Симеон Георгиев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12293752
с →‎Биографија: Правописна исправка, replaced: Османлиската империја → Османлиското Царство using AWB
Ред 13:
 
== Биографија ==
Роден е во кочанското село [[Пресека]], тогаш во [[ОсманлискатаОсманлиското империјаЦарство]], денес во Република Македонија. Влегува во [[ВМОРО]] во 1897 година. Во 1903 година е четник при [[Христо Чернопеев]]. Во 1904-1905 година е во четата на [[Крсто Б'лгаријата]]. По 1907 година до 1912 е самостоен војвода во Кочанско, во која секретар за некое време е [[Тодор Александров]]. На 1 февруари 1910 е направен неуспешен обид за негово убиство во [[Пресека]].
 
При избувнувањето на [[Првата балканска војна]] во 1912 година е војвода на Кочанската партизанска чета № 35 при [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]], подоцна е на чело на Кочанската чета, служи во 13-та Кукушка дружина, во штабот на 3-та бригада на МОО, а во [[Втората балканска воjна]] е во Здружената партизанска чета. Награден е со орден за храброст, IV степен. По војната продолжува да дејствува во Кочанско со својата чета. Четник кај него е Јордан Мишов.