Послание до Филипјаните: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Балканскиот полуостров → Балканскиот Полуостров using AWB
Ред 1:
{{Книги од Новиот Завет}}
'''Послание на апостол Павле до Филипјаните''' — книга од [[Новиот Завет]] напишана од [[Апостол Павле]] во [[Рим]] во периодот од [[61]] или [[63]] година<ref name ="Harris">Harris, Stephen L., Understanding the Bible. Palo Alto: Mayfield. 1985.</ref>.
 
Древномакедонскиот град [[Филипи]] се наоѓал кај денешното село [[Рахче]] во [[Кавалско]], [[Егејска Македонија]], на 15&nbsp;км од брегот на [[Егејско Море]]. Градот Филипи бил средиште на жива културна, верска и трговска дејност. Низ него поминувале сите поважни патишта што го пресекувале Балканскиот полуостровПолуостров, вклучувајќи го и Вија Егнација, кој ја пресекувал [[Македонија (регион)|Македонија]] од едниот до другиот крај. Според некои истражувачи, Филипи е првиот град во [[Европа]], каде што било проповедано и прифатено [[христијанство]]то.
 
Уште со самото пристигнување во Филипи, апостолот Павле и неговите соработници започнале да го проповедаат новото учење. Тоа тие го правеле надвор од градот кај една река, каде што месните жители имале обичај да излегуваат на молитва. Првите слушатели на апостолот Павле биле, пред сё, [[антички Македонци]], кои, по стар обичај излегувале надвор од градот, да се молат кај реката. Тешко е да се прифати дека надвор од градот, имало еврејска [[синагога]] или пак некаков друг помал молитвен дом на евреите, каде што тие се молеле и дека имено во тој молитвен дом Павле го проповедал новото религиозно учење. Мислењето дека во Филипи апостолот Павле проповедал исклучиво помеѓу [[антички Македонци]], се прифаќа од голем број видни проучувачи на [[Библија]]та, меѓу кои е и истакнатиот теолог Шинц.
 
Според христијанската традиција, прва која го прифатила христијанството во Македонија била [[Света Лидија Македонка]].