Исаија Мажовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство using AWB
Ред 12:
}}
 
'''Исаија Мажовски''' ('''Исаија Радев Мажовски''') ([[1852]] – [[1926]]) бил македонски национален преродбеник,<ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2006/11/isaja-radev-mazovski-mazovski-isaja.html Исаија Мажовски, "ВОЗПОМИНАНИЈА", Софија, 1922 г., стр. 26, стр. 45]</ref> политички агитатор и мисионер, поборник на идејата за автономна [[Македонија]] во рамките на јужно-словенската заедница на народите и борец против турското политичко и грчкото духовно ропство.
 
Исаија Мажовски е роден во селото [[Лазарополе]] во [[1852]] година, второ по големина мијачко село во западна Македонија. Поради своите скромни интелектуални капацитети не можел поевидентно да влијае на својата генерација, но според својот национален ентузијазам тоа е една од најимпозантните личности во македонската историја.
 
Застапник е на тезата дека денешните [[Македонци]] се [[Словени]] и истовремено директни потомци на [[Антички Македонци|Античките Македонци]] и дека македонските цареви [[Каран]], [[Филип Македонски]] и [[Александар Македонски]] се чисти Словени и Македонци кои пред 2500 години први ги донеле и населиле Македонците на балканските простори.
 
== Патувања во Русија, со барања за поддршка за ослободувањето на Македонија ==
[[Податотека:Спомените на Исаија Мажовски.jpg|thumb|right|Насловната страна на Спомените на Исаија Мажовски издадени 1922 год. во Софија]]
На петнаесетгодишна возраст доаѓа во светогорскиот манастир „Зограф“ во потрага по пошироки знаења од оние што ги стекнал во родното село. Под непосредно влијание на својот воспитувач, отецот [[Натанаил Охридски|Натанаил]], кој ќе му вдахне љубов кон за поблиско поврзување со матицата на словенството [[Русија]], Исаија неколку пати оди во Русија за да испровоцира нејзина поддршка за неговата поробена татковина - [[Македонија]]. Макар што е следбеник на тезата дека ослободувањето на Македонија е задача на самите Македонци, сепак остварувањето на тој идеал не го замислува идеалистички - туку како заеднички потфат на македонските револуционерни сили и Русија. За време на својата посета на Петербург ([[1885]]) му предава молба на рускиот цар [[Александар III (Русија)|Александар III]] од името на македонското (словенското) население од [[Дебар|Дебарскиот крај]] со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во [[Македонија]].
 
Слично патешествие има и во [[1897]] година, кога сакајќи да се види со рускиот цар [[Николај II]], ќе му биде ветена морална и материјална поддршка во борбата за ослободувањето на [[Македонија]]. За остварување на таа цел ќе контактира со руските претставници во [[Цариград]] - Н.П.Игнатиев и [[Букурешт]] - М.А.Хитрово.
Ред 32:
 
== Соработка со Албанско-македонската лига ==
Значаен е и неговиот ангажман во работата на [[Албанско-македонска револуционерна лига|Албанско-македонската револуционерна лига]], формирана во [[1887]] година како резултат на заложбите на македонските и албанските патриоти за борба против ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство. За таа цел тој по порачка на бугарскиот премиер [[Стефан Стамболов]] често комуницирал со видни албански првенци, патувајќи на релацијата [[Софија]] - [[Дебар]] - [[Тирана]], каде што постојано бил следен од турски шпиони за што неколку пати бил затворан и жестоко мачен од турските власти. Соработката со албанските патриоти ја прекинува во [[1908]] година, по кревањето на [[Младотурската револуција]]. Уставот на младотурците го доживува како уште еден заговор против вистинските интереси на македонскиот народ.
 
Починал во с. [[Угрчин]], [[Ловеч|Ловечко]]ко, [[Бугарија]] во [[1926]] година.
 
== Бугарски став ==
Ред 41:
== Цитати ==
 
{{Цитат|Многупочитувани господа, Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500 години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар Филип и цар Александар бил чист словен. Не повеќе од 500 години поминаа откако Македонија и македонскиот стар словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тешкиот турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме, но никој не сака да не чуе, дури самите наши браќа ни пречат. Браќа Словени, Македонскиот словенски народ е окружен од најлути и отровни змии, тој се дави и се измачува од најлути и неумоливи ѕверови. <ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2006/11/isaja-radev-mazovski-mazovski-isaja.html Исаија Мажовски, Спомени, Софија, печатница на Ив. К. Божинов, 1922, стр 26.]</ref>}}
{{Цитат|Едваj по 18 дена ме повикаа во Светиот Синод, кадешто кога отидов, влегов во просторијата во којашто заседаваше Синодо. Таму се беа собрале: Петербуршкиот Митрополит, двајца архимандрити, Победоносцев и двајца цивилни членове на синода, имено генерал Гесеј и професор Плетнев… Започнаа да ме прашуваат од каква народност сме - Срби или Бугари, и кого сметаме за наш духовен поглавар. Им одговорив дека ние сме старославјански народ, преселени од „мајка Велика Русија“ во Македонија многу порано од Бугарите и од Сърбите, но говорот ни е поблизу до булгарскиот, па освен тоа, ние се сметаме себеси за духовни чеда на светата бугарска Егзархија, и затоа подадовме молба на Негово Императорско Величество, да ни помогне со неговата моќ и влијание, да се здобиеме со егзархиски владика.<ref>[http://macedonia-history.blogspot.com/2006/11/isaja-radev-mazovski-mazovski-isaja.html Исаија Мажовски, Спомени, Софија, печатница на Ив. К. Божинов, 1922, стр 45.]</ref>}}