Разлика помеѓу преработките на „Полноќно сонце“

Одземени 2 бајти ,  пред 9 месеци
с
Јазична исправка, replaced: Аљаска → Алјаска using AWB
с (Јазична исправка, replaced: Аљаска → Алјаска using AWB)
Спротивниот феномен, поларната ноќ, се случува во зима кога сонцето останува под [[хоризонт]]от во текот на целиот ден.
 
Затоа што Земјината оска е наведната кон [[еклипса]]та за приближно 23 степени 27 минути, сонцето не заоѓа на големи географски ширини во летно време (локално лето). Времетраењето на полноќното сонце се зголемува од еден ден за време на летната [[рамноденица]] на [[Северен поларен круг|поларниот круг]] до приближно (поради прекршување на светлината) шест месеци на половите. Во екстремните географски ширини вообичаено го нарекуваат '''поларен ден'''. Времетраењето кога сонцето е над хоризонтот се разликува од неколку дена на Арктикот и Антарктикот до 186 дена на [[Географски пол|географските полови]].
 
На самите полови сонцето изгрева и заоѓа само по еднаш годишно. За шесте месеци кога сонцето е над хоризонтот на половите, тоа во текот на денот постојано се движи околу хоризонтот, достигнувајќи го најголемиот круг на небото при летната рамноденица.
 
== Временски зони и летно сметање на времето ==
За целите на овој напис поимот „полноќно сонце” се однесува на феноменот на 24-часовна сончева светлина северно од Арктикот или јужно од Антарктикот. Но, има некои други случаи кога се споменува „полноќно сонце”, иако тие всушност се поради промената на временски зони и [[Летно сметање на времето|летното сметање на времето]]. На пример во [[Фербенкс]], Алјаска, кој се наоѓа јужно од Арктикот, сонцето заоѓа во 12:47 за време на [[рамноденица|летната рамноденица]]. Ова е поради тоа што Фербенкс е еден час пред неговата вистинска [[временска зона]] (поради промените со цел целата земја да биде во една временска зона) и поради тоа што државата АљаскаАлјаска користи летно сметање на времето. Ова значи дека до [[соларна кулминација]] доаѓа околу 14:00 часот наместо како што е во повеќето места во 12:00 часот. Обратно, пак, до астрономска полноќ доаѓа во 02:00 часот. Во [[Бетел]], Алjаска, кој се наоѓа јужно од [[Енкориџ]], сонцето, за време на летната рамноденица, од истите причини, заоѓа во 12:24 часот. Овие примери не се вистински феномени на поларен ден/полноќно сонце затоа што сонцето е под хоризонтот секој ден од годината во времето на локалната астрономска полноќ.
 
== Бели ноќи ==
Наместо ова, на местата со над 60 степени географска ширина кои се јужно од Арктикот или северно од Антарктикот доаѓа до полноќен [[самрак]]. Сонцето е на хоризонтот до 6 степени под хоризонтот, па дневни активности како читање се сѐ уште возможни без употреба на вештачка светлина доколку не е облачно.
 
Белите ноќи станаа познат симбол на [[Санкт Петерсбург]], [[Русија]]. Тие траат од 11 јуни до 2 јули и последните 10 дена од јуни се проследени со културни манифестации.
 
== Кога може да го видите полноќното сонце ==
На многумина им е тешко да заспијат навечер кога сонцето грее. Најчесто најголеми проблеми имаат посетителите и новодојденците. На мештаните исто така им е проблем, но во помала мера. Немање на ноќ долго време може да предизвика [[хипоманија]], која се одликува со постојана и честа промена на расположението и нервоза.
 
Ова може да предизвика симптоми на хиперкинетичко нарушување (Attention deficit hyperactivity disorder/ADHD), менувајќи го опсегот на внимание кај луѓето, кои мора да брзаат при кратката сончева светлина во ноќта и зголемувајќи ја избувливоста и хиперактивноста при постојана светлина.
 
Исто така, полноќното сонце претставува посебен предизвик за религиозните луѓе како [[Евреи]]те, чии обичаи се засновани на 24-часовниот деноноќен циклус.
* Во филмот ''Несоница (Insomnia)'' и неговата американска преработка од 2002 г., главниот лик додека истражува убиство северно од Арктикот (Норвешка во оригиналот и Алјаска во преработката) има проблеми со несоница делумно поради полноќното сонце.
* Во епизодата ''Полноќното сонце (The Midnight Sun)'' од серијата ''[[Зона на самракот]] (The Twilight Zone)'' Земјата е на пат да се судри со сонцето предизвикувајќи го ефектот на полноќно сонце.
* Епизодата насловена ''Полноќно сонце'' од серијата ''[[Живот на север]]'' ги истражува последиците од феноменот кај жителите од едно мало село во Алјаска.
 
== Наводи ==