Разлика помеѓу преработките на „Балкански сојуз“

Одземени 5 бајти ,  пред 8 месеци
с
Правописна исправка, replaced: Меѓусојузничката војна → Втората балканска војна using AWB
с (Правописна исправка, replaced: Меѓусојузничката војна → Втората балканска војна using AWB)
'''Балканскиот сојуз''' е сојуз помеѓу [[Србија]], [[Бугарија]], [[Грција]] и [[Црна Гора]] насочен против [[Отоманска Империја|Османлиската Империја]],<ref name="OnWar-first">{{cite web|url=http://www.onwar.com/aced/data/bravo/balkan1912.htm|title=Wars of the World; First Balkan War 1912-1913|date=December 16, 2000|publisher=OnWar.com|accessdate=2009-08-14}}</ref>. Балканскиот сојуз е едната од страните која ја води [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]]. Судирот на сојузниците, по војната води до [[Меѓусојузничка војна|МеѓусојузничкатаВтората балканска војна]].
 
==Создавање на сојузот==
Мотивите за создавање Балкански сојуз е поделбата на Османлиското наследство во Европа, а непосреден повод била [[Италијанско-турска војна|Италијанско-турската војна]] во [[1911]] година, бидејќи Османлиската Империја била зафатена на друго место.
 
Преговорите за создавање на Балканскиот сојуз започнале есента [[1911]] година. Особено компликувани биле преговорите меѓу [[Србија]] и [[Бугарија]], и тоа поради несогласувањата околу поделбата на [[Македонија]]. Под силен притисок на [[Русија]] двете страни биле принудени на разни отстапувања. За да започнат преговорите услов било Бугарија да се откаже од прелиминарниот [[Санстефански договор]] и на Србија да и го признае правото на дел од [[Македонија]].
Според бугарската влада, потпишувањето на спогодбата било забрзано од следните причини: таа сметала дека [[Младотурци]]те ќе го истребат бугарското население во [[Тракија]] и во Македонија; дека руско-турските преговори ќе овозможат користење на [[Босфор]]от и на [[Дарданели]]те на руската флота, со што ќе ја загуби Русија како заштитник на бугарските интереси во случај на војна со [[Турција]], дека врз основа на спогодба меѓу [[Австро-Унгарија]] и [[Романија]] ќе се овозможи проширување на Романија на бугарска територија и дека Турција ќе отпочне превентивна војна против Бугарија. Сите овие стравови биле оправдани.
 
Српската влада имала сопствени причини да го забрза потпишувањето на спогодбата со Бугарија. По избувнувањето на Италијанско-турската војна, српската влада веднаш испратила доверлив допис во [[Петроград]], во [[Лондон]] и во [[Париз]], обрнувајќи и внимание на [[Антанта|тројната Антанта]] на последиците што Италијанско-турската војна, веројатно, ќе ги предизвика на [[Балкан]]от, напоменувајќи притоа дека најдобар начин за зачувување на интересите на балканските народи ќе биде создавањето сојуз меѓу балканските држави.
 
[[Грција]] не го очекувала решението на [[македонско прашање|македонското прашање]] од [[Големи сили|Големите сили]], меѓутоа во согласност со дотогашната поддршка на грчката политика, особено од [[Англија]], очекувала да го оствари своето територијално проширување на територијата на Македонија. Поради тоа била солидарна со другите балкански држави за создавање балкански сојуз.
 
[[Црна Гора]] се солидаризирала со Србија, а своите територијални претензии ги насочувала кон [[Скадар]] и кон [[Албанија]].
 
==Големите сили и Балканскиот сојуз==
Во летото [[1912]] година, Големите сили преку дипломатија и други контакти се обидувале да ја спречат војната меѓу Балканските сојузници и Турција.<ref>Петар Стојанов: „Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни, 1912-1913“, Скопје, 1979, стр. 85</ref> Европската дипломатија од двата блока со внимание ја следеле ситуацијата на Балканот, како и во самата Труција. Во историографијата постојат контроверзни тврдења по прашањето дали големите сили, освен [[Русија]], знаеле за Српско-бугарскиот сојузен договор од [[13 март]] [[1912]] година. Дури кога започнала општата мобилизација, големите сили почнале енергично да реагираат. Дотогаш изгледало дека европската дипломатија не е запозната со Балканскиот четворен сојуз, или е недоволно информирана. Резервираноста на [[Англија]] и [[Франција]], ги форсирала воинствените потези против [[Турција]], на [[Бугарија]], [[Србија]] и [[Грција]].
 
Русија со сите сили настојувала да ги одоброволи Англија и Франција за поддршка на балканските сојузници, очекувајќи да добие хегемонија на Балканот. [[Италија]] била запозната со српско-бугарскиот договор, и дури добила понуда од балканските сојузници и тие да ѝ се придружат во војната против Турција. Германската влада, пак, го сметала балканскиот сојуз под патронат на Русија за опасен, и дека може да се насочи колку против Турција, толку и против [[Австро-Унгарија]].
 
Австро-унгарската влада дознала за српско-бугарскиот договор во мај 1912 година, благодарение на романскиот крал Карол.<ref>Петар Стојанов: „Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни, 1912-1913“, Скопје, 1979, стр. 96</ref> Меѓутоа, овој сојуз бил проследен со молчење. Сепак, австро-унгарската дипломатија работела упорно на тоа да го ослаби сојузот, а по можност и да го разбие.