Историја на Египет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Османлиската империја → Османлиското Царство using AWB
Ред 3:
== Праисторија ==
 
[[Стар Египет| Египет]] претставува многувековна [[држава]], која се наоѓала во [[североисточна Африка]], по долниот тек на [[река]]та [[Нил]]. Се смета дека во [[Египет]] имало населување на човекот дури пред 250 000 години. Во текот на [[4000 година п.н.е.]] од многу мали територијални единици – [[номи]], биле создадени две големи империи - [[Горен Египет|Горен]] и [[Долен Египет]] со главни градови [[Ераконопол]] и [[Буто]]. Успехот за создавањето и обединувањето на државата се припишува на управникот на [[Горен Египет]] - [[Менес]]. Во времето на неговото владеење ([[3100 п.н.е.]]), главен град станал [[Мемфис]], кој се наоѓал во јужниот дел на [[река|реката]]та [[Нил]]. Првите споменици, кои се напишани со египетски [[хиероглифи]] се однесуваат кон крајот на четвртото и почетокот на третото ијладалетие п.н.е.
 
== Антички Египет ==
 
Во периодот помеѓу 28 век п.н.е. - 23 век п. н. е. се формирала т.н. древно-египетската цивилизација. Единството на древниот Египет се однесувало во господарството на [[фараон|фараонот]]от кој имал неограничена власт низ целата држава. [[Фараон|Фараонот]]от бил глава на митот кон сите богови во древниот Египет при што и самиот тој бил сметан за [[бог]]. Тоа тврдење најмногу доаѓа до израз при градењето на [[Пирамиди во Гиза|пирамидите]] за кои се смета дека всушност биле гробници на [[фараон|фараоните]]ите како [[Џосер]], [[Снофер]], [[Кеопс]] (Хуфу), [[Кефрен]] (Хафра) и [[Микерин]] (Менкаур). Исто така многу нараснал и култот кон богот на сонцето [[Амон Ра]], а фараоните се нарекувале дека се негови синови.
 
Во текот на 23-21 век древниот Египет се распаднал на множество номови (деловни единици). Новото државно обединување на древниот Египет започнало со нараснувањето на силите на номарсите на [[Хераклеопол]] (во Среден Египет). Тиванскиот [[фараон]] [[Ментухотеп I]] станал владетел на обединетиот Египет. Во текот на 21-18 век за покровител на [[фараон|фараоните]]ите бил објавен богот Амон. [[Аменемхет I]] ја преместил престолнината од [[Тива]] во [[Итауи]] и по само неколку години повторно се распаднал обединетиот Египет. Во текот на 18-16 век Древниот Египет бил заземен од страна на азиските [[Хиксоси]], кои со презимањето на власта на Долен Египет си создале свој град со име [[Аварис]] и кој всушност станал и главен град во источниот дел на делтата на реката Нил. Ослободувањето на земјата му успева на [[Јахмос I]]. Во време на владеењето на [[Аменхотеп III]], древниот Египет го достигнал своето величество. Од провинциите во [[Азија]], древниот Египет добивал како даноци [[мед]], [[олово]], [[сребро]], животни, [[вино]], [[слонова коска]] и слично. Од државата Пунт пак, каде царицата Хатшепсут испраќала експедиција, во древниот Египет пристига исто така голема „помош“. Овде бил воздигнат и новиот сончев бог Атон, каде поради негова чест била основана нова престолнина - Ахетатон. По смртта на Ехнатон, престолнината била вратена во [[Тива]] во 1335 година п.н.е.
 
Кон 1290 г. п.н.е., [[фараон|фараонот]]от [[Рамзес II]] повторно ја зајакнал моќта на Египет. Водел големи борби со Хетите и нивните сириски сојузници. Главен град во времето на владеење на овој фараон станува [[Пер-Рамзес]]. Во 945 година п.н.е либискиот военоначалник Шешонк I се прогласил за [[фараон]], а за своја престолнина го избрал градот [[Бубастис]] во делтата на [[Нил]]. Тој го презел [[Ерусалим]] и го ограбил. Во 671 г. п.н.е. асирската војска на Асархаддон го презема и го ограбува [[Мемфис]].
Во 667 г. и 663 г. п. н. е. Асирците ја преземаат [[Тива]]. [[Псаметих I]] успева повторно да го обедини Египет. Во времето на [[Нехо II]], син на [[Псаметих I]], бил направен канал, кој го поврзувал [[Нил]] со [[Црвено Море|Црвеното Море]]. Во текот на 332 г. п.н.е. во Египет навлегла војската на [[Александар Македонски]] и државата станала дел од неговата империја. По распадот на неговата империја, Египет попаднал под власт на [[Птоломеј I Сотир|Птоломеј Лаг]] — основачот на македонската династија на ''Птоломеите Лагиди'' (305-30 г. п.н.е.). Главен град станал [[Александрија]].
 
Ред 26:
== Персиско владеење ==
 
Персиското освојување на Египет се случило во [[618]] година. Иако императорот [[Ираклиј]] успеал да ги прогони Персијците во [[629]] година, сепак следниот напад не бил доволен да се зачува земјата. Во периодот од [[623]]-[[642]] година, Египет бил освоен од страна на [[Арапи|Арапите]]те, кои го донеле [[ислам|исламот]]от и [[арапски јазик|арапскиот јазик]]. Со земјата во почетокот владееле намесниците на калифите. Во текот на [[9 век]], силата на [[Абасиди|Адасидите]] од [[Багдат]] ослабнала, па земјата била раководена од страна на [[династија Тулунида]] ([[868]]—[[905]]) и [[династија Ихшидида]] ([[935]]—[[969]]). Во [[969]] година Египет бил освоен од страна на [[Фатимиди|династијата на Фатимидите]], кои биле [[шиити]]. Градот [[Каиро]] станал пресолнина на нивната земја во [[973]] година. Во [[1099]] година, во текот на [[прва крстоносна војна|првата крстоносна војна]] паднал градот [[Ерусалим]] во рацете на христијаните. Владетелот на фатимидите, [[Саладин]], во [[1168]] година ги започнал своите војни против крстоносците. Не само што постигнал големи успеси против христијанската војска, туку Саладин го симнал од власт на последниот фатимидски владетел, повторно го воведел сунитскиот ислам и се прогласил за султан во [[1175]] година. Во следните векови, Египет бил на неколку пати напаѓан од страна на крстоносците, но безуспешно. Во [[1250]] година власта преминала во рацете на [[Мамлуци|Мамлуците]]те, кои во [[1277]] година ја зазеле [[Арка]] истерувајќи ги крстоносците од [[Света Земја|Светата Земја]].
 
== Османлиско и британско владеење ==
 
Египет под власта на [[Османлиска империја|ОсманлискатаОсманлиското империјаЦарство]] се нашол во [[1517]] година, во времето на [[Селим II]]. Значењето на Египет за Отоманците било економско и стратешко.<ref name="Abu-Lughod, Janet L. 1991. PP. 243">Abu-Lughod, Janet L. ''Before European Hegemony The World System A.D. 1250-1350''. New York: Oxford UP, USA, 1991. PP. 243</ref> <ref name="Abu-Lughod, Janet L. 1991. PP. 243"/> Приходите од порезот на земјата, царината за морските и речните патишта биле користени за финансирање на војската. Градот [[Каиро]] станал голем центар во рамките на империјата. Во текот на [[18 век]], Египет започнал со своите акции за добивање на [[автономија]]. Во [[1798]] година земјата била заземена од страна на [[Наполеопн Бонапарта]]. Сепак, Французите се повлекле во [[1801]] година. Во [[1854]] година [[Франција]] добила концесија за изградба на [[Суецки канал|Суецкиот канал]], отворен во [[1869]] година. Поради големите трошоци, египетскиот [[кедив]] бил принуден каналот да го продаде на [[Обединетото Кралство]]. Поради големото незадоволство, во [[1879]] година на чело со [[Ахмед Ураби]], било формирано првото национално движење. Во [[1882]] година тој станал претседатењл на владата. Плашејќи се од губењето на контролата на каналот, [[Франција]] и [[Обединетото Кралство]] извршиле воена интервенција врз египетската војска.
 
По [[Прва светска војна|Првата светска војна]], Османлиите конечно биле поразени и Британија добила голема контрола над земјата. По војната продолжиле конфликти за независност на земјата, која ја добила во 1922 година на чие чело застанал кралот [[Фуада II]]. Во [[1936]] година бил постигнат договор помеѓу Британија и Египет според кој британските трупи го контролирале само Суецкиот канал во земјата.
Ред 41:
{{наводи}}
 
{{DEFAULTSORT:Египет, историја на}}
{{Африка по тема|Историја на}}
 
{{DEFAULTSORT:Египет, историја на}}
[[Категорија:Историја на Египет| ]]