Призренска лига: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство using AWB
с Правописна исправка, replaced: Османлиската Империја → Османлиското Царство (3), Османлиската империја → Османлиското Царств using AWB
Ред 1:
'''Призренска Лига''' — албанска политичка организација основана на 10 јуни 1878 год. во [[Призрен]], во [[Косовскиот вилает]] во [[Отоманска Империја|Отоманското Царство]]. Чувствувајќи ја заслабената позиција на ОсманлискатаОсманлиското ИмперијаЦарство, Лигата започнала програма за реформирање на пет политички делови: одбрана на земјите населени со [[Албанци]] од интересите на [[Србија]], [[Црна Гора]] и [[Грција]]; создавање единствена провинција во Империјата која би се состоела од вилаетите [[Косовски вилает|Косово]], [[Манастирски вилает|Манастир]], [[Јанински вилает|Јанина]] и [[Скадарски вилает|Скадар]]; формирање воена служба на територијата на [[Албанија]]; создавање училишта за развој на националното образование; контрола на финансии. Видни фигури кои учествувале во работата на Лигата биле: [[Сами Фрашери]], [[Пашко Васа]], [[Абдул Фрашери]] како и 80-тина други делегати меѓу кои имало и племенски старешини и свештеници.
 
== Причини за формирање на Призренската лига ==
Ред 9:
== Ставот на Лигата кон одлуките на Берлинскиот конгрес ==
 
На Берлинскиот конгрес (13.07.1878 - 13.08.1878 г.) учествувале шестте големи сили на Европа. Албанскиот народ немал свои претставници кои би ги изнеле неговите ставови. По еден месец интензивни преговори, на 13 јули 1878 г. бил потпишан Берлинскиот договор. Со него, пределите населени со македонско и албанско население кои со [[Санстефанскиот договор]] биле дадени на Бугарија останале под Османлиска власт. На Србија и биле дадени: [[Пирот]], [[Врање]] и [[Ниш]], на Црна Гора: [[Бар (Црна Гора)|Бар]], [[Плав]], [[Подгорица]], [[Гусиње]], [[Ругово]] и [[Колашин]]. На конгресот било решено и прашањето за [[Грција]], која не учествувала во војната против ОсманлискатаОсманлиското империјаЦарство. Било решено за гранична линија меѓу неа и Османлиската држава да биде реката [[Каламис]] во [[Долна Албанија]], со што на Грција и биле дадени области во [[Чемерија]]. Албанците не биле задоволни од решенијата на Берлинскиот конгрес и затоа решиле да се спротистават на нив и да им покажат на големите сили дека албанскиот народ постои и е подготвен да се жртвува за своите права. Тоа Албанците го покажале во борбите за [[Плав]] и [[Гусиње]] кои требало да и припаднат на Црна Гора. Во август 1878 г. Големата Порта го испратила на [[Косово]] [[Мехмет Али Паша]] да ги убеди Албанците да не се противат на решенијата од Берлинскиот Конгрес. Најголемо спротиставување имало во [[Ѓаковица]] каде силите на Лигата го опседнале и го нападнале градот, и го убиле Мехмет Али Паша. По овој неочекуван настан Големата Порта прашањето за Плав и Гусиње го оставила за подоцна. Црногорскиот крал интервенирал кај Големите сили Високата Порта да ги повлече своите војски од [[Подгорица]], [[Шпуза]] и [[Жабљак]]. Призренската лига не се спротиставивал на давањето на овие области на Црна Гора, бидејќи биле со словенско население, а решила да ги брани Гусиње и Плав бидејќи биле со албанско население. Меѓу црногорските војски и силите на Лигата се воделе жестоки борби во кои Црногорците биле поразени. Со помош на Големите сили било решено на Црна Гора, наместо Плав и Гусиње, да и се дадат други албански области: [[Хот]] и [[Груда]]. Ваквото решение предизвикало незадоволство кај Албанците и во април [[1880]] г. повторо дошло до војна во која Црногорците одново биле поразени и принудени да се повлечат. Прашањето за [[Улцињ]] и албанските победи ги принудиле Големите сили да се состанат во Берлин на 26 јуни 1880 г. каде решиле наместо Хот и Груда на Црна Гора да и се даде Улцињ. Оваа одлука ја принудила албанската Лига да свика собрание во [[Ѓирокастро]] (26 јули 1880 г.) и во [[Дебар]] (20 октомври 1880 г.), на кои покрај дискусија за статусот на Албанија во однос на ОсманлискатаОсманлиското ИмперијаЦарство се разговарало и за одбрана на земјата. Високата Порта се обидувала да ги убеди Албанците да го предадат Улцињ, но неуспешно. Големите сили соочени со нова ситуација решиле воено да интервенираат со испраќање на поморска флота пред Улцињ. Тие од Албанија побарале да го предаде градот. На 26 ноември 1880 г. османлиски сили го освоиле градот и го предале на Црногорците. Губењето на Улцињ предизвикало големо незадоволство кај Албанците.
 
== Привремената влада на Лигата и нејзиното распаѓање (1881 г.) ==
 
По предавањето на Улцињ на Црна Гора, Високата Порта почнала да се подготвува да ја ликвидира Призренската Лига. Албанците кои барале [[автономија]] [[Султан]]от ги прогласил за најопасни непријатели на ОсманлискатаОсманлиското ИмперијаЦарство. Во декември 1880 г. на Косово започнале албански вооружени напади против османлиската администрација. Во вака влошена состојба, албанските патриоти сметале дека е дојдено време да се реализира програмата за автономна Албанија. Во почетокот на 1881. г. тие организирале вонреден собир на Лигата во Призрен на кој учествувале само оние кои ја подржувале програмата за автономија. Собирот решил да ги раздолжи од своите органи оние кои не ја подржувале автономијата. По прочистувањето на своите редови Лигата прогласила Привремена влада на чело со [[Имер Призрени]] - претседател, а за потпретседател бил избран [[Шаип Спахиу]]. По формирањето на Привремената влада, биле формирани и редовни воени сили како и нова администрација во ослободените краишта. Воените сили биле под команда на [[Сулејман Вокши]]. Во јануари 1881 г. силите воспоставиле контрола на Косово и на одделни региони од северозападниот дел на Македонија. Но, во април 1881 г. османлиските војски ги разбиле војските на привремената влада и извршиле невиден терор на Косово и во цела Албанија. Илјадници Албанци биле уапсени и казнети со тешка робија, меѓу нив и [[Абдул Фрашери]], член на Привремената влада. Призренската Лига била прва национална организација на Албанците која со своите разграноци била распространета во сите албански области и била оставена во служба на националното движење. Со својата херојска борба таа ги одбранила од распарчување албанските области на север и на југ од земјата, а со формирањето на Привремената влада таа ги поставила темелите на идната Албанска држава.
 
== Користена литература ==