Разлика помеѓу преработките на „Дебар“

Одземени 642 бајти ,  пред 2 месеци
с
Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство using AWB
(Бришење на "Споменик_на_Скендербег_во_ценарот_на_Дебар.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Fitindia поради: per [[:c:Common)
с (Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство using AWB)
[[Податотека:Proslava za 9 maj vo Debar.jpg|thumb|left|200px|Прослава за 9 мај во Дебар.]]
 
Голем дел научници тврдат дека името на градот ''Дебар'' е од [[Македонци|македонско]] потекло, односно со потекло и значење од [[Македонски јазик|македонскиот]], [[словенски јазици|старословенскиот и другите словенските]] јазици. На [[старословенски јазик]] именката ''дебар (дьбръ)'' означува ''долина, котлина''<ref name="ReferenceA">Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - Acta Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142</ref>, што соодветствува со местоположбата и околината во која што се наоѓа градот Дебар. Во [[Македонија]] постојат повеќе имиња на села, области, предели и други топоними кои се изведени од именката ''дебар'' како што е областа, а воедно и котлина, етнографски предел и општина [[Дебарца]] во [[Општина Дебарца|Охридско]], селата [[Дебреше]] (Гостиварско), [[Дебреште]] (Прилепско), [[Дебрец]] ([[Кајлари|Кајларско]]), [[Дебриште]] (Кавадаречко) (во постари записи и тетовското село [[Доброште]] се среќава како Дебреште), месноста Дебревник (Струмичко)<ref>Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - Acta Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142<name="ReferenceA"/ref>, со една заедничка карактеристика дека се наоѓаат во долини и котлини, односно подножја на планини каде започнува долинскиот или рамничарскиот дел на котлините. Исто така, македонскиот просветител, преродбеник и учител [[Јордан Хаџи-Константинов - Џинот]] во своите записи, патеписи и објавени статии во педесетите години на 19 век, често го употребува зборот ''дебрина, дебрини'' за долини и котлини. Оттаму може да се заклучи дека името (топонимот) ''дебар'' е образувано од физичкогеографски, односно орографски термини со значење долина, односно котлина<ref>Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - Acta Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142<name="ReferenceA"/ref>. Имајќи ја предвид местоположбата на градот Дебар и Дебарското Поле, денес во најголем дел потопоено под вештачкото езеро, како и пошироката област Горни и Долни Дебар, во котлина помеѓу планините [[Дешат]], [[Стогово]] и [[Јабланица]], а воедно и предел каде се составуваат долините на реките [[Радика]] и [[Црн Дрим]], со сигурност може да се заклучи дека градот го добил своето име од страна на своето староседелско македонско население и неговиот јазик, како резултат на својата географска положба.
 
Но сепак името ''Дебар'' се споменува уште пред доаѓањето на Словените, односно зборот ''Дебар'' ѝ е познат на историјата уште пред нашата ера. Така во „Историја Уннов“ на стр.86 пишува: „''Во 268 година пред Христа...Готите со 6000 лаѓи и 320 000 војници влегле во Св. Гора, го опседнале Солун, дошле до Дебар каде што се судриле со римската коњаница.''..“ Од ова произлегува дека Дебар е остаток од пражителите на тоа место, со чие се нарекувала целата долина (deboros) и покраина. Оваа теза ја потврдува и чешкиот историчар Иречек, кој меѓу другото вели дека зборот не е словенски, туку произлегува од латинскиот deboros, со значење ''котлина, долина''.
 
Легендите на народниот раскажувач поинаку го толкуваат потеклото на името Дебар: Во свое време Дебар бил едно големо село, чии жители се занимавале со занаети и кираџилук. Кираџиите, патувајќи по стрмните патишта ги заморувале коњите, особено кога се враќале, бидејќи биле многу натоварени. Заморените коњи тие ги терале со „Ди-бре, ди-бре! “ и со времето овој назив останал да се употребува за селиштето.
[[Податотека:IMARO cheti in Debar 1908.jpg|мини|лево|Дочек на дебарските чети на ВМРО во градот за време на [[Младотурската револуција]]]]
 
Првиот пишан документ што го спомнува името Дебар е картата на [[Клавдиј Птоломеј]], направена околу средината на [[2 век|II век]] во која се нарекува ''Deborus''. [[Византија|Византискиот]] император [[Василиј II]] знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го споменува под името ''Dibri'' во [[1502]].
 
Јастребов во „Стара Србија и Албанија“ („Споменик Српске Краљевске Академије“ кн.41) пишува: „Тој град (Дебар) и за време на Скендербега не постоел“. [[Скендербег]] ја отпочнал војната со Турците во 1444 година, што значи дека и тогаш градот Дебар не постоел. Според Јастребов, на местото на денешниот град Дебар, се наоѓало село Оровник. Ова тој го заклучува од исказите на некои стари [[Албанци]]. Меѓутоа, некој Мустафа Џуф од Лусна му кажал на Јастребова дека под Оровник треба да се подразбира месност што се простирала од денешниот Дебар на север близу до село Граждани.
 
Летописецот Акрополита (1257 г.) вели дека на патот од [[Драч]], преку [[Мат]] во Дебар бил принуден да остане повеќе одошто требало, бидејќи патот бил опасен од востанатото население. Меѓутоа, овде искрснува прашањето дали под името Дебар се подразбира град или покраина. Повеќе од научниците сметаат дека овде станува збор за покраина бидејќи докази за постоењето на називот Дебар уште во XII, па и во XI век, има доста.
 
Пред сè, арапскиот научник Идризи во 1153 година пишува: „Патот Via Egnatia за [[Скопје]] минувал од [[Драч]]-[[Тирана]]-Дебар под долината на реката [[Радика]], [[Маврови Анови|Маврови Ханови]], [[Горни Полог|Горни]] и [[Полошка Котлина|Долни Полог]] преку [[Жеден]] планина за [[Скопје]].“
 
Прв пат градот Дебар под неговото име во географските карти е напишан во една карта издадена во 1545 година со „Dibri“. Потоа и Барлет, биограф на Скендербег во 1577 година вели „самиот бил во градот ''Горни Дебар''“. Од ова произлегува дека при крајот на XV и почетокот на XVI век имаме сигурни податоци за потоењето на градот Дебар.<ref name="ReferenceB">Градскиот дебарски говор,Панче Михаилов,Скопје,1974,стр.3-7</ref>
 
==Географија и местоположба==
[[Податотека:Дебар и Дебарското Езеро 02.JPG|thumb|мини|лево|Поглед на градот Дебар крај [[Дебарско Езеро|Дебарското Езеро]]]]
 
Градот Дебар се наоѓа во [[Дебарска Котлина|Дебарската Котлина (Поле)]], на крајниот западен дел на [[Западна Македонија]] и воопшто на [[Република Македонија]] близу до границата со [[Албанија]]. Од [[Скопје]] е оддалечен 131 км, а најблиски градови до него се [[Струга]] (52 км) и [[Гостивар]] (71 км). Дебар лежи во југоисточниот дел на [[Дебарско Поле|Дебарското Поле]] во подножјето на планината [[Дешат]] (Крчин) на надморска височина од 625 метри. Исто така Дебар е опкружен и со планините [[Стогово]] на исток и [[Јабланица]] на југ, кои го одделуваат дебарскиот крај од соседните области [[Кичевско]] и [[Дримкол]] во [[Струшко]]. Градот Дебар се наоѓа на самиот брег до вештачкото [[Дебарско Езеро]], кое е заезерено со изградба на браната Шпилје во [[1969]] година на вливот (утоката) на реката [[Радика]] во [[Црн Дрим]], непосредно на јужниот крај на градот. Планините и брдата [[Крчин]], Тикварци и Пашина Ливада му даваат на градот прилично убав изглед.
 
Низ Дебар минуваат неколку рекички како Вакуфска Река, Бански Поток, Цинцароска Река и некои помали. Водата од овие реки се влива во [[Црн Дрим|Црни Дрим]].
 
Климата во градот е мешовита од континентална и планинска со изразити одлики и на средоземноморската (медитеранската) клима кои се резултат на силното климатско влијание од [[Јадранското Море]] кое доаѓа и се чувствува од запад по долината и течението на [[Црн Дрим]]. Зимите во Дебар се одликуваат со обилни снежни врнежи, а поради високите планини, јадранското влијание и постоењето на вештачкото езеро пролетта и есента се одликуваат со голема влажност и врнежи, додека летата се одликуваат со пријатна свежина.
 
== Историја ==
Населувањето на [[Словени|Словените]]те во Дебарската област се случува во VII и VIII век. Географските и топографските номенклатури говорат од XVII и XVIII век говорат дека Дебарската област била населена со словенско население. Така од 122 називи на селата во [[Дебарско]], 103 носат словенски имиња, додека другите 19 имаат турски називи. До навлегувањето на [[Турци|Турците]]те словенското и албанското население во дебарската област било [[христијанско]]. Но оттогаш започнува исламизирањето. Веројатно во почетокот ова исламизирање се вршело по барање на самото месно население. Тоа било предизвикано од чисто економски причини - зачувување на имотите, неплаќање даноци и добивање на разни други привилегии што им ги давала турската власт на муслиманите.
 
Општото движење на македонското население од селата во градот е забележано од XVII век наваму. Ова е предизвикано од честите зулуми и засилените грабежи, Најголеми иселувања се забележани од селата на Два Брата Планина. Меѓутоа, Дебар особено нараснува околу средината и при крајот на XIX век.
 
Турскиот патописец Хаџи Калфа во првата половина на 17 век во својата патописна белешка за Дебар вели: „Дибре е оддалечен од Цариград (Истанбул) седумнаесет дена одење пеш и се наоѓа меѓу Калкандела (Тетово), Кирчова (Кичево) и Охрид“<ref>Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.25</ref>
 
Во 1832 година се воведува задолжителен данок - „бедел“ за христијанското население. Тоа доведува до исламизирање на многу христијански семејства. Во тоа време станале големи преместувања од селата кон Дебар и понатаму. Ова преместување продолжува низ целиот XIX век. На местото на македонското население се населувале [[Албанци]]. Отаде во дебарските говори се среќаваат многу албански зборови. Многу македонски фамилии доселени во Дебар си ги зачувале своите семејни имиња по селата од каде што дошле, како на пример ''Кочишки'', ''Броштички'', ''Осолнички'', ''Банишки'', ''Раички'', ''Макеларски'', ''Обочки'', ''Радоешки'', ''Отиштански'' и др.
 
Хан во 1865 години бележи дека градот Дебар имал 2 000 куќи со 10 000 жители, додека Шемседин во 1891 година запишал дека Дебар бил населен со 20 000 жители. Како што може да се забележи Дебар бил најмногу населен во XIX век, а најмногу поради тоа што градот бил важен сообраќаен крстопат и еден од најголемите македонски трговски центри. Низ Дебар минувал главниот пат Via Egnatia. Во исто врмее градот ги опфаќал сите покраини од двете страни на средното течение на Црни Дрим - од [[Струга]] до [[Призрен]], од [[Тирана]] до [[Кичево]] и од [[Елбасан]] до [[Гостивар]]. Сето тоа му придавало големо значење на екномскиот центар на западната страна на Балканскиот Полуостров. Преку Дебар се движеле долги колони каравани во разни правци, за [[Албанија]], [[Солун]], [[Скопје]]. Најтесен контакт во трговски однос Дебар имал со [[Елбасан]], потоа со [[Битола]], [[Солун]] и [[Скопје]]. Во Дебар се внесувало жито, стока и манифактура, а се изнесувало знатно количество кожи и тоа најмногу од ситна стока, потоа гајтан и земјени садови. Дебар се развивал сè до поставувањето на границата меѓу Југославија и Албанија кога неговото значење почнува нагло да опаѓа. Во тој период Дебар ја изгубил својата моќ на трговски центар.
 
[[Податотека:Debar vo 2010 (6).JPG|мини|десно|Споменик на паднатите борци во Дебар]]Покрај трговијата, во Дебар било многу развиено занаетчиството. Најмногу развиени занаети биле којунџискиот, тервискиот, ковачкиот, ѕидарскиот, потоа опинчарскиот, бојаџискиот, зографскиот, казанџискиот и др. Интересно е што со занаетчиство најмногу се занимавало само македонското население, додека албанското повеќе било трговско. Околното население повеќе се занимавало со земјоделство, а помалку со сточарство. Во почетокот на XIX век во Дебарско почнува да се развива печабарството. Ова печалбарство го предизвика феудалниот поредок. Земјата се наоѓала во рацете на агите и беговите. Неа ја обработувало бедното македонско население, помалу и албанското. Наградите за вложениот труд биле мизерни. И тие требало да бараат начини за својот и опстанокот на своите семејства. Започнале масовни печалбарски миграции во [[Бугарија]], [[Турција]], [[Србија]], [[Романија]], па и во [[Египет]] и [[Соединети Американски Држави|Америка]]. Некои од печалбарите сосема се иселувале од Дебар и останувале постојано да живеат во местата каде што работеле. Денес потомци на дебарчани има во [[Солун]], [[Софија]], [[Белград]], [[Букурешт]], а во [[Скопје]] има и свое маало - „[[Дебар Маало]]“.<ref>Градскиот дебарски говор,Панче Михаилов,Скопје,1974,стр.3-7<name="ReferenceB"/ref>
Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во [[Македонија]], [[Бугарија]], [[Србија]] па дури и во [[Русија]]. Кон крајот на 19 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник [[Григор Прличев]], кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.
 
Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари, во времето на ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство постоела изреката: „''Стамбол гори, Дебар го гради''“.
 
== Население ==
* [http://dibra.gov.mk/mk/ Официјален портал на Дебар]
* [https://maps.google.com/maps?q=%D0%94%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%80&hl=en&ie=UTF8&ll=41.515262,20.527439&spn=0.069795,0.169086&sll=41.44382,20.546751&sspn=0.034936,0.084543&t=h&hnear=Debar,+Macedonia+(FYROM)&z=13 Сателитска снимка на Дебар] на Google Maps.
 
 
{{Градови во Македонија}}