Анастас Јанков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Отоманска империја → Отоманско Царство using AWB
Ред 5:
наставка= |
роден-дата={{роден на|18|март|1857}} |
роден-место= {{роден во|Загоричане|Егејска Македонија|ОтоманскаОтоманско империјаЦарство}} (ден. [[Грција]]) |
починал-дата={{починал на|15|април|1906}}|
починал-место= {{починал во|Влахи|Бугарија}} |
Ред 17:
Бил прогонуван од отоманските власти и затворен, но успева да избeга во [[Одеса]], денешна [[Украина]]. Учествува како доброволец во српската армија во [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна (1877-1878)]] и во Српско-турската војна ([[1876]]), во којашто е награден со српски орден и е унапреден во чин пoмлад унтерофицер, по битката при Гредетин<ref>Димитър Михайлов: „Полковник Анастас Янков Храбрият македонски войвода“, в. „Трета възраст“, бр. 30, 28.7 - 3.8.10 г., стр. 10</ref>. За време на Руско-турската војна ([[1877]]-[[1878]]) е доброволец во V-та дружина на Бугарското ополчение, кога го добива чинот унтерофицер. Кај [[Шипка]] и [[Шејново]] е ранет и за пројавена храброст добива „Георгиевски крст“. Во [[1885]] г. учествува во [[Српско-бугарска војна|Српско-бугарската војна]]<ref>[http://www.kroraina.com/bugarash/macedonia/opalchenci.html Ополченци од Македониja]</ref> (на страна на Бугарите) и добива орден „За храброст“ од 4-ти степен.
 
Неколку години по формирањето на ВМК станува негов член, и во [[1902]] г. заминува за Македонија<ref>Ангел Динев: Илинденската епопея, стр. 249, том I, Софија, 1946 г.</ref>, со цел да им помогне на своите сонародници Македонци. Подоцна оди во [[Грција]] и [[Србија]], со мисија кај тамошните авторитети да добие поддршка за борбата за автономијата на Македонија.
 
Со самото негово пристигнување во Костурско, почнале несогласувањата со дејците на Внатрешната Организација, co коишто Јанков, намерно со умисла, или не, донекаде ја компромитирал Организацијата пред отоманските власти. Неговата преголема доверба и наклонетост кон [[Гркомани|гркоманот]] [[Коте Христов]] од село [[Руља]] исто така ѝ наштетиле на Организацијата. <ref>Полковник Анастас Янков: „[http://www.sitebulgarizaedno.com/index.php?option=com_content&view=article&id=395:2012-03-20-15-20-48&catid=29:2010-04-24-09-14-13&Itemid=61/ Моите възспоменания по македоно-одринския въпрос]“, „От София до Костур“, Синева, София, 2003</ref><ref>Пандо Кљашев, „Спомени“: Полковник Јанков во Костурско сака да крева востание - [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk15.html (1)], [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk16.html (2)], [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk17.html (3)]</ref>
 
Сепак, треба да се истакне и да се запамети неговиот значаен придонес кон афирмирањето на [[Македонски извори за македонскиот идентитет|македонското национално дело]]. Поради неговата агитација дека Македонците се посебна нација, или можат да формираат таква, врз основа на историските собитија, балканската јавност станувала сè посвесна за националната посебност на Македонците. Повиците и прогласите до Македонците, пак, каде што тој вели дека тие треба пред сè самите да се изборат за својата слобода и национална независност, несомнено придонесле за зацврстување на македонската национална свест кај самиот македонски народ. Освен тоа, Јанков секаде го истакнува континуитетот во поглед на македонската етничка припадност и потекло на Македонците.
 
[[Податотека:Povik do Makedoncite Anastas Jankov 1902.jpg|лево|350п|мини|Повик до Македонците од Анастас Јанков]]
Кога во [[1902]] година отиде со голема чета во [[Костур (град)|Костур]]ско за да крева „[[востание]]” и издава проглас во кој меѓу другото се вели: - ''„Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот [[Александар Македонски]]; сетете се за храбриот цар [[Самоил]], македонскиот великан, за прекрасниот [[Марко Крале]], општословенската слава, дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. '''Да се покажеме достојни нивни потомци''': да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века.”''<ref>''Рaд македонских комитета," Браник, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2''</ref><ref>„Повик кон Македонците“, потпишан од полковник А. Јанков и 28 внатрешни револуциони раководители (в. „Реформи“, стр. 30-31, 14.09.1902 г.)</ref>
 
Во весникот “Штампа” на 01.12.1903, тој изјавува:
:– „''Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија ѝ посакувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци… Ние Македонците сме кадарни да кренеме востание во Македонија за да ги увериме Големите сили што го потпишаа Берлинскиот договор дека тие треба да го исполнат она што им го ветија на христијаните во европска Турција, но не сме кадарни сами да го направиме тоа… Особено мораме да побрзаме за да го направиме тоа пред да се спогодат Србија и Бугарија за Македонија. Таа спогодба, според мене, би била кобна за Македонците, бидејќи Бугарија и Србија, откако ќе се спогодат за нашата татковина, ќе ја поделат Македонија и тие делови ќе си ги присоединат кон своите држави''."<ref>в. “Штампа”, 01.12.1903 г.</ref>
 
[[Крсте Мисирков]] во „[[За македонцките работи]]“ вели:
Ред 36:
Полковник Анастас Јанков е женет за Марија Атанасова Попгеоргиева Футекова, сестра на бугарската револуционерка [[Рајна Кнегиња]]. Негов син е мајорот [[Коста Јанков]] (1888–1925, зет за ќерка на социјалистот [[Димитар Благоев]] и деец на [[Бугарска комунистичка партија|Бугарската комунистичка партија]]), кој бил убиен во полициска хајка по терористички напад спроведен од неговата партија врз бугарскиот цар и армискиот врв.<ref>[http://www.kultura.bg/media/my_html/2344/razum.htm „Разумът няма цветове“, Филип Панајотов, в. „Култура“, бр. 42, 5 ноември 2004 година]</ref><ref>Енциклопедия България, том 7, Академично издателство Проф. „Марин Дринов“, Софија, 1996 г.</ref>
 
Полковник Jaнков загинува во битка со турска војска, во април [[1906]] година, на пат за Бугарија, при месноста Полјана кај селото [[Влахи]] во [[Пиринска Македонија]].
 
== Наводи ==
{{reflist}}
 
{{Дејци на Македонскиот комитет}}
 
[[Категорија:Дејци на ВМОК]]
[[Категорија:Бугарски офицери од Македонија]]
 
 
{{Дејци на Македонскиот комитет}}