Коста Шахов: Разлика помеѓу преработките

Одземени 97 бајти ,  пред 2 години
с
Јазична исправка, replaced: Отоманска Империја → Отоманско Царство using AWB
с (Јазична исправка, replaced: Отоманска Империја → Отоманско Царство using AWB)
| родено-име =
| роден-дата = {{роден на|14|април|1862}}
| роден-место = [[Охрид]], {{роден во|Македонија|ОтоманскаОтоманско ИмперијаЦарство}}
| починал-дата = {{починал на|15|август|1917}}
| починал-место = {{починал во|Софија|Бугарија}}
== Биографија ==
 
Коста Шахов е роден на 6 јули 1862 година во градот [[Охрид]]. Дипломирал правни науки при [[Софиски универзитет|Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“]] во [[Бугарија]]. Најпрво работел во Русенскиот окружен совет и во Русенската околиска управа, а потоа бил назначен за службеник при Русенскиот судски истражител и Апелациониот суд во [[Русе]].<ref><small>'' [http://macedonia-history.blogspot.com/2010/10/kosta-shahov-edno-osvetlenie-po-nashite.html Шахов, Коста. Едно осветление по нашите работи, в: От София до Костур. Спомени, ИК Синева, София, 2003, стр.38-68.]''</small></ref>
 
== Дејноста меѓу македонската емигарција ==
 
Коста Шахов на 21 октомври 1888 година во [[Русе]], [[Бугарија]] започнал со издавање на ''[[Македонија (1888-1912)|весникот Македонија]]''. Првите 25 броја излегле во Русе, потоа дошло до привремено стопирање, а од 14 јуни 1889 година весникот почнал да излегува во [[Софија]] сè до 1893 година.<ref name="ht"> <small> ''П. Константин, Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979''</small> </ref> Во првиот број на весникот било истакното дека:
{{Цитат|''ние Македонците ... не смееме да си ја заборавиме татковината и должни сме да работиме за подобрување на нејзината положба, бидејќи како народ ќе бидеме одговорни пред нашето поколение... задача на весникот Македонија е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците''<ref><small>''Документи за борба на македонскиот народ, т.1''</small></ref>}}
Низ своите страници весникот разгледувал и политички прашања, во смисла дека треба да дојде до организирање и обединување на македонските друштва во Бугарија и тоа во интерес на Македонија.<ref name="ht"/> Се повикувале македонските друштва да се обединат на чело со еден Комитет, кој требало да ја кординира ниваната акција и да преземе дејности, најпрво по мирен дипломаски начин, а пота и да се преземат револуционерни средства.<ref name="ht"/>
== Учество во македонското националноослободително движење ==
[[Податотека:Коста Шахов.jpg|мини|десно|150п|Портрет на Коста Шахов]]
Коста Шахов бил посебно заслужен за формирањето на ''МСД'' ([[Македонско студенско друштво]]).<ref><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов''</small></ref> Негови позначајни членови биле [[Дамјан Груев]], [[Петар Поп Арсов]], [[Христо Поп Коцев]] и други. Целта на асоцијацијата меѓу другото било ослободување на Македонија и борба против пропагандите. Оваа асоцијација била самораспуштена во 1891 година. Но веќе по неколку месеци Коста Шахов се нашол меѓу основачите на ''Младата Македонска Книжевна Дружина'' и станал член на [[Лозарското движење]], притоа ''ММКД'' започнала да издава и едно списание [[Лоза (весник)]], а Шахов учествувал во неговата подготовка.
 
Во јули 1893 година Шахов имал средба со [[Иван Хаџи Николов]] кој дошол од [[Солун]] и побарал да му биде препорачано авторитетно лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов како таков го посочил [[Гоце Делчев]] коj тогаш учел во вoеното училиште во [[Софија]]. Иван Х. Николов тогаш на Коста Шахов и на Делчев им посочил дека:
{{Цитат|''1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србија и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да излезе ништо. При тоа таа треба да биде тајна 2. Основачите да се Македонци, чесни, да имаат добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат и тие изложени на истата опасност на каква што ќе бидат изложени нивните следбеници, со што полесно ќе ја спечалат и довербата на населението 3. Паролата треба да биде автономијата на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот договор, за да се надеваме на успех. Да постигнеме автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турците туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на автономна Македонија, Србија и Грците не ќе можат да бараат делови од неа, додека ако посакаме и тие делови од неа. Нашата задача треба да биде да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане само преку автономна Македонија 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна, да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади 5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална и материјална поддршка, без при тоа да ни се мешаат во работата.''<ref> <small> ''Спомени на И. Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Грџиков, д-р Х. Татарчев (редакција на Иван Катарџиев), Скопје, 1995, 76-77, Х. А. Полјански, Гоце Делчев... т.1, 110'' </small>.</ref>}}
По четиричасовниот разговор К. Шахов и Г. Делчев го прифатиле планот.
Коста Шахов се залагал за решавање на ''Mакедонското прашање'' преку создавање на македонска самостојна држава, а тоа го дознаваме од извештајот на Кузман Дамјановиќ од 4.03.1899 година. Дамјановиќ се наоѓал во хотелот „Батемберк“ во Софија и притоа таму се нашле и некој од дејците на ''МК'', Коста Шахов, [[Андреј Љапчев]] и други, при што дошло до дискусија во која било истакнато дека:
{{Цитат|''Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија? Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде... Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме... кон неа да се присоединат други провинции. Нас иинтелигенцијата, не школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари... Но, никој од нас не ќе постане слуга на ниту една по никоја цена, туку веднаш ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме... Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија - бугарска. Ние за тоа имаме шанса... во Бугарија на највисоки места денес се Македонци... без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска... веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна... македонија ќе биде држава - републикансака, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така што биде силна држава''<ref><small>''А.М.ф. ПО. мф. 451, пов. бр. 150/99, Софија, 4.03.1899.''</small></ref>}}
 
Во весникот "Македонија" (број 4, Русе, 11. ХI.1888 година), во непотпишаниот уводник, секако од перото на самиот редактор - тогаш 26-годишниот Шахов, се повлекува мислата дека на пример: