Теодосиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Балканскиот полуостров → Балканскиот Полуостров using AWB
Ред 15:
|issue=[[Лицинија Евдокија]]
|}}
'''Флавиј Теодосиј''' или '''Теодосиј II''' ([[латински]]: ''Flavius ​​Theodosius Junior'') бил император на [[Источната Римска империја]] во периодот од [[408]] до [[450]] година.
 
Нарекуван уште Теодосиј Помладиот, тој престолот го наследил како малолетник кој имал само седум години. Тој станал еден од најдолго владејачките императори на Византија, со која управувал повеќе од 40 години. Иако во надворешната политика Теодосиј II бил принуден да направи голем број отстапки, внатрешната состојба на државата продолжила да биде стабилна, за разлика од нередите кои ја зафатиле Западна Римска империја. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата играеле сестра му [[Пулхерија]] и жена му [[Евдоксија]].
 
== Управување ==
Ред 24:
Теодосиј II бил побожен и образовен владетел, познат по своите вештини во калиграфија. Во [[414]] година била изградена [[Аја Софија|втората црква Света Софија]], позната како Теодосиева црква. Неговата сестра [[Пулхерија]] издала наредба според која не се дозволувал пристап до Големата палата на никој маж, па се зборувало дека за време на нејзиното регентство дворот бил претворен во [[манастир]]. Кога Теодосиј наполнил полнолетство тој се оженил со Евдокија која ја родила [[Лицинија Евдоксија]] која се омажила за [[Валентинијан III]], царот на Западот.
 
Во текот на овој период биле завршени новите ѕидини на престолнината, кои биле повеќе од еден километар оддалечени од старите ѕидини на Константин. Ѕидините го опфаќале просторот од [[Палата Влахерна|палатата Влахерна]] до бреговите на [[Мраморно Море]] со должина од 6,5 километри. Просторот помеѓу новите ѕидини и старите бил малку населен, па овие површини се користеле за изградба на манастири и резервоари. Прва цистерна која била изградена била цистерна Еција во 421 година на шестиот рид, цистерна на Аспар на петтиот рид и цистерна на Свети Моциј на седмиот рид. На [[27 февруари]] [[425]] година бил основан [[Константинополски универзитет|Константинополскиот универзитет]] на грчки и латински јазик.
 
== Надворешна политика ==
Ред 34:
Смртта на Хонориј во [[423]] година го оставил Теодосиј II како единствен легитимен владетел од династијата бидејќи Хонориј немал машки деца, но Теодосиј немал намера да ја обедини [[Римската империја]]. Во [[425]] година, по отстранувањето на узурпаторот Јован на западниот трон бил поставен малолетниот [[Валентинијан III]], братучед на Теодосиј II. Во 30-те години [[Вандали]]те зазеле значителни римски територии во [[Северна Африка]], вклучително и градот [[Картагина]], а заедничката експедиција на двете империи против освојувачите во [[Сицилија]] претрпело неуспех (439-442).
 
Во 30-тите и 40-тите години на [[5 век]] значаен проблем претставувало постојаните напади на Хуните на [[Балканскиот полуостровПолуостров]], особено по стапувањето на [[Атила]], кој ја уценувал византиската влада за да добива огромни количини злато. Во 439 година, годишниот данок платен на Атила бил зголемен двојно - од 350 на 770 римски фунти злато, а по преземањето на Ниш во 443 година е двојно зголемен до 1400. Сепак дунавските провинции на Мизија повеќепати биле уништени и останале речиси напуштени. Императорот се согласил да плаќа по 2100 римски фунти злато годишно (околу 687 кг.) во замена за примирје. По поразот кај Утус ([[447]] година) [[Атила]] пристигнал до ѕидовите на Константинопол и побарал тројно поголем годишен данок (6000 фунти злато), но Теодосиј II ги одбил овие услови. Хуните не биле во можност да ги заземат импресивните Теодосиеви ѕидини по кое се повлекле. Во 449 година византиски агенти направиле неуспешен обид за атентат врз Атила.
 
== Религиозна и правна политика ==
Ред 40:
Во [[438]] година бил издан "''Codex Theodosianus''" кој ги содржал сите закони кои биле издадени од [[Константин Велики]] до Теодосиј II. Кодексот влегол во сила како на истокот така и на западот бидејќи врските меѓу двете страни биле многу силни. Самиот Валентијан се оженил со [[Лицинија Евдоксија]]. Со издавањето на кодексот настанале и нови религиозни контроверзии кои се однесувале на божествената и човечката природа на [[Христос]]. Овој спор се решил на [[Трет вселенски собор|Третиот вселенски собор]] во [[Ефес]] каде било потврдено дека [[Исус Христос]] е една Личност со две природи: со божествена природа – од вечноста, од Отецот, и со човечка природа – која ја примил во времето, од Пресвета Богородица. По соборот било осудено учењето на [[Несториј Константинополски]] (несторијанство).
 
{{Шаблон:Римски императори}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Родени во 401 година]]
[[Категорија:Починати во 450 година]]