Јордан Пиперката: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додавање на државата во која починала личноста во конкретната година.
с Јазична исправка, replaced: Османлиска империја → Османлиско Царство (2) using AWB
Ред 6:
| наставка=
| роден-дата= 23 јуни 1870
| роден-место={{роден во|Козица|Битолски вилает|ОсманлискаОсманлиско империјаЦарство}}
| починал-дата= {{починал на и возраст|df=yes|1903|08|10|1870|06|23}}
| починал-место= [[Цер (село)|Цер]], {{починал во|Битолски вилает|ОсманлискаОсманлиско империјаЦарство}}
}}
 
Ред 14:
 
== Рани години ==
Потекнува од сиромашно земјоделско-сточарско семејство. Семејното име му е Пиперкоски.
 
Меѓутоа, тој е познат по кратенката од неговото презиме - Пиперката. Кај народот преовладува мислењето дека оваа кратенка ја добива поради физичкиот изглед (бил црвен, но и лут).
 
Многумина го поврзуваат со лутината и црвенилото на [[Пиперка|пиперките]]. Јордан уште од раните детски денови ја почувствувал сета горчина на тешкиот селски живот.
 
Детството го минал во времето на немири и превирања во [[Македонија]]. Буен и пргав по природа, тој многу се разликувал од своите браќа. Односот на [[Отоманска империја|турските власти]] тешко го поднесувал, а омразата кон нив растела. Познавајќи ја бујноста на својот син Јордан, татко му Силјан, иако притиснат од сиромаштијата и неможноста да го школува, го однел во [[Битола]] да учи фурнаџиски занает. Во Битола, Јордан не останал долго.
 
Опфатен од мислите за тешкиот живот на своето семејство, се вратил во своето родно село. Млад и неискусен, но подготвен да му се спротивстави на непријателот, кај Јордана се јавила желба за самостојност и ајдукување. Причини за ова имало повеќе, но непосреден повод била една неочекувана пресметка со група врсници од муслиманското село [[Другово]].
 
До неа дошло во еден пазарен ден кога Јордан сам се враќал од [[Кичево]]. Иако сам, тој се спротивставил, но од групата бил претепан.
 
Длабоко навреден од постапката, по враќањето в село, решил да излезе ајдук и да им се одмазди на напаѓачите. Од неговите најблиски бил советуван да не прави така, но Јордан се одлучил да замине на печалба во [[Софија]] уште со првата група соселани - печалбари. Таму го продолжил фурнаџискиот занает.
Ред 31:
[[Податотека:Jordan Piperkarta 2.jpg|thumb|250px|десно|Војводата Јордан Пиперката (седнат долу на сликата).]]
 
Во [[Софија]], Јордан започнал нов живот. Го научил фурнаџискиот занает и финансиски зајакнал. Од заштедата ги помагал и своите во [[Козица]], но никако не можел да ги заборави тортурите над селаните. За Јордан било можност да стане ајдук. Влегол во Пиринската чета на [[Дончо Златков]].
 
Запознавајќи го подробно ајдучкиот живот и целта на изведените акции, иако неук, доволно ја презрел заблудата од бугарската владина и дворска ослободителна дејност.
 
Затоа одлучил да се врати во [[Македонија]]. Неколку години престојувал во [[Македонија]], а во [[1895]] година Јордан повторно се вратил во [[Бугарија]], каде што со [[Стојко Војвода]] и [[Кочо Љутата]] зел учество во таканареченото [[Мелничко востание]]. По повеќегодишното ајдукување низ Бугарија во [[1897]] година, Јордан Пиперката со својот соборец [[Марко Лерински]] пристигнал во [[Кичевско]]. Дознавајќи за нивното пристигнување, [[ТМОРО|Организацијата]] во Кичевско набргу воспоставила контакт со нив. Така во [[1897]] година била формирана и првата организациона чета на војводата [[Дуко Тасев]] во Кичевско.
 
Убиството на [[Муарем-бег]], во кое учествувал и Јордан Пиперката, го принудило тој да ја напушти [[Македонија]] и повторно да замине во [[Бугарија]].
 
=== Војвода ===
Бил одличен стратег, надарен од природата и вооружен со умствени дарби, иако неук, Јордан станал страв и трепет за турските власти. Во [[1901]] година бил комита во четата на [[Никола Русински]], а истата година бил наименуван за војвода на [[Демир Хисар|Демирхисарскиот реон]].
 
Дејствувал и во Крушевско и Кичевско. Турците во својата немоќ да го фатат, околу него создавале легенда дека го чуваат духови. Сите акции што ги презел Пиперката во текот на [[1902]] година многу брзо се пренесувале и се разгласувале меѓу народот. Од ден на ден растела неговата популарност. Секаде каде што имало потреба Пиперката итал на помош. Народот во него не гледал веќе ајдук, туку револуционер - борец кој секогаш бил со нив, меѓу нив да им помага, да ги одбрани од напаѓачите.
 
Со својата брза чета преку ноќта се движел од едно во друго место, минувајќи пат и по 60 километри, само да стаса каде што имало потреба.
 
===Илинденско востание ===
{{Главна|Илинденско востание}}
 
Неколку успешни битки го карактеризираат почетокот на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во [[Демирхисарско|Демирхисарскиот крај]] и во [[Кичево|Кичевско]]. Но, неповолните вести за положбата на Крушево продолжиле да пристигнуваат. Републиката вивнала во пламен. Војводата Јордан и другите тргнале кон село [[Белица]].
 
Преку месноста ''Скакало'' и каменестите врвови на село [[Големо Царско]], реонската чета дошла до месноста ''Грнчарец'', над патот Кичево - [[Битола]].
 
Оттука имале добар поглед на голем дел од реонот, а особено на патот за [[Крушево]] преку [[Цер (село)|Цер]], [[С'лп]], [[Големо Церско|Големо]] и [[Мало Церско]]. Со востаниците било избегано целото население од [[Цер (село)|Цер]]. Во селото останале само болни и немоќни старци кои биле ѕверски измачувани од турците, а селото било запалено.
 
Јордан Пиперката застанал на чело на една група и се упатил кон Цер, но биле забележан и биле нападнати. Меѓу селата [[С'лп]], [[Големо Церско|Големо]] и [[Мало Церско]] започнала борба, а асекрот започнал да стрела и со топови.
 
Четите од Грнчарец се упатиле на помош и судирот се засилил. Сите опколени успеале да се повлечат, освен тројцата загинати, меѓу кои бил и војводата Јордан Пиперката.
Ред 92:
== Надворешни врски ==
* [http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce478/Tekst40.htm Извештај од Македонско сонце]
 
 
{{Дејци на МРО}}
{{Дејци на Македонскиот комитет}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Пиперката, Јордан}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Пиперката, Јордан}}
[[Категорија:Македонски револуционери]]
[[Категорија:Дејци на ВМОРО]]