Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Отоманската империја → Отоманското Царство using AWB
с Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство (5) using AWB
Ред 40:
Во 1436, Влад Втори Дракул се искачил на престолот на Валашка. Во 1442 бил истеран од соперниците кои биле во сојузништво со Унгарија, но успеал да се здобие со поддршка од Отоманците околу неговото враќање на тронот при што се согласил да му плати на султанот одредена сума и да ги прати своите два легитимни синови, Влад Трети и Раду, во Отоманскиот Суд каде служеле како заложници на неговата верност.
Влад Трети бил често затваран, камшикуван и тепан бидејќи вербално ги напаѓал своите учители, но и за неговото тврдоглаво однесување, додека неговиот помал брат Раду бил полесно контролиран. Раду се преобратил во муслиман, влегол во службата на [[Мехмет II]], синот на султанот [[Мурат II]], (подоцна познат и како Освојувачот), и му било дозволено да служи во Отоманскиот кралски суд, но и ја добил титулата Бег.
Овие години се претпоставува дека имале огромно влијание врз карактерот на Влад и довеле до добро познатата омраза на Влад кон отоманците, јаничарите, кон братот Раду поради тоа што станал муслиман и кон младиот отомански принц [[Мехмет II]] (дури и кога станал и султан). Бил љубоморен кон фаворизирањето на татко му на неговиот постар брат Мирча II, и полубратот Влад Чалугарул. Во себе имал недоверба и кон унгарците и кон неговиот татко бидејќи го дал на турците и ја изневерил заклетвата на Редот на змејот за борба против ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство.
Влад подоцна бил пуштен на еден вид условна казна и добил шанса да изучува логика, Куранот и турскиот и персискиот јазик, како и литературни дела. Подоцна тој течно ќе зборува на овие јазици. Исто така, тој и неговиот брат биле обучени и во војување и јавање коњи. Татко му, Влад Дракул, откако ја добил поддршката од отоманците се вратил во Влашка и го преземал тронот од Базарб Втори и одредени неверни аристократи.
 
Ред 47:
Во декември 1447, аристократите во сојуз со унгарскиот регент Јанош Хунјади се побуниле против Влад Дракул, и го убиле во мочуриштата близу Балтени. Мирча, најстариот син и наследник на Дракул, го ослепиле и го закопале жив во Тарговиште.
За да спречи Валахија да не падне под власта на Унгарија, отоманците ја окупирале Валахија и го ставиле младиот Влад Трети на тронот. Сепак, неговото владеење било краткотрајно затоа што самиот Хунјади ја нападнал Валахија и го вратил неговиот сојузник Владислав Втори од кланот Данешти на трон.
Влад побегнал за Молдавија каде живеел под заштита на неговиот вујко/чичко Богдан Втори. Во октомври 1451, Богдан бил убиен и Влад побегнал во Унгарија. Импресиониран од познавањата на Влад за разумот и дејствувањето на ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство, како и од омразата кон новиот султан Мехмет II, Хунјади се смирил со неговиот поранешен соперник и го назначил како свој советник.
Во 1453, отоманците под султанот Мехмет II го освоиле Цариград по долги напади, со што ставиле конечен крај на христијанското присуство на Медитеранот, по што отоманското влијание почнало да се шири од оваа основа кон Карпатите, заканувајќи се на Европа.
Во 1456, три години откако отоманците го освоиле Цариград тие и се заканиле на Унгарија со освојувањето на Белград. Хунјади започнал против напад во Србија: додека тој самиот заминал за Србија и го олеснил нападот (пред да умре од чума), Влад одвел свој контингент во Валахија, ја освоил својата родна земја и го убил Владислав Втори во борба гради в гради.
Ред 68:
== Војна со отоманците ==
 
Влад се здружил со Матиас Корвинус, кралот на Унгарија. Валахија била прогласена како дел од ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство од султанот Мехмет II. Во 1459, Папата Пиус Втори повикал на нова крстоносна војна против отоманците, на конгресот во Мантуа. Единствениот европски лидер што покажал ентузијазам за таква војна бил Влад Цепеш.
Подоцна таа година, во 1459, Мехмет му пратил гласник на Влад за да го натера да го плати задоцнетиот данок. Влад одбил да ги плати 10 000 дукати. За да испровицира и поттикне војна со отоманскиот султан, Влад ги убил турските гласници, со заковување на нивните турбани за главите. Подоцна отоманците се обиделе да го отстранат со што турците го преминале Дунав и почнале да регрутираат адолесцентни романци во јаничари.
Во меѓувреме султанот добил информации со кои се разоткрила доминацијата на Влад над Дунав. Тој го испратил бегот од Никополис, Хамза Паша за да склучи мир и/или да го елиминира Влад Трети.
Ред 80:
== Пораз ==
 
Помладиот брат на Влад Трети, спретниот Раду-бег и неговите јаничарски батаљони добиле задача да ја водат ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство кон победа на во името на султанот Мехмет II . Откако походот со спахиите пропаднал за поразување на Влад, неколкуте останати спахии биле убиени во ноќен напад од Влад Трети во 1462, каде што најверојатно убил 4 000 војници на Раду. Војната продолжила, Раду и неговите јаничари се снабдувале со барут и со динари, со што имале предност за подлабоко навлегување во кралството на Влад Трети. Раду и неговите добро опремени сили на крајот успеале да го освојат замокот Поенари, познатото засолниште на Влад Трети. По тешката победа Раду ја добил титулата Бег на Валахија од султанот Мехмет II .
Влад Трети бил поразен бидејќи романските аристократи биле отуѓени од неговата политика и не го сакале бидејќи го поткопувал нивниот авторитет, им ја слабеел контролата над Валахија. Тие му се придружиле на Раду и верувале дека отоманската заштита била подобра од унгарската окупација.
До 8 септември, Влад имал уште три победи. Но постојаното војување направило тој да остане без пари и повеќе не можел да ги плаќа своите платеници. Влад отпатувал во Унгарија да побара помош од неговиот поранешен сојузник Матиас Корвинус. Но наместо да добие помош тој бил уапсен и фрлен во затвор за предавство. Матиас Корвинус се плашел дека Влад Трети и неговите сили може да ги уништи руралните области на Унгарија со тоа што ќе ги донесе отоманците.
Ред 149:
Современиот портрет за Влад Трети, откриен од романски историчари во доцниот 19ти век, е приложен во галеријата на хоророт во замоко Амбрас во Инсбрук. Оригиналот е некаде загубен, но поголема копија насликана анонимно во втората половина на 16тиот век сега се наоѓа во истата галерија.
Неговата слика во модерната романска култура се судира со странските перцепции. Последниот дел од популарната поема од 19тиот век на Михаи Еминеску, „Scrisoarea a III-a“, помогна околу претворањето на сликата за Влад во модерна легенда, каде тој е човек во контраст со претпоставуваниот општествен распад под Фанариотите и политичката сцена од 19тиот век (сугерирајќи дури и дека насилните методи на Влад би можеле да бидат лекот). Имено првиот автор да го претстави Влад како романски херој бил од Трансилванија кој веројатно никогаш не отпатувал во Валахија, тоа е Јоан Будаи-Делеану. Околу 1800-та тој напишал романски херокомична епска поема, „Țiganiada“, во која принцот Влад Цепеш е свиреп воин кој се бори против отоманците. Многу пред романската литература, ова дело, за разлика од тоа на Еминеску, останало необјавено и игнорирано речиси еден век, и не причинило никакво влијание.
Сите слики за неговиот живот го покажуваат како безмилосен, но само оние што потекнуваат од саксонските клеветници го покажуваат како садист или лудак. Овие памфлети продолжиле да бидат објавувани долго по неговата смрт, иако обично само за забава наместо како пропаганда. Долго бил во заборав се доскоро кога со неговите упорни обиди против ОтоманскатаОтоманското ИмперијаЦарство се здобил со поддржувачи, не само во денешната модерна Романија, туку и во кралствата на Унгарија, Полска и Република Венеција и на Балканот. Еден унгарски дворјански хронолог запишал дека кралот Матиас „дејствувал спротивно од општото мислење на јавноста“ во Унгарија кога Дракула бил затворен, што играло голема улога во менување на непопуларната одлука на самиот Матиас. Во тоа време, како „истакнат затвореник“, пред целосно да биде помилуван и пред да му се дозволи да ја освои Валахија, Влад бил славен како христијански херој од посетителите ширум Европа.
 
== Поврзано ==