Димитар Влахов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство (2) using AWB
Ред 31:
}}
 
'''Димитар Влахов''' ([[Кукуш]], [[8 ноември]] [[1878]] - [[Белград]], [[7 април]] [[1953]]) — македонски револуционер, општественик и државник. Бил деец на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], [[Народна федеративна партија|Народната федеративна партија]], [[Солунска социјалистичка федерација|Солунската социјалистичка федерација]], [[ВМРО (Автономистичка)]], [[ВМРО (Обединета)]], [[Бугарска комунистичка партија|Бугарската комунистичка партија]], [[Комитерна|Комитерната]]та и [[Комунистичка партија на Југославија|Комунистичката партија на Југославија]].
 
== Рани години ==
Ред 56:
По завршувањето на [[Првата светска војна]] ја вршеше должноста бугарски генерален конзул, прво во [[Одеса]], а потоа во [[Виена]]. Во [[1920]] година Влахов бил избран за резервен член на ЦК на [[ВМРО (Автономистичка)]], како претставник на левото крило.<ref>[http://www.promacedonia.org/ag/ag_4_7.html Антони Гиза, Балканските държави и Македонския въпрос. Македонски Научен Институт ­ София, 2001 г.]</ref> По тоа време тој бил испратен во [[Варна]] од [[Тодор Александров]] за да оствари контакт помеѓу ВМРО и [[Советска Русија]]. Врска му бил [[Крсто Раковски]], негов кум и истакнат работник на Коминтерната. По нарачка на ВМРО Влахов, заедно со зетот на Тодор Александров - [[Михаил Монев]] заминале во јули 1923 година за Москва. По враќањето Влахов подготвил извештај во кој се рефлектирало дека СССР симпатизира на македонското ослободително движење и има желба контактите да продолжат. Влахов бил еден од член-основачите е на [[Македонски научен институт|Македонскиот научен институт]] во 1923 г. Во 1924 година тоj бил испратен со препораките на ВМРО како трговски претставник на Царството Бугарија во Виена.
 
Во [[1924]] година е еден од организаторите на потпишувањето на т.н. [[Мајски манифест]] во Виена со кој [[ВМРО]] се согласува да дејствува заедно со комунистичките партии од Балканот. По потпишувањето на Мајскиот манифест, со кој се обиде да ги смири спротивставените водачи на ВМРО, Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада. Манифестот очигледно бил комплетиран на [[29 април]] [[1924]] година, но неговото публикување е одложено и виси во воздух во очекување на враќање на [[Тодор Александров]] во [[Софија]] за да ги консултираат другите партии таму. По пристигнувањето во Софија неговите следбеници го убедиле да го повлече својот потпис во интерес на самата ВМРО која не би смеела да си дозволи да изгуби толку „способен“ лидер во тој критичен момент. Александров поради тоа го известил Влахов и [[Петар Чаулев]] да го суспендираат објавувањето на Манифестот и веднаш да се вратат во Софија.
 
Влахов одбива да постапи така и се вклучи во формирањето на [[ВМРО (Обединета)]]. Несогласувајќи се со терористичките методи на [[ВМРО]], кое во тој период потпадна под влијание на [[Ванчо Михајлов]] и дегенерира во пион на бугарските и италијанските планови за ширење на Бугарија на Балканот, Влахов ги изложи своите идеи во неговата позната книга [[„Балканска федерациja“]] во која се вели: „Интегрализмот е големосрпска идеја, федерализмот - југословенска, а федерацијата има за нас смисла до толку до колку ние преку неа би можеле да го видиме нашиот заветен идеал - слобода на нашата татковина...“
Ред 62:
Влахов не беше ориентиран ниту кон [[Бугарија]], ниту кон [[Југославија]] (која тогаш водеше политика на крут централизам), туку кон [[Советскиот Сојуз]], со чија помош тој се надеваше да постигне обединување на јужно-словенските народи каде [[Македонија]] би формирала одделна, автономна федерална единица.
 
На крајот на [[1933]] година Балканскиот секретаријат на Коминтерната решава да го постави за разгледување [[македонското прашање]]. По спомени на присутниот на седницата Димитар Влахов, таму е решено да се довери подготовката на резолуциjaта за прашањето на двајца Полјаци кои немале поим од оваа проблематика.<Refref>Мемоари на Димитар Влахов. Скопје, 1970, стр 356. </Refref> Со помош на Влахов сепак била изготвена [[Резолуција на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање]] и таа била е одобрена од Политичкиот секретаријат на Коминтерната на 11 јануари 1934 година. Самата резолуција е усвоена од Извршниот комитет на [[Коминтерна]]та во февруари 1934 година. Од Коминтерната одлуката за македонска нација се пренесува на [[ВМРО (Обединета)]] и во април 1934 година весникот „[[Македонско дело]]“ го објавило текстот на резолуцијата.<ref> Македонско дело, бр. 185, IV. 1934. </Refref>
 
Од [[1925]] до [[1944]] година Влахов е член на [[Бугарска комунистичка партија|Бугарската комунистичка партија]]. Во емиграција бил уредник на весниците „[[Македонско дело]]“ во [[Виена]], [[Берлин]], [[Париз]]. Во тоа време Влахов станува агент на советското разузнавање,<ref>[http://books.google.com/books?id=AmQWAQAAIAAJ&q=%D0%94%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8+%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%85%D0%BE%D0%B2+%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5&dq=%D0%94%D0%BC%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B8+%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%85%D0%BE%D0%B2+%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5&hl=bg Разведка и контрразведка в лицах: энциклопедический словарь российских спецслужб, Анатолий Валентинович Диенко, Клуб ветеранов госбезопасности (Руссия), Издател Русскiй мiръ, 2002, стр. 97.]</ref> како контактира со него преку офицерот за врски со ВМРО (обединета), [[Георги Димитров]].<ref>{{cite web | last = Димитров| first = Димитър| year = 2005| url = http://www.bbc.co.uk/bulgarian/indepth/story/2005/10/051010_dimitrov_file.shtml| title = Георги Димитров - съветски агент?| publisher = BBC| accessdate = 24 април 2008}}</ref>
Ред 81:
 
{{Quotation|
:„Но во работата среде македонските Словени - егзархисти, револуционерните дејатели сретнаа голем отпор и силни пречки од страна на бугарската империјалистичка политика и нејзиниот орган бугарската Егзархија.
 
:Но треба да се одбележи дека тие македонски Словени, кои го признаваа духовното ведомство на Егзархијата, се чувствуваа како одделен народ...Тие македонски Словени беа пројавиле во текот на целиот XIX век стремеж да ја развијат својата култура на говорниот јазик на македонскиот народ на разни дијалекти.
 
:Многу од Македонците низ целиот XIX век, пред уште да биде образувана бугарската Егзархија и пред тие училишта да бидат раководени како последна инстанца од самата Егзархија, ги пишеа своите книги и преподаваа во училиштата на народниот македонски јазик.“|Димитар Влахов, Мемоари, стр. 22}}
Ред 112:
 
== Надворешни врски ==
* [[:s:Говор на Димитар Влахов во парламентот на ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство|Говор на Димитар Влахов во парламентот на ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство]] на Викиизвор.
* [http://kalendar-jovanovski.blogspot.com/2017/01/blog-post_11.html Димитар Влахов, „Мемоари“ (извадок)]
* [http://macedonian.atspace.com/knigi/gv.htm Густав Влахов „Спомени за татко ми“, Скопје, 1966]; [http://documents-mk.blogspot.com/search/label/%D0%94%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%80%20%D0%92%D0%BB%D0%B0%D1%85%D0%BE%D0%B2 текст]