро или за лошо, тој е најзапаметен како генерал, а не по неговата напредна власт, и со право е наречен Наполеон Велики.
 
== Легендата за Наполеон ==
Култот за Наполеон како „човек од судбината” започнало уште во времето на неговиот живот. Всушност тој неговиот култ го започнал за време на неговата прва италијанска кампања со систематско публицирање на неговите победи. Како прв конзул и император ги повикува најдобрите писатели, артисти и уметници да ги величаат неговите дела и придонел за градење на култот во кој самиот се претставува како најголемата слава на Франција. Тој главно ја започнал револуцијата во Франција и понудил бенефиции кон Европа. Неговата цел била да ги пронајде европските држави „федерации од слободни луѓе”. Како и да е, тој станува херој на [[Франција]] и маченик на светот. Во [[1840]] неговите останки биле вратени во Париз на барање од кралот [[Луј Филип]] и биле погребани со голема помпезност и церемонија.
 
Сепак, постојат и критички мислења во однос на Наполеон. Така, познатиот историчар [[Иполит Тен]] го сметал Наполеон само како еден тип на италијански кондотјер од времето на [[Ренесанса]]та. Според него, Наполеон бил само човек од инстинкти, кој затоа повеќе ја сакал акцијата отколку идеалот и повеќе се служел со луѓето отколку што им служел на луѓето. За Иполит Тен, Наполеон е слика на егоцентризам, суета и [[деспотизам]]; човек која газел сè пред себе со цел тој самиот да се искачи што повисоко.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 327.</ref>
Ред 162:
* [http://www.napoleon-series.org/ The Napoleon Series] {{en}}
* [http://www.msnbc.msn.com/id/23127091 Научниците докажуваат дека Наполеон не бил отруен] {{en}}
 
 
 
== Организации кои го проучуваат Наполеон ==
* [http://www.napoleonic-society.com/ The Napoleonic Society of America] {{en}}
* [http://www.napoleonicsociety.com/ International Napoleonic Society] - {{en}}
 
 
{{Француски монарси}}
 
 
{{start box}}