Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up and re-categorisation per CFD, replaced: Дојранско езеро → Дојранско Езеро using AWB
Ред 78:
'''Македонија''', службено позната под новото уставно име '''Република Северна Македонија''' ('''РСМ''') или скратено '''Северна Македонија'''<ref>Според договорот кој е потпишан помеѓу Република Грција и Република Македонија, службеното име на државата кое треба да го користат владините институции за домашна и меѓународна употреба е Северна Македонија, или во целосна форма Република Северна Македонија</ref> — држава сместена на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]]. Земјата е една од наследничките држави на поранешна [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|Југославија]], од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот [[Македонија (регион)|Македонија]]. Географски земјата граничи со [[Србија]] (и [[Косово]]) на север, [[Бугарија]] на исток, [[Грција]] на југ и [[Албанија]] на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.
 
Македонија е суверена<ref name="mfa.gov.mk">[http://www.mfa.gov.mk/default1.aspx?ItemID=245 mfa.gov.mk]</ref>, самостојна<ref name="НБРМ">[http://www.nbrm.gov.mk/default-mk.asp?ItemID=4EB46A6F5C52E14DBA267F2DA2285D4F НБРМ]</ref><ref>[http://www.eubusiness.com/europe/macedonia/macedonia-country-profile eubusiness.com]</ref>, демократска<ref>[http://www.mfa.gov.mk/default1.aspx?ItemID name=245 "mfa.gov.mk]<"/ref><ref>[https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/mk.html CIA - The World Factbook]</ref> и социјална држава<ref>[http://www.nbrm.gov.mk/default-mk.asp?ItemID name=4EB46A6F5C52E14DBA267F2DA2285D4F "НБРМ]<"/ref><ref>[http://www.jorm.org.mk/ustav.shtml Устав на Република Македонија]</ref>. Главен град на државата е [[Скопје]] со население од 506.926 граѓани (проц. 2004). Други поголеми градови се: [[Битола]], [[Куманово]], [[Прилеп]], [[Тетово]], [[Велес]], [[Штип]], [[Охрид]], [[Гостивар]], [[Струмица]], [[Кичево]], [[Кавадарци]] и [[Кочани]]. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители (проц. 2009), од кои мнозинството се [[Македонци]]. Официјален јазик во државата е [[македонски јазик|македонскиот]], додека официјална валута е [[Македонски денар|денарот]].
 
Во 1993 година, Македонија станала членка на [[ООН|Обединетите нации]], но поради [[Спор за името помеѓу Македонија и Грција|спорот со името]] кој го водела со [[Република Грција]], таа била примена под привремената референца ''Поранешна Југословенска Република Македонија''. Македонија е членка и на советот на Европа и [[НАТО]]. Од декември 2005 година, исто така, таа е и кандидат за приклучување кон [[Европска Унија|Европската Унија]].
 
== Етимологија ==
Името „[[Македонија]]“„Македонија“ е од [[Старомакедонски јазик|старомакедонско]] потекло, и според преданијата доаѓа од митскиот предок [[Македон (митски предок)|Македон]]. Како државно име почнало да се користи во [[VIII век п.н.е]] за [[Кралство Македонија|Кралството Македонија]], [[Македонска Империја|Македонската Империја]], па потоа на римската покраина ''Македонија'', византиската тема ''Македонија'' и денес за регионот [[Македонија (регион)|Македонија]] и државата Македонија. Денес се верува дека името значи „планинци“ или „висока земја“ или „високи луѓе“.<ref>[http://www.etymonline.com/index.php?search=Macedonia&searchmode=none Macedonia], Online Etymology Dictionary</ref> Во 2018 година, [[Влада на Македонија|македонската влада]], предводена од претседателот [[Зоран Заев]], по преговорите со грчката влада, предводена од претседателот [[Алексис Ципрас]], се договориле името на државата за внатрешна и надворешна употреба да биде „Северна Македонија“. Новото име стапило во службена употреба на [[11 февруари]] [[2019]] година. Сепак, и покрај промената на името, народот и медиумите сè уште ја именуваат државата едноставно како Македонија.
 
== Историја ==
Ред 97:
[[Податотека:2011 Bitola, Heraclea Lyncestis (21).jpg|thumb|left|220px|Античкиот град [[Хераклеја]], основан од страна [[Филип II Македонски]], во близина на денешна Битола.]]
[[Податотека:Verginasun.jpg|thumb|десно|200px|Ѕвездата од Кутлеш - симбол на Античка Македонија.]]
Археолошките наоди покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 9000 п.н.е. и 3500 п.н.е.<ref>R.J. Rodden and K.A. Wardle, Nea Nikomedia: The Excavation of an Early Neolithic Village in Northern Greece 1961-1964, Vol I, The Excavation and the Ceramic Assemblage, British School at Athens Supplementary Volume 25, 1996</ref> Првпат [[Македонското Кралство]] се појавува во периодот на IX век п.н.е., а постои дилема за тоа кој бил првиот македонски крал - [[Каран]] (кој се смета за митски предок на Аргеадите) или [[Пердика I]] (прв историски крал на Кралството Македонија).
 
Приближно од V век п.н.е. Кралството Македонија станува значаен политичко-економски чинител во поширокиот регион, а негова главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со [[Стара Грција|грчките]] [[Полис (град-држава)|градови-држави]], при што често било сојузник со други држави (како на пр. [[Персија]]) против [[Стара Грција|Грците]], или пак заземало страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. [[Филип II Македонски]] ([[359 п.н.е.]] - [[336 п.н.е.]]), по покорувањето на [[Илири|Илирите]]те и [[Тракијци]]те, успеал да ја освои цела Грција. Неговиот син, [[Александар III Македонски]] ([[336 п.н.е.]] - [[323 п.н.е.]]) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин го скршил внатрешниот отпор во проширеното Македонско Кралство, а подоцна во походот против [[Персија]], ја уништил огромната Персиска Империја и ја проширил македонската држава на три континенти - [[Европа]], [[Азија]] и [[Африка]], протегајќи се на [[Балканскиот Полуостров]] и [[Мала Азија]], [[Блискиот Исток]], [[Египет]] и [[Индија]], и со тоа била создадена [[Македонската Империја]].<ref>Arrian, ''Anabasis Alexandri'' I, 13–19</ref><ref>Arrian, ''Anabasis Alexandri'' I, 20–23</ref><ref>Arrian, ''Anabasis Alexandri'' I, 23</ref><ref>Greene, p. 351</ref><ref>Arrian, ''Anabasis Alexandri'' II, 16–24</ref><ref>Gunther, p. 84.</ref><ref>{{cite web|url=http://www.britannica.com/EBchecked/topic/124716/coin/15880/From-the-Persian-Wars-to-Alexander-the-Great-490-336-bc|title=Coin: from the Persian Wars to Alexander the Great, 490–336 bc|publisher=Encyclopedia Britannica|accessdate=16 ноември 2009}}</ref><ref>{{cite web|url=http://www.livius.org/aj-al/alexander/alexander10.html|title=The end of Persia|publisher=www.livius.org|accessdate=16 ноември 2009}}</ref>
По неговата смрт, оваа огромна империја, како резултат на несогласувањата на неговите генерали ([[дијадоси]]) околу тоа кој ќе биде негов наследник се распаднала на 3 дела и тоа: Кралство на [[Селевкиди]]те, Кралство на [[Птолемаиди]]те и Кралство на [[Антигониди]]те.<ref>Shipley, Graham (2000) ''The Greek World After Alexander'' Routledge History of the Ancient World. (Routledge, New York)</ref><ref>[[F. W. Walbank|Walbank, F. W.]] (1984) ''The Hellenistic World'', The Cambridge Ancient History, volume VII. part I. (Cambridge)</ref> Освојувањата на Александар III Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на [[Хеленистички период|Хеленистичкиот период]] во светската историја.
Ред 106:
=== Појавата на Словените ===
[[Податотека:Samuilova tvrdina -- Ohrid 5.jpg|thumb|лево|250px|[[Самуилова тврдина|Самуиловата тврдина]] во [[Охрид]].]]
Во [[6 век|VI]] и [[VII век]] на [[Балкански Полуостров|Балканот]] и во Македонија се доселуваат [[Стари Словени|Словените]], достигнувајќи јужно до [[Тесалија]], па дури и до [[Пелопонез]].<ref>Cambridge Medieval Encyclopedia, Volume II.</ref> Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера со [[Тракијци]] и [[Илири]], потоа [[Стара Грција|антички Грци]], [[антички Македонци]], и др. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, [[Македонски Словени|македонските Словени]] биле организирани во полудржавни формации - македонски [[склавинии]]. Склавиниите презеле повеќе напади против [[Византија]] и утврдените византиски градови.
 
Во [[837]] година Македонија почнува да потпаѓа под власта на [[Прво Бугарско Царство|бугарската]] држава, при што до средината на [[IX век]] поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во IX век, исто така, започнува и црковно-просветната дејност на [[Солун|солуњаните]] [[Кирил и Методиј]], која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на [[глаголица|словенската писменост]], која започнува со создавањето на словенската азбука - [[Глаголица|глаголицатаглаголица]]та, во [[855]] година. Нивните ученици, [[Св. Климент Охридски|Климент]] и [[Св. Наум Охридски|Наум]], ќе ја продолжат нивната дејност и кон крајот на IX век, ќе ја создадат [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]] и [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]], со што [[Охрид]] набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни средишта на Балканот, лулка на словенската писменост.
 
{{Историја на Македонија}}
Во [[X век]] Македонија ќе ја зафати [[Богомили|богомилското]] движење и учење, за првпат создадено во [[Велес|велешко]]-[[Прилеп|прилепскатаприлеп]]ската област, како одглас на потчинувачкиот [[Феудализам|феудален]] црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела [[Европа]].
 
Со востанијата во Македонија во втората половина на X век, во [[969]] година против бугарската и во [[976]] година против византиската власт била создадена македонската средновековна [[Феудализам|феудална]] држава, позната уште и како [[Самуилово Царство|Самуиловото Царство]]). Македонската средновековна феудална држава постоела сè до [[1018]] година, кога била покорена од византиските војски. Во [[13 век|XIII]] и [[XIV век]] [[Византија|византиската]] власт врз Македонија била прекинувана со периоди на [[Србија|српско]] и [[Бугарија|бугарско]] владеење.
 
До крајот на [[XIV век]] Македонија целосно била покорена од [[Отоманска Империја|Османлиите]], со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во [[1767]] година [[Султан|султанотсултан]]от ја укинал [[Македонска православна црква - Охридска Архиепископија|Охридската архиепископија]].
 
=== Освестување и обединување на македонската нација во XIX век ===
Ред 121:
==== Зацврстување на народниот јазик ====
[[Податотека:Robevihouse.JPG|200px|thumb|left|Архитектурата во градот [[Охрид]].]]
Од [[XIV век]] во [[Македонија]] започнува да се засилува влијанието на [[српската варијанта]] на [[Старословенски јазик|старословенскиот јазик]]. Причина за тоа било приклучувањето на македонските краишта кон тогашната [[Србија|српска држава]]. Тоа влијание се однесува главно, на [[правопис]]от. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време сè повидливи се и трагите од современите живи [[македонски говори]].
 
Во времето на [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]] писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот [[народен говор]] веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните [[богослужбени книги]], во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат сè повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат написи за практична употреба.
 
Во XVI век се печатат и книги во Србија и [[Венеција]]. Во [[XVII век]] веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во [[Русија]] на [[рускословенски јазик]].
 
==== Македонско национално движење ====
Ред 143:
 
=== Независност ===
Својот пат кон политичката независност, Македонија го градела во неколку последователни чекори, носејќи одредени правни акти. Така, најпрвин, на [[ 25 јануари]] [[1991]] година, [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Република Македонија]] донесло Декларација за сувереност. Подоцна, на [[8 септември]] [[1991]] година бил одржан [[Референдум во Македонија, 1991|референдум]] за независност на Македонија при што референдумското прашање гласело:<ref name="ReferenceA">Стојан Андов, „Зошто Глигоров инсистираше на вториот дел од референдумското прашање?“, ''Фокус'', број 1058, 15.1. 2015, стр. 44-45.</ref>
 
<br />
<br />
„''Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?''“
 
<br />
<br />
Според тврдењето на тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, [[Стојан Андов]], во [[август]] 1991 година тој имал долг и тежок разговор со претседателот на Република Македонија, [[Киро Глигоров]] (кој бил автор на референдумското прашање), убедувајќи го да го избрише вториот дел од [[референдум]]ското прашање. Плашејќи се од воената интервенција од страна на [[ЈНА]], Глигоров останал на својата формулација на референдумското прашање.<ref>Стојан Андов, „Зошто Глигоров инсистираше на вториот дел од референдумското прашање?“, ''Фокус'', број 1058, 15.1. 2015, стр. 45-46.</ref> Референдумот за независноста на Македонија бил бојкотиран од албанското население поради вториот дел од референдумското прашање, кое ја допуштало можноста за повторно влегување во сојуз со другите републики на СФРЈ. По успешно спроведениот референдум, на [[17 ноември]] [[1991]] година бил донесен првиот [[Устав на Република Македонија]], при што, за него не гласале пратениците-[[Албанци]].
<br />
Ред 157 ⟶ 155:
* да ги поддржуваат напорите на [[Генерален секретар на Обединетите Нации|Генералниот секретар]] и на [[Совет за безбедност на ООН|Советот за безбедност]] на [[Обединетите нации]] и продолжувањето на Конференцијата за Југославија.
<br />
Во Декларацијата бил определен краен рок за доставување на пријавите од страна на републиките на СФРЈ ([[23 декември]] [[1991]] година). Потоа, пријавите на оние републики кои побарале признавање, со помош на претседавачот на Конференцијата за Југославија, биле проследени до Арбитражната комисија (предводена од франускиот правен експерт [[Робер Бадентер]]), која требало да даде мислење пред да се донесе дефинитивната одлука за признавање. [[Претседател на Република Македонија|Претседателот на Република Македонија]], Киро Глигоров, навреме ја поднесол пријавата за меѓународно признавање, а Арбитражната комисија подготвила прелиминарен текст којшто го испратила до Република Македонија. Во мислењето на Арбитражната комисија (точката 2а) се изразувала одреден сомнеж во однос на желбата на Македонија за стекнување независност, предизвикан од вториот дел на референдумското прашање. Поради тоа, на [[11 декември]], во весникот „[[Нова Македонија]]“, претседателот Глигоров објавил реакција поради прелиминарното решение на Арбитражната комисија. Во писмото испратено до Бадентер, Глигоров го опишал доследното, последователно донесување правни акти за независноста на Македонија и дал објаснување за вториот дел од референдумското прашање - неговото убедување дека состојбата во СФРЈ ќе се смири со посредство на меѓународната заедница и дека ќе се создаде нов сојуз на републиките.<ref>Стојан Андов, „Зошто Глигоров инсистираше на вториот дел од референдумското прашање?“, ''Фокус'', број 1058, 15.1. 2015, стр. 44-45.<name="ReferenceA"/ref>
<br />
По оваа интервенција на Глигоров започнала интензивна комуникација меѓу македонскиот министер за надворешни работи, [[Денко Малески]], и Арбитражната комисија за да се убеди Арбитражната комисија дека Македонија нема територијални претензии кон соседите. За таа цел, по совет на бадентер, биле донесени два амандмани на македонскиот устав: со едниот била извршена поправка на уставната одредба за начинот на промена на државните граници, а со вториот амандман се дало објаснување дека Македонија нема да се меша во внатрешните работи на [[Грција]], преку својата заинтересираност за положбата на македонското малцинство. Откако двата амандмана биле усогласени со Арбитражната комисија, на [[6 јанаури]] [[1992]] година, тие биле усвоени од страна на Собранието на Република Македонија. По расчистувањето на овие недоразбирања, Арбитражната комисија донесла мислење дека Македонија ги исполнува сите потребни услови за меѓународно признавање. Сепак, наспроти ваквата препорака, Советот на министрите на Европската заедница донесол одлука да ги признае само [[Словенија]] и [[Хрватска]].<ref>Стојан Андов, „Зошто Глигоров инсистираше на вториот дел од референдумското прашање?“, ''Фокус'', број 1058, 15.1. 2015, стр. 44-47.</ref>
 
<br />
* [[Влади на Република Македонија]]
* [[Историја на Република Македонија]]
Ред 178 ⟶ 176:
=== Местоположба ===
[[Податотека:Map of the Republic of Macedonia-mk.svg|thumb|250px|right|Топографска карта на Македонија.]]
Република Македонија има површина од 25.713&nbsp;[[км²]] и нема излез на море. Република Македонија на исток граничи со [[Република Бугарија]], на север со [[Република Србија]] и [[Република Косово]], на запад со [[Република Албанија]] и на југ со [[Република Грција]]. Должината на државните граници изнесува вкупно 839 &nbsp;km, и тоа:
 
* [[Република Грција]] 262 км
Ред 225 ⟶ 223:
=== Релјеф ===
[[Податотека:Solunska glava.jpg|thumb|десно|Врвот Солунска глава на планината Јакупица во пролет.]]
Македонија е земја која што е заградена во нејзините граници и не излегува на море или океан. Таа географски е дефинирана со долината која што ја формира најголемата река на нејзината територија - [[Вардар]], која се граничи со повеќе планински вериги. Во главно земјиштето е нерамно и лоцирано меѓу [[Шар Планина]] и [[Осогово]] кои се границата на долината на реката Вардар. Трите најголеми природни езера во државата се&nbsp;— [[Охридско Езеро|Охридското]], [[Преспанско Езеро|Преспанското]] и [[Дојранско езероЕзеро|Дојранското Езеро]]. Тие лежат на јужната граница, и се поделени меѓу границите со [[Албанија]] и [[Грција]]. Охридското Езеро се смета за едно од најстарите езера и биотопи во светот.<ref>{{cite web|url=http://www.moe.gov.mk/soer2/ohrid_a.htm |title=Macedonian Ministry of Environment |publisher=Web.archive.org |date= |accessdate=28 април 2010|archiveurl = http://web.archive.org/web/20080119010740/http://www.moe.gov.mk/soer2/ohrid_a.htm |archivedate = 19 јануари 2008}}</ref> Регионот е сеизмички активен и во минатото се случиле многу катастрофални земјотреси, од кои најблизок е [[Скопски земјотрес 1963|скопскиот земјотрес од 1963]] кој сруши 80% од градот Скопје и уби околу 1.000 луѓе. Најголема котлина е [[Пелагонија]] на која се одгледуваат многу култури специфични за ова климатско подрачје, како на пример тутунот кој најмногу се одгледува во околината на [[Прилеп]].
 
44,01% од вкупната територија на Македонија е со надморска височина од 500 до 1.000 метри, 22,44% е со надморска височина од 200 до 500 метри, 22,33% е со надморска височина од 1.000 до 1.500 метри, 6,95% е со надморска височина од 1.500 до 2.000 метри, 2,89% е со надморска височина до 200 метри и 1,38% е со надморска височина од над 2.000 метри.<ref name="стат"/>
Ред 301 ⟶ 299:
Македонската книжевност започнува со [[Охридската книжевна школа]] од 886 година. Овие први пишани дела биле најчесто со религиозна тематика. Универзитетот (еден од најстарите во [[Европа]]) основан од [[Свети Климент Охридски]] во [[Охрид]] ќе биде колепка не само на македонската книжевност, туку и на книжевноста на целиот словенски свет.
 
Редакцијата на која се пишувале првите дела на овој универзитет, е еден вид на старословенски книжевен јазик кој бил универзален за севкупниот словенски свет.<ref>[http://makedonija.rastko.net/cms/files/books/4a7302d694eb6/ КНИЖЕВНО-ИСТОРИСКИ ТЕКСТОВИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА]</ref> Старомакедонската книжевност ги опфаќа книжевноста на [[црковнословенски јазик|црковнословенскиот јазик]] со македонската редакција.
 
Старата македонска книжевност е поделена на два поголеми историски периода:
 
* пред отоманското освојување на Македонија; и
* за време на отоманската власт на [[Балканскиот Полуостров]]
 
Охрид со својата Охридска книжевна школа, [[Кратово]] со својата Кратовска книжевна школа и [[Лесново]] со својата Лесновска книжевна школа биле центрите каде што се создавале дела на црковнословенски јазик.
Ред 360 ⟶ 358:
 
Поради слободата на пишување на македонски јазик, македонската литература во многу кратко време ќе го доживее својот процут. Ако кон ова се додаде богатата традиција останата уште од Св. Климент Охридски, по Втората Светска војна во Македонија за кратко време ќе се случи специфичен литературен бум.
Најпрво, ќе се појави првата генерација на македонски поети: [[ Ацо Шопов]], [[Славко Јаневски]], Блаже Конески, [[Гане Тодоровски]], Јаневски, исто така, бил прозаист и автор на првиот македонски роман, „[[Село зад седумте јасени]]“.
 
Кон ова треба да се додадат и основоположниците на македонската [[драматургија]], кои пред кодифицирањето на македонскиот литературен јазик ќе пишуваат драмски дела на народен македонски јазик, со кои ќе изиграат голема улога во националното будење на македонскиот народ: [[Војдан Чернодрински]], [[Васил Иљоски]], [[Ристо Крле]]. Кон нив достоинствено и со сериозни дела по војната ќе се надоврзат : [[Коле Чашуле]], [[Томе Арсовски]], [[Миле Неделковски]], [[Горан Стефановски]] и [[Дејан Дуковски]].
Ред 368 ⟶ 366:
==== Современа македонска книжевност ====
 
Современата македонска книжевност, или книжевноста на македонскиот јазик од завршувањето на Втората светска војна па сè до денес, е еден од најбогатите книжевни периоди во историјата на македонскиот јазик.
 
Овој период е карактеристичен првично со употребата на стандардниот пишан јазик, а што е поважно и забрзаното збогатување на македонскиот книжевен фонд.
Од првата генерација македонски писатели како што се Славко Јаневски, [[Владо Малески]], Блаже Конески, [[Стале Попов]], Ацо Шопов, Гане Тодоровски, [[Ѓорѓи Абаџиев]], [[Иван Точко]], итн. па сè до современите [[Георги Барбаровски]], [[Петре М. Андреевски]], [[Влада Урошевиќ]], [[Богомил Ѓузел]], [[Радован Павловски]]. Во средната генерација особено се истакнуваат делата на [[Радован Павловски]] – „Суша селидба и свадби“, [[Живко Чинго]], со збирките на раскази „Пасквелија“ (1962) и „Нова Пасквелија“ (1965), во кои зборува за контраста на традицијата и новите идеи.
 
Неговиот роман „[[Големата вода (роман)|Големата вода]]“ ја покажува тагата и големината на детството.
 
Паралелно со збогатувањето на македонскиот книжевен фонд, цврсто се втемелила и книжевната критика, која особено се развила со воспоставувањето на високообразовните институции во слободната македонска држава.
Ред 383 ⟶ 381:
Архитектурата има исклучително богата традиција во која се остварени низа значајни архитектонски дела.<ref>[https://macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/ АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА]</ref>
 
Во археологијата со извонреден квалитет спаѓаат оние во [[Стоби]] во [[Градско]], [[Хераклеја Линкестис]] во [[Битола]], [[Лихнид]], - [[Охрид]] и [[Скупи]] во [[Скопје]].
 
Покрај објектите од [[Римска Империја|Римската империја]]: форуми, театри, бањи, вили, забележани се и најстарите христијански [[базилика|базилики]] особено оние во: Стоби, Хераклеја, Лихннид.
Ред 395 ⟶ 393:
Градот [[Битола]], бил првиот македонски град во кој биле инкорпорирани западноевропските градителски искуства со примери на еклетички [[барок]], [[класицизам]], [[југендстил]] и елементи на [[ренесанса]].
 
Современата архитектура во Македонија, особено по катастрофалниот земјотрес во [[Скопје]] во 1963 година, ја обележуваат градби од интернационалниот стил, со што, Македонија зазема повидно место во интернационалната светска архитектура особено со објектите: [[Музеј на современата уметност (Скопје)|Музејот на современата уметност]], [[Македонската опера и балет]], [[ Македонската академија на науките и уметностите]], [[Центарот за култура во Битола]] и други.
 
=== Ликовна уметност ===
Ред 407 ⟶ 405:
Фрескоживописите во: [[Црква „Св. Ѓорѓи“ - Курбиново|Св. Ѓорѓи во Курбиново]], Богородица Перивлептос во Охрид, дело на зографите [[Михајло и Евтихие]], [[Нерези]] итн.
 
Првите почетоци на профаното сликарство се јавуваат кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Тие се поврзани со економските и социјалните промени во Македонија, а особено со постепеното формирање на граѓанската класа и градската средина во истиот тој период. Несомнено, и пробивот на информации, преку допирите со соседните земји и воопшто со Европа, придонеле да се зачнат настојувања за едно поинакво разбирање на уметноста.
 
Зародишот на ова се чувствувал во делата на зографите: [[Димитар Папрадишки|Димитриј Андонов-Папрадишки]] (околу 1858-1954 год.) [[Ѓорѓи Зографски]] (1870-1945 год.) кој бил вториот македонски зограф кој настојувал да биде и световен сликар.
Ред 420 ⟶ 418:
Создал поголем број на пејзажи со [[постимпресионизам|постимпресионистички]] стил и актови со рани сезановски елементи, а во Битола ја отворил и првата самостојна академска ликовна изложба во Македонија и пошироко.
 
Помеѓу 1920 и 1930 година биле самостојните изложби на [[Димитар Пандилов Аврамовски]] и [[Лазар Личеноски]] во 1927 година, на [[Никола Мартиноски]] и Личеноски во 1929 година.
 
Почнувајќи од 1930 година, ликовната уметност во Скопје добила поголем интензитет. Според бројот на самостојните изложби во Скопје и другите места на бивша Југославија, како и надвор од неа, најактивни биле Мартиноски и Личеноски.
Ред 426 ⟶ 424:
Во континуитет современото македонско сликарство продолжило во творештвото на [[Вангел Коџоман]], [[Борко Лазески]], [[Димитар Кондовски]], [[Родољуб Анастасов]],[[Васко Ташковски]], [[Вангел Наумовски]]... Неколку македонски повоени генерации на сликари се во паралела и актуелност со светските ликовни струења за што зборуваат нивните бројни меѓународни награди и изложби.
 
Во вајарството освен основоположникот [[Димо Тодоровски]], кој се смета за основач на современата македонска скулптура, извонредни се делата на [[Петар Хаџи Бошков]], [[Боро Митриќески]], [[Новак Димитровски]] и [[Томе Серафимовски]].
 
Музејот на современа уметност и [[Уметничката галерија во Даут-пашин амам]] се сметаат за суштинските галериски институции.
Ред 447 ⟶ 445:
[[Податотека:Opera-carsamuil.jpg|thumb|180px|left|Сцена од операта „Цар Самоил“ од [[Кирил Македонски]].]]
 
Македонија има исклучително богато музичко наследство.
 
Еден од најзначајните композитори на византиското музичко творештво бил композиторот [[Јован Кукузел]], од [[Дебар]].
Студиите на [[Сотир Гулабовски]], „Октоехос“ во врска со традицијата на македонските духовни и црковни хорски химни се значаен придонес за македонската и балканската културна историја.
 
По првата генерација модерни македонски класични композитори:[[Трајко Прокопиев]], [[Тодор Скаловски]], [[Стефан Гајдов]], [[Петре Богданов Кочко]] и [[ Живко Фирфов]] доаѓаат композиторите [[Кирил Македонски]], ( првата македонска опера), [[Глигор Смокварски]], [[Властимир Николовски]], [[Тома Прошев]], [[Томислав Зографски]], [[Михајло Николовски]], [[Љубомир Бранѓолица]], [[ Стојан Стојков]], [[Ристо Аврамовски]], [[Томе Манчев]], [[Димитрије Бужаровски]] [[ Гоце Коларовски]] <ref>[https://macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0/ МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА]</ref>.
 
[[Македонската филхармонија]] била основана во 1944 година во Народна Република Македонија, и била најстарата културна институција во областа на музиката.
 
Во текот на 1950 година, бил основан првиот [[Македонски балет]], од Глигор Смокварски и операта „[[Гоце (опера)|Гоце]]“ од Ќирил Македонски.
Ред 467 ⟶ 465:
 
Во последните триесет години во [[Прилеп]] се одржува традиционален фестивал на македонски професионални театри во чест на Војдан Чернодрински, основачот на современиот македонски театар.
Покрај нив постојат уште неколку меѓународни театарски фестивали: МОТ, во Скопје, фестивалот на комедијата во [[ Куманово]], фестивалот на монодрамата во Битола и други.
Секоја година во [[Кочани]] се одржува фестивал на аматерски и експериментални театарски претстави.
 
Во македонскиот театар голем е списокот на талентирани актери, режисери, драмски писатели, сценографи, костимографи, композитори: [[Љубиша Георгиевски]], [[Александар Ѓурчинов]], [[Благоја Марковски]], [[ Владимир Милчин]], [[Кирил Ќортошев]], [[Слободан Унковски]], [[Владо Цветановски]]...
 
== Економија ==
Ред 510 ⟶ 508:
* Електрична енергија - производство: 5.676 милијарди кWh (2013 година)
* Електрична енергија - производство по ресурси:
** фосилно гориво: 66,4% <br />
** водни: 33,2% <br />
** друг вид: 1% (2006 година) <br />
* Електрична енергија - потрошувачка: 6.869 милијарда кWh (2013 година)
* [[Бензин]]- потрошувачка: 16.670 bbl/ден (2013 година)
Ред 520 ⟶ 518:
* [[Електростопанство на Македонија]] (ЕСМ) е самостојно јавно претпријатие одговорно за производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија.
* ЕСМ е во фаза на реструктурирање и пред приватизација.
* Вкупните производни капацитети на ЕСМ (Електростопанство на Македонија) се состојат од околу 1500 &nbsp;mW од кои околу 1/3 се лоцирани во хидроцентралите, било да се тоа големи или мали централи, додека останатите 2/3 од капацитетите се во термоцентралите.
* [[РЕК Битола]] со своите 3 х 225 MW претставува најголем и високо концентриран извор на електрична енергија во државата.
* Главната преносна мрежа се состои од 400 kV, 220 kV и 110 kV водови низ целата земја.
Ред 529 ⟶ 527:
[[Податотека:E65 Skopje Northern Bypass 1.jpg|thumb|right|250px|Северна скопска обиколница Е65 / М-4]]
==== Сообраќај ====
* [[Железница]]: 699 &nbsp;km од кои 233 &nbsp;km се електрифицирани ([[1,435 m стандард]]) <br /> 56 &nbsp;km кон [[Бугарија]] се во изградба (од [[1999]])
* [[Патишта]]: 9.573 &nbsp;km (вкупно) ([[2002]]) <br /> 192 &nbsp;km [[автопат]] и уште 47 &nbsp;km [[автопат]] во изградба ([[2003]])
* [[Аеродром]]и: 17 ([[2002]])
* [[Гасовод]]: 268 &nbsp;km ([[2004]])
* [[Нафтовод]]: 120 &nbsp;km ([[2004]])
 
==== Патен сообраќај ====
Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 &nbsp;km:
* 6.830 &nbsp;km или 64,5% од неа се локални патишта
* 2.820 &nbsp;km или 26,5% се регионални патишта, а
* 950 &nbsp;km или 9% се автопати.
 
Должината на модерните патишта е 5.100 &nbsp;km.
 
Најзначаен автопат е меѓународниот автопат [[E-75]]. Започнува во [[Остенд]] - [[Белгија]], поминува преку [[Брисел]] - [[Нирнберг]], [[Виена]] - [[Будимпешта]] - [[Белград]] - [[Солун]] до [[Атина]] во [[Грција]]. Вкупната должина во Македонија изнесува 201 &nbsp;km. Поминува низ централниот дел на земјата, по должината на реката [[Вардар]], и претставува главна артерија на патната мрежа на земјата.
 
==== Железнички сообраќај ====
* Должината на постоечките железнички линии е 920 &nbsp;km, со 168 железнички станици.
* Со соседите е поврзана по железнички пат со [[Грција]] и [[Србија]], додека пак во тек е изградба на пруга кон [[Бугарија]] од [[1999]].
 
Ред 564 ⟶ 562:
* Телефони-мобилни: 1.261 милиони
* Интернет корисници: 392,671
 
* Достапни [[интернет]] услуги:
:- Dial-up пристап преку [[PSTN]] со брзина од 56кb/s <br />
:- Пристап преку [[ISDN]] мрежа со 64 kb/s или 128kb/s <br />
:- Пристап преку pre-paid картичка <br />
:- Пристап преку изнајмени линии <br />
:- Широкопојасен пристап преку [[АДСЛ]] и [[кабелски интернет]] <br />
:-Оптички пристап
 
== Политика ==
[[Податотека:Stages of education in Macedonia.svg|thumb|300px|Приказ на образовниот систем во Македонија ]]
===Политички систем===
Во 2016 година, во Македонија биле регистрирани 58 политички партии, т.е. една партија на 33.000 жители. Претходно, бројот на партии бил далеку поголем: во 2009 година имало 99 партии, а во 2005 година дури 150 партии биле зеведени во судскиот регистер.<ref>Искра Коровешоска, „Во Босна и Херцеговина има 130 политички партии, во Велика Британија само 12“, ''Дневник'', година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 4.</ref>
Ред 588 ⟶ 585:
{{Главна|Спор за името помеѓу Македонија и Грција}}
 
Поради притисоците од Република [[Грција]] (политички, економски, културни, ...), во 1993 година, државата била примена во [[Обединети Нации|Обединетите Нации]] под привремената референца ''Поранешна Југословенска Република Македонија'', <ref>[http://www.un.org/documents/ga/res/47/a47r225.htm www.un.org] Резолуција на [[Обединети Нации|Обединетите Нации]].</ref> иако била признаена под нејзиното уставно име од 133<ref name="maj2012-133">[http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=93585577&lId=1 Македонска информативна агенција-МИА] 'Република Македонија, потсети тој, е призната под уставното име од 133 земји, отворени се 56 дипломатско-конзуларни претставништва, склучени 1015 меѓународни договори, членка е на 103 меѓународни организации и регионални иницијативи, претседаваше со Генералниот секретаријат на ОН, либерализиран е визниот режим, претседаваше со Комитетот на министри на Советот на Европа, ја доби пресудата пред Меѓународниот суд на правдата и го започна дијалогот со ЕУ.'</ref> земји меѓу кои и постојаните членки на [[Совет за безбедност|Советот за безбедност]]: [[Соединети Американски Држави|Соединетите Американски Држави]], [[Кина]], [[Русија]], [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]]; членките на [[Европска Унија|ЕУ]]: [[Шведска]], [[Австрија]], [[Ирска]], [[Луксембург]], [[Словачка]], [[Естонија]], [[Чешка Република]], [[Унгарија]], [[Литванија]], [[Романија]], и [[Бугарија]]; сите поранешни југословенски републики: [[Хрватска]], [[Босна и Херцеговина]], [[Црна Гора]], [[Србија]] и [[Словенија]]; други земји кои ја признале Македонија под уставното име се: [[Турција]], [[Индија]], [[Канада]], [[Швајцарија]], [[Индонезија]], [[Аргентина]], [[Израел]], [[Бразил]], [[Саудиска Арабија]], [[Иран]], [[Украина]] итн. Во 2018 година, [[Влада на Македонија|Македонската влада]], предводена од претседателот [[Зоран Заев]], по преговорите со грчката влада, предводена од претседателот [[Алексис Ципрас]], се договориле името на државата за внатрешна и надворешна употреба да биде „Северна Македонија“. Новото име стапило во службена употреба на [[11 февруари]] [[2019]] година.
 
==Македонија како тема во уметноста и во популарната култура==
Ред 646 ⟶ 643:
* [http://www.state.gov/documents/organization/138927.pdf "State", репортажа за Македонија]
* [http://edition.cnn.com/2010/WORLD/europe/05/04/macedonia.country.profile/index.html I-list, Macedonia], профил на CNN.
 
 
{{Македонска државност}}