Балканска федерација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Погрешен податок
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Правописна исправка, replaced: Балканскиот полуостров → Балканскиот Полуостров using AWB
Ред 11:
== Македонско прашање ==
 
Идејата за Балканска Федерација е тесно поврзана со [[Македонско прашање|Македонското прашање]], кое е дел од поголемото Источно прашање.
 
Македонскиот интелектуалец [[Спиро Гулапчев]] објавил во [[1887]] година свој проект за ''Источна федерација на Балканот'' од осум држави учеснички: [[Македонија]] (во нејзините географски и етнички граници), Епир(Албанија), Европска Турција, [[Црна Гора]], [[Романија]], [[Србија]], [[Бугарија]] и [[Грција]].
 
Македонските социјалисти се застапувале за создавање самостојна македонска република во федерација на балканските републики. Во почетокот на [[20 век]] македонските интелектуалци, групирани во Србија околу весникот „Балкански гласник“ ([[Белград]], уредуван од [[Стефан Јакимов Дедов]]) и тие во [[Русија]], организирани во [[Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург|Македонското научно-литературно другарство]], се застапувале за создавање самостојна македонска национална држава, „пиемонт“ за обединување на словенските и православни народи на Балканот, „балканското словенство и православие“.
 
Непосредно по [[Илинденското востание]] ([[јануари]] [[1904]]), претставниците на [[ТМОРО]] [[Борис Сарафов]] и [[Михаил Герџиков]] отпатувале во [[Рим]] за да ја заинтересираат [[Италија]] заедно со [[Франција]] и [[Англија]] да се ангажираат за создавање македонска држава, јадро за формирање Балканска конфедерација. Македонскиот клуб во Белград и неговиот орган, весникот „Автономна Македонија“ ([[1905]]), што го издавале Хаџиташковиќ и Ѓерѓиковиќ, се застапувал исто така за балканска федерација/конфедерација.
 
[[Народната федеративна партија]] на [[Јане Сандански]] ([[1908]]) се определила за создавање [[Источна федерација]] со Македонија како одделна федерална единица. За создавање Балканска федерација, односно конфедерација се застапувале и социјалдемократските организации 1908–1913, македонските интелектуалци во Русија (1913–1914 и 1917–1924), а македонските друштва во [[Швајцарија]] (1919) барале создавање македонска држава и балканска, односно јужнословенска федерација.
 
По војната [[ВМРО (Обединета)]] се определила за македонска република во балканска федерација.
 
Балканската Федерација се предлага како решение на Македонското прашање, и како таква се појавува во повеќе програми на [[ВМОРО]]. Идејата била разгледувана од голем број на видни дејци на организацијата на чело со [[Гоце Делчев]]. После [[Илинденското востание]] 1903 година и расцепот на ВМОРО, левото крило на организацијата на чело со Јане Сандански, после младотурската револуција ја основа Народната федеративна партија која испаќа делегати во Османлискиот парламент, едниот од нив е [[Димитар Влахов]]. Исто така, започнува со издавање на весникот „Балканска федерација“ во [[Виена]], кој претставувал орган на левото крило на ВМОРО.
Ред 38:
 
[[Категорија:Коминтерна]]
[[Категорија:Историја на Балканскиот полуостровПолуостров]]
[[Категорија:Историја на социјализмот]]