Разлика помеѓу преработките на „Сончево зрачење“

Одземени 10 бајти ,  пред 2 месеци
с
Јазична исправка, replaced: Види исто така → Поврзано using AWB
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с (Јазична исправка, replaced: Види исто така → Поврзано using AWB)
На Земјата, сончевото зрачеење е видливо како дневна светлина кога [[Сонце]]то е над [[хоризонт]]от. Кога директното зрачење не е попречено од облаци, освен сончева светлина имаме ефект и на топлина. Топлината на земјината површина и предметите на неа се во директна зависност и од затоплувањето на воздухот.
 
[[Орбита]]та на [[Земја]]та има влијание врз количеството сончево зрачење. На пример, на [[латитуда]] од 65 степени, сончевата енергија во лето и зима варира за повеќе од 25%, поради варијацијата на Земјината орбита, со што јасно се оцртуваат [[годишни времиња|годишните времиња]]. Се смета дека ваквите промени во примањето на сончевата енергија се причина за појава на [[ледено доба]].
 
Дотокот на енергија од сончевото зрачење се нарекува [[сончева константа]], која е 1400W/m2 при средна оддалеченост на [[Земја]]та од [[Сонце]]то, под агол од 90 степени занемарувајќи го влијанието на атмосферското апсорбирање. При поминување низ [[атмосфера]]та дел од енергијата се троши во сложени процеси, а дел се рефлектира и реемитува во [[вселена]]та. Тој дел изнесува околу 1/3 од енергијата која стасала до работ на атмосферата. Дотокот на енергија до површината на [[Земја]]та изнесува во просек 920W/m2. Ако проекцијата на површината на Земјата е 127.106 km2, дотокот на енергија изнесува 117.400 TW. Поради [[ротација]]та на Земјата таа енергија се распоредува по целата површина на Земјата (510.1.106km2), просечниот доток на енергија изнесува 230W/m2, односно 5.52Wh/m2 дневно. Ова се секако просечни вредности, а реалните зависат од географската ширина, делот од денот, појавата на блаци, загадувањето и др.
 
== Културни аспекти ==
За повеќето луѓе директното изложување на сончевото зрачење е непријатно, а посебно долго изложување на силна сончева светлина предизвикува долготраен проблем со видот. Затоа се измислени очилата за сонце, а во употреба се и други помагала за заштита од Сонцето: капи, чадори, природни или вештачки создадени сенки и така натаму.
 
 
 
=== Користење на сончевата енергија ===
 
=== Сончеви колектори ===
Материјалите кои имаат особини на црно тело (потполно апсорбирање на сончевата енергија) се подобни за изградба на колектори. Се поставуваат на крововите, на фасадните или носечките конструкции. Степенот на искористеност при трансформација на сончевата енергија во топлинска изнесува околу 60% до 70%. Составни делови на колекторот се: куќиште (од Al профил), термоизолација (минерална волна со дебелина од околу 50  mm), апсорбер (алмела низ која се поставени [[бакар]]ни цевки), стаклена прекривка со дебелина од 4  mm. Ова се техничките податоци на колектори кои ги прозиведуваат некои регионални фирми.
Во системите за искористување на сончевата енергија разликуваме два циркулациски круга: примарен и секундарен. Во примарниот круг, топлината апсорбирана во апсорберот од колекторот се пренесува до разменувачот на [[топлина]]та. Преносител на топлината во примарниот круг најчесто е смеса од вода и 30-40% [[етиленгликол]]. Во секундарниот круг преку променувачот на топлината, топлината се пренесува на [[акумулатор]]ите за топлина, а од тука посредно или непосредно до потрошувачите, како топла санитарна вода или вода за греење на просторот.
Меѓутоа, мора да има дополнителен систем за греење и топла вода, бидејќи сончевата енергија ноќе и во зима не ги задоволува нашите потреби. Со вградувањето на колекторите на самиот старт имаме дополнителна инвестиција, меѓутоа дополнително имаме заштеда на гориво или електрична енергија.
 
Сопред проценките сончевата енергија (наречена и „соларна“) во [[лето]] би можела да обезбеди 80% од потребата за топла вода, а во [[зима]] меѓу 35% и 50%. Системите за греење и топла вода би можеле да обезбедат 35% од потребите во северна и централна [[Европа]], околу 50% јужно од [[Алпи]]те, а на југот на Европа дури и до 70%. Според предвидувањата вкупната површина на колектори во ЕУ во 2010 треба да достигне 75 милиони km2.
 
=== Сончеви електрани ===
Во сончевите (или соларни) електрани се врши посредно претворање на сончевата енергија во електрична. Со примена на [[огледало|огледала]] се врши концентрирање на сончевата енергија во колекторот. Доколу на тој начин се постигне температура помала од 100 [[целзиус|С]], тогаш во разменувачот на топлината се користи [[фреон]], кој испарува и ја движи [[турбина]]та, а ако се постигне значително повисока температура тогаш топлината се пренесува на [[вода]] од која создава пареа која ја движи парната турбина.
 
Постојат два система за сончеви електрани: за мали сончеви електрани: DCS-Distributed Collectors System, кај кои течноста тече низ цевки околу кои се поставени параболични огледала, што го фокусираат зракот на цевката, пренесувајќи ја на тој начин концентрирано топлината.
За големи сончеви електрани: CRS-Central Reciver System, со централен приемник, на кој со огледала се пренесува целокупната топлина.
Ваквите сончеви електрани користат централен столб (повисок од 100m), на кој е лоциран котел – колектор за топлина. Околу столбот се распоредени огледала (хелиостати), чија положба [[компјутер]]ски се контролира и корегира, така што независно од положбата на [[Сонце]]то во текот на денот, секогаш го рефлектираат зракот на врвот од столбот. Загреаната течност (минерлни масла или течен [[натриум]]) се пренесува преку [[акумулатор]]от за топлина до разменувачот, во кој се генерира пареа која ја движи турбината.
 
Најголема CRS електрана во светот е СЕ „Solarone“, во [[Калифорнија]], со сила од 10MW. За нејзина изградба се потрошени 142 милиони УСД, што дава специфична инвстиција од 14,2 USD/W, а што е за 15 пати пскапо од класичните електрани. Интересен е податокот дека 20 екипи од по 20 луѓе континуирано ги чистат огледалата за да може сончевата електрана да функционира нормално.
 
Специфичната потрошувачка на клучните материјали (челик и бетон) е 20 до 30 пати поголема одколку кај ТЕ. Според пресметките периодот на враќање на инвстицијата е околу 15 години. Уште еден проблем е и големиот простор кој е потреба за огледалата, со што кога таква СЕ би се градела на продуктивен простор, не би била можна било каква продукција на [[биоенергија]].
 
== Поврзано ==
== Види исто така ==
{{commonscat}}
<div style="-moz-column-count:3; column-count:3;">
* [[Годишни времиња]]
</div>
 
 
== Наводи ==