Илинденска организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q514385 (translate me)
с Јазична исправка, replaced: Види исто така → Поврзано using AWB
Ред 15:
|type = културно-просветна
|status =
|purpose = создавање на [[Самостојна македонска држава|самостојна македонска држава]]
|headquarters = [[Софија]]
|location = [[Бугарија]]
Ред 33:
}}
'''Илинденската организација''' била емигрантска организација на македонските револуционери,
учесници во [[Илинденското востание]] и во ослободителните борби на Македонија. Друштвото ''Илинден'' било основано во Софија, во пролетта [[1921]] г., како доброволна и културно-просветна организација, независна од политичките партии.
 
Друштвото имало свој орган, весникот „Илинден“, кој од 30 јули 1921 г. започнал да излегува под редакција на А. Панов.
 
Вакви друштва биле основани во повеќе градови со македонска емиграција. Основачкиот конгрес на Организацијата бил одржан во [[Софија]] (19–21 јануари 1923), бил усвоен Устав, било избрано раководство од 7 члена со претседател [[Георги Занков]]. Организацијата застанала на позицијата за автономија и независност на Македонија во [[Балканска федерација]], претставувана од органот Илинден, со редактор [[Арсениј Јовков]].
 
Во 1924 г., по убиството на редакторот Јовков, паднала под влијание на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]]. На Вториот конгрес на организација (12–13 јули 1925), Занков и Јовков (посмртно) биле исклучени од раководството. Новото раководство почнало да издава ново гласило „[[Илустрација Илинден]]“, на чело со П. Мрмев и Христо Шалдев.
Ред 43:
По 19-мајскиот преврат (1934), Организацијата била забранета. Во текот на [[Втората светска војна]] (1941– 1944) таа ја обновила својата дејност.
== Основање ==
Илинденската организација била основана од поранешни дејци на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] кои не влегле во [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на [[Тодор Александров]] по завршувањето на [[Првата светска војна]]. Официјално Илинденската организација е основана на 16 декември 1920 година <ref>[[s:Протокол за создавање на организацијата Илинден]]</ref>. Ги обединува друштвата ''Илинден'' во цела [[Бугарија]].
 
Првото друштво е основано во [[Софија]] на 3 април 1921 година со претседател [[Крум Зографов]], потпретседател [[Георги Занков]], секретар [[Георги Поп Христов]], благајник [[Славчо Пирчев]] и советници [[Стојан Мишев]] и [[Иван Попов]] <ref>Спомени на Георги Попхристов [http://www.promacedonia.org/gph/gph_35.html Спомени на Георги Попхристов]</ref>.
 
Според привремениот таа е взаемнопомагателна организација, независна од сите политички струи и партии во Бугарија. По софиското друштво, кое послужило како основа, се формирале и други друштва. До крајот на 1922 година во различни градови низ Бугарија се создале 31 друштво со вкупно 4.340 членови. Во јануари 1923 година се одржал основачкиот конгрес на Илинденското организација. Таа била раководена од одбор составен од 7 лица, од кои 4 биле избирани од софиското друштво, а останатите од конгресот. Членови на раководството се [[Славчо Абазов]], [[Борис Стрезов]] и други.
== Судир со ВМРО ==
[[Податотека:Arseni-Yovkov.jpg|мини|десно|150п|Арсениј Јовков]]
Во текот на 1924 година, [[Тодор Александров]] неколку пати разговарал со [[Петар Ацев]], тогашен претседател на Илинденската организација, по повод изборот на [[Арсениј Јовков]] и Георги Занков во раководно тело. Тодор Александров побарал тие двајца да бидат отстранети од Илинденската организација, меѓутоа неговото барање не било уважено.
 
По убиството на Александров, како учесници во заговорот биле осомничени раководителите на Илинденската организација. [[Иван Михајлов]] за убиството на Александров го обвинил таборот од спротивното течение во македонското револуционерното движење и решил да се пресмета со противниците на ВМРО, првенствено со левицата во Организацијата, предводена од [[Алеко Василев]] и [[Георги Атанасов]] и со раководството на Илинденската организација.
 
Михајлов и групата околу него, [[Петар Шанданов]], [[Георги Баждаров]], [[Јордан Ѓурков]], [[Панчо Михајлов]], почнале да коваат план за предвидените ликвидации, а кон себе успеале да ги придобијат генералот В'лков и Воената лига.
 
На 17 септември 1924 година на падините на Пирин планина бил убиен Арсениј Јовков, еден од раководителите на Илинденската организација и уредник на весникот Илинден. ВМРО направило обиди за ликвидација и врз повеќе членови на Илинденската организација, но некои од нив успеале да се засолнат како Петар Ацев, Владо Георгиев и Георги Занков.
Ред 61:
 
== 1924-1934 година ==
Во следните години Илинденската организација се занимава претежно со културно-просветна дејност. Во 1932 година на седмиот редовен конгрес на организацијата за претседател на организацијата бил реизбран [[Кирил Христов]] <ref>„Илюстрация Илинден“, 1932 г., София, бр.2, стр.6-9. [http://www.scribd.com/doc/35539013/Illustration-Ilinden-1932-Book-2-Godina-V-November „Илюстрация Илинден“, 1932 г., София, бр.2, стр.6-9]</ref>. Нејзини претставници се делегати на [[Голем македонски собор|Големиот македонски собор]], одржан во 1933 година во [[Горна Џумаја]]. Организацијата е формално растурена по 19-мајскиот удар од 1934 година, меѓутоа таа реално егзистирала до 1947 година.
 
== Возбнова ==
Ред 67:
Во 1940 година, [[Лазар Томов]], во форма на претседател на Илинденската организација, ја потпишал заедничката декларација за пристапувањето на целокупна и обединета Македонија во границите на Бугарија <ref>Борис Николов, Владимир Овчаров, „Спомени на Владимир Карамфилов за просветното дело и революционните борби в гр. Прилеп“, ИК "Звезди", София, 2005 г., стр.100-101</ref>.
 
По 9 септември 1944 година издавањето на Илустрацијата Илинден е прекинато. На 21 јули 1945 година е избрано ново раководство: Стефан Аврамов - претседател, Милан Ангелов (потпретседател), секретар Никола Паунчев и Мариса Казаски, Никола Константинов (благајник) и двајцата советници Божин Проданов и Тома Карчов. Раководството е лојално на новата комунистичка власт, со исклучок на Божин Проданов, кој е исклучен една година подоцна од страна на раководството <ref>Гребенаров, Александър, Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918 - 1947), МНИ, София, 2006 г., стр.381-383.</ref>.
 
Во октомври 1946 година членовите на Организацијата го исполниле дадениот завет, посмртните останки на [[Гоце Делчев]] да бидат пренесени во престолнината на слободна Македонија.
Ред 79:
 
{{Цитатник|''... Илинденската организација како културно-просветна и добротворна, била создадена во Пиринскиот дел на Македонија во 1921 година и нејзина цел била попула ризирањето на илинденските и на револуционерните традиции меѓу македонската емиграција во Бугарија. На почетокот таа била анга жирана како организатор на одбележувањата на го дишнините од Илинденското востание, но и на други значајни настани и личности од историјата на македонскиот народ. Исто така, Илинденската организација учествувала во акцијата за пронаоѓање архиви и знамиња на револуционерни реони и востанички чети, со бирање материјали, издавање книги, брошури, весници, спи санија, со која најмногу придонела да не се прекине духовната врска на македонската емиграција со Илинден...'' <ref name="VERA" /> }}
 
 
 
{{Цитатник|''... Во своето речиси две ипол децениско постоење, Организацијата во која поранешните учесници во Илинденското востание и во револуциоерните борби за ослободување на Македонија биле организирани како посебни друштва, пројавила голема противречност во нејзината активност. Во првите неколку години по завршувањето на Првата свет ска војна, со ангажирањето за популаризирање на споменот на Илинденското востание меѓу македонската емиграција во Бугарија и македонскиот народ во Пиринска Македонија, таа најмногу придонела да не биде прекината духов натаврска на народот со Илинден. Меѓутоа, во еден нетака мал временски период од постоењето, таа спроведувала и дијаметрално спротивна активност. Најголемо деградирање на изворните илинденски вредности, Организацијата извршила за време на Втората светска војна, кога идеалите на илинденските востаници ги изедначила со фашистичките идеали...'' <ref name="VERA">[http://www.makedonskosonce.com/broevis/2005/sonce555.pdf/52_anita.pdf ВЕРА ГОШЕВА „ИЛИНДЕНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА (1921 - 1947)“]</ref> }}
Ред 120 ⟶ 118:
*[http://www.makedonskosonce.com/broevis/2005/sonce555.pdf/52_anita.pdf "ИЛИНДЕНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА (1921 - 1947)" ОД Д-Р ВЕРА ГОШЕВА]
 
== Поврзано ==
== Види исто така ==
*[[Илустрација Илинден]]
{{Македонски емигрантски организации во Бугарија}}