Либан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Наполеон Бонапарта → Наполеон Бонапарт using AWB
с →‎Отомански Либан: Правописна исправка, replaced: Османлиската Империја → Османлиското Царство using AWB
Ред 91:
=== Маронити, Друзи и Крстоносци===
=== Отомански Либан===
[[ОсманлискатаОсманлиското ИмперијаЦарство]] со територијата каде денеска се наоѓа Либан управувала во периодот од [[16 век]] до крајот на [[Првата светска војна]] во [[1918]] година. Територијата била освоена од султанот [[Селим I]] (1516-1520) заедно со денешна [[Сирија]] и управувањето на земјата била дадена на либанскиот емир [[Факр ад-Дин I]] (1516–44) како полуавтономен статус. Во следниот период земјата била управувана од [[Фамилија Маани|династијата на Мааните]] како голема феудална фамилија и членови религиозната секта [[Друзи]] и [[Фамилија Шехаб|фамилијата Шехаб]] како сунитски муслимани конвентирани во [[христијанство]]. Оваа племе својата улога во империјата ја добило по победата на [[Селим I]] над [[Мамелуци]]те и дозволата на османлиските власти да организираат своја војска. Својот врв земјата го достигнала во времето на [[Факр ад-Дин II]] (1572-1635) кој имал аспирација кон целосна независност од [[Истанбул]]. Како дел од неговата политика за зајакнување на трговијата и политичките односи со [[Тоскана]] тој склучил таен договор со токсанскиот војвода за заедничко дејство против [[Османлии]]те. Кога дознале за ова, османлиските власти го испратиле управителот на [[Дамаск]] да се справи со проблемот. Согледувајќи дека нема голема можност, Факр ад-Дин II заминал во егзил кај токсанскиот војвода во 1613 година, а по пет години се вратил во Либан кога за нов управител на Дамаск бил поставен неговиот пријател Мухамед Паша. По враќањето започнал со модернизација на својата армија, како и воспоставување на дипломатски односи со [[Фиренца]] и [[Токсана]]. Во земјата биле донесени неколку италијански архитекти, инженери за наводнување и земјоделски експерти. По ова започнал и градење на стратешки тврдини стекнувајќи контрола над [[Палестина]]. Конечно, султанот [[Мурат IV]] му наредил на [[Ќучук Ахмед Паша]] за напад на либанскиот владетел каде либанскиот владетел бил поразен и погубен во [[Истанбул]] во [[1635]] година. По неговата смрт тој бил наследен од неговиот внук Мулхим кој владеел до [[1658]] година. Неговите синови започнале борба против други османлиски емири кои ги подржувале на османлиските власти. Во 1660 година била основана нова провинција Сидон како обид да се наметне власта. Во [[1662]] година бил убиен еден од синовите а другиот син Ахмед успеал да ги порази другите членови од сектата [[Друзи]] и да се наметне повторно како владетел. По неговата природна смрт, неговата династија згаснала бидејќи тој немал син. Власта преминала во рацете на фамилијата Шехаб по женска линија.
 
Најистакнат меѓу управителите од оваа фамилијата Шехаб бил [[Башир II]] кој бил преобратен во христијанство од сунитскиот ислам и бил првиот маронитски емир. Неговата способност била тестирана кога градот [[Акра]] кој бил под османлиска власт бил ставен под опсада од [[Наполеон Бонапарт]] во [[1799]] година. Кога управителот на градот го повикал за помош, тој сакал да остане неутрален, а по повлекувањето на Наполеон кон [[Египет]] Башир започнал план за независност во сојуз со [[Мухамед Али Паша]], управителот на Египет. Со помош на неговиот син Ибрахим Паша го опседнал градот [[Акра]] и го зазел во 1832 година. Истата година со египетска помош бил освоен и [[Дамаск]]. Во 1840 година бил потпишан Лондонскиот договор според кој на египетскиот владетел му било наредено да се повлече од овие простори а кога тој го отфрлил ова барање, османлиските и британските војници започнале војна против нив. По прифаќањето на условите на египетскиот управител, Башир II се предал на британските сили и заминал во егзил, а на негово место застанал [[Башир III]] кој бил соборен од султанот и во 1842 година, додека за нов управител бил назначен Омер Паша. Овој настан го означил крајот на владеењето на фамилијата Шехаб. Подоцна, членовите на оваа фамилија станале претседатели или премиери на Либан.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Либан