Разлика помеѓу преработките на „Океаниди“

Одземени 14 бајти ,  пред 1 година
с
Јазична исправка, replaced: Види исто така → Поврзано using AWB
с
с (Јазична исправка, replaced: Види исто така → Поврзано using AWB)
 
[[Податотека:Les Oceanides Les Naiades de la mer.jpg|350px|thumb|десно|Океаниди, [[Гистав Дор]], слика од 1860-те години]]
'''Океаниди''' ({{lang-el|Ωκεανις, Ωκεανιδες}}) според [[старогрчка митологија|старогрчката митологија]] биле [[нимфа|нимфи]], ќерки на [[титани|титанот]] [[Океан (бог)|Океан]]. Ова е тврдење на [[Хомер]] шо е запишано во неговите [[химна|химни]]. Според [[Есхил]], [[Аполодор од Атина]], [[Хигин]] и [[Хесиод]], нивна мајка била божицата [[Тетија]].<ref name="теои">[http://www.theoi.com/Nymphe/Okeanides.html -{theoi.com: Okeanides}-]</ref>
 
== Митологија ==
Имало три илјади Океаниди, и тие ја претставувале целата [[вода]] на светот: од [[дожд]]овните [[облак|облаци]], па сè до [[подземна вода|подземните води]].<ref>Hesiod, Theogony, 346 ff</ref> Некои од нив, како [[Климини]], [[Азија (митологија)|Азија]], и Електра, биле тесно поврзани со [[Титани]]те.
 
Овде спаѓаат [[Нефели]]те, нимфите на облаците, [[Аури]]те, нимфите на [[ветар|ветрот]], [[Најади]]те, нимфите на [[извор]]ите и [[фонтана|фонтаните]], [[Лејмониди]]те или Лимонидите, [[пасторала|пасторалните]] нимфи и [[Антусаиди]]те, [[цвет]]ните нимфи. Овие нимфи ретко биле опишувани како [[море|морски]], но подоцна кога мистичните води на Океанот, кои биле претставувани како реки кои го опколуваат светот, се изедначиле со [[Атлантски Океан|Атлантикот]], Океанидите го добиваат епитетот „морски“.
 
Некои од Океанидите биле придружнички на моќните богови, како [[Артемиди]]те кои биле другарки на божицата со истото име, [[Артемида]]. [[Пејто]] била другарка на [[Афродита]], а [[Климена]] на [[Хера]].
 
== Поврзано ==
== Види исто така ==
* [[Список на Океаниди]]