Разлика помеѓу преработките на „Македонија и Берлинскиот конгрес“

с
Правописна исправка, replaced: Османлиската империја → Османлиското Царство using AWB
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
с (Правописна исправка, replaced: Османлиската империја → Османлиското Царство using AWB)
Меѓутоа, овој договор не им одговарал, ниту на Бугарија, ниту на Грција. Солунскиот грчки митрополит ги известил турските власти за одењето на Вулгарис на Пирин. При враќањето војводата бил уапсен, заедно со другите членови на делегацијата. Бугарската влада, пак, го повикала Дијамандиев во Софија и го подложила на посебна полициска истрага. Притоа, владата ги затворила границите за востаничките сили на Пирин, а нешто слично сторила и Атина: дала наредба да се повлечат четите стационирани на Олимп. На тој начин четничкото движење во Македонија пак било разбиено.
 
Повеќе од сигурно е дека конституирањето на Македонија како автономна, па дури и во рамките на ОсманлискатаОсманлиското империјаЦарство, го поттикнува развојот на македонската национална мисла. Автономна Македонија - тоа значи победа на чувството кај Македонците за припадност на поширока општочовечка и територијална заедница, независно од другите политичко-административни единици на Балканот. „Изведувајќи реален однос на судбинска поврзаност на македонскиот народ и другите народности во Македонија, во идејата за автономна Македонија е содржана и нивната потреба од интегрираност, врз основа на се повеќе присутни и сфатени заеднички општествени, политички, економски и национални интереси. Врз оваа основа, во различни етапи на отпорот и заедништвото и врз овие сознанија, се развива идејата за заедничка борба на македонскиот народ и другите народности“, ќе заклучи проф. Александар Христов.
 
Во процесот на интегрирање на населението во Македонија, идејата за автономија ќе биде присутна како конститутивен елемент. Сето ова ќе влијае вооружената борба на македонскиот народ да се поврзува со изградбата на таков облик на политичка организација, која ќе... „гарантира изградба на посебна политичка структура на власт и односи“. А тоа води кон единствениот заклучок: идејата за автономија на Македонија ја содржи во себе и мислата за македонскиот народ како посебен народ, со свои, посебни национални, политички, економски и културни интереси, различни и одделни од оние на другите балкански народи. Тоа, пак, значи дека колку што повеќе се утврдувала идејата за автономна Македонија, во свеста и во политичките барања се повеќе се разграничувала Македонија од другите народи и држави, од соседите, исто така.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Отоманска Македонија]]