Мирче Ацев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Османлиска Империја → Османлиско Царство using AWB
Ред 18:
'''Мирче Ацев''' ([[Ореовец]], {{роден|20|октомври|1915}}<ref name="spomenkniga">''Беа, загинаа, останаа - спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртвите на фашизмот - Скопје.'' стр. 9</ref> – [[Скопје]] {{починал|4|јануари|1943}}) — македонски комунист, учесник во [[НОВ]]. Бил член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија]]. Бил прогласен за [[народен херој на Југославија]] на [[29 јули]] [[1945]] година,<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 49</ref> како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со [[Стеван Наумов - Стив]], [[Орце Николов]], [[Страшо Пинџур]], [[Христијан Тодоровски - Карпош]] и [[Кузман Јосифовски - Питу]]).
 
Името го добил по стрико му [[Мирче Ацев (војвода)|Мирче Ацев]], војвода од времето на [[ОсманлискаОсманлиско ИмперијаЦарство|османлиското]] владеење во [[Македонија]]. Неговата сестра [[Вера Ацева]] исто така учествувала во НОВ и била прогласена за народен херој.<ref>Народни хероји Југославије. ''Младост'', Београд 1975.</ref>
 
== Биографија ==
Ред 32:
Уште во самиот почеток на [[Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна|бугарската окупација]] се вклучил во народноослободителното движење. Неколку дена по нападот на [[фашистичка Германија]], тој и Страшо заминале за [[Кавадарци]], а потоа Мирче преминал во Прилеп. По кратко време повторно се вратил на работа во Покраинскиот комитет во Скопје. Како партиски инструктор на Покраинскиот комитет ги обиколил партиските организации во повеќе градови на Македонија.
 
Од крајот на 1941 година до пролетта 1942 Мирче Ацев престојувал во [[Битола]]. Иако во длабока илегалност, работел со организациите во [[Ресен]] и во [[Охрид]].
 
Во средби со напредни дејци и во писма, Мирче ја критикувал неактивноста на Покраинскиот комитет, што имало влијание врз промената на неговиот состав во пролетта [[1942]] година. Во јуни истата година тој станал привремен секретар на Покраинскиот комитет. Заедно со Кузман Јосифовски - Питу се залага за примена на курсот за вооружена борба и пристапува кон формирањето неколку нови партизански одреди во Македонија.
 
Заедно со [[Страшо Пинџур]] во септември [[1942]] година излегол на терен. Намерата им била да ги посетат партизанските одреди и партиските организации во Велешко и Прилепско. Сосема случајно бил уапсен на [[19 декември]] [[1942]] во Велес, заедно со Страшо Пинџур.
 
По долго физичко измачување во Обласната полициска управа во [[Скопје]] и без судски процес, по петдневно ѕверско мачење<ref>[http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce452/Tekst40.htm Македонско сонце: „Мирче Ацев, народен херој - 60 години од смртта - ПРЕД ОЛТАРОТ НА СЛОБОДАТА“]</ref>, обајцата биле убиени од бугарската полиција на [[4 јануари]] [[1943]] година (биле фрлени низ прозорец).
Ред 51:
 
{{Народни херои на Македонија}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ацев, Мирче}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ацев, Мирче}}
[[Категорија:Дејци на КПМ]]
[[Категорија:Македонски комунисти]]