Старогрчка митологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с зборовна замена, replaced: Oxford University Press → Oxford University Press using AWB
с →‎Археолошки извори: Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство using AWB
Ред 37:
[[Хајнрих Шлиман]] решил да се посвети целосно кон откривањето на [[Троја]], верувајќи дека [[Илијада]] на [[Хомер]] не е само мит. Во тоа време, историчарите и археолозите тврдиле дека Троја не постои, а дел од нив се сомневале дури и во [[Хомер]] и неговата Илијада. Во [[1873]] година, тој на бреговите во [[Мала Азија]] открил голем комплекс, во [[1876]] година открил големи гробници во [[Микена]]. Шлиман сметал дека предметите не датираат од времето на Тројанската војна, туку од многу порано. Последните спроведени анализи докажале дека раскопувањата на Шлиман на вториот и третиот слој од градот не припаѓаат на времето од [[Тројанска војна|Тројанската војна]], туку предметите припаѓале на некој цар кој живеел илјада години пред [[Пријам]]. Така било докажано дека [[Троја]] не била откриена.
 
Делото на Шлиман делумно било продолжено од страна на англискиот професор [[Артур Еванс]] кој во периодот од [[1900]] до [[1913]] година го открил замокот [[Кносос]] на островот [[Крит]]. Еванс ја проучувал [[Микена]], и претпоставувал дека микенската култура води потекло од [[Крит]]. По ослободувањето на островот од страна на [[ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство]], Еванс започнал со ископувања.
 
Геометриските дела од [[керамика]], кои биле актуелни во [[VIII век п.н.е.]] дале неколку сцени од тројанскиот циклус, како и авантурите на [[Херкул]].<ref name="Br">{{cite encyclopedia|title=Greek Mythology|encyclopedia=[[Encyclopaedia Britannica]]|year=2002}}</ref> Овие визуелни претстави на старогрчките митови се важни од две причини. Првата причина е тоа што многу старогрчки митови биле прикажани на керамички вазни, порано отколку во книжевен вид. Од дванаесетте подвизи на Херкул, само "[[Кербер]]" се случува во книжевен вид<ref name="HomerIliad366-369">Homer, ''Iliad'', 8. An epic poem about the Battle of Troy. [http://archive.is/20120526194909/http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin//ptext?doc=Perseus:text:1999.01.0134&layout=&loc=8.366 366–369]</ref> Освен тоа, голем број на такви визуелни извори не биле прикажани никогаш во книжевен вид. Во архаичниот (околу 750- 500 п.н.е.), класичниот (480 -323 н.е.), и хеленскиот период (323-146 п.н.е.) започнал процесот на почесто книжевно претставување на сцените од старогрчката митологија<ref name="Br" />