Информбиро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Види исто така → Поврзано using AWB
Ред 16:
|colours = црвена
}}
'''Информбиро''' — една од кратенките за '''Комунистичкото информациско биро''' (познато и како '''Коминформ'''). Основано е на [[27 септември]] [[1947]] година и претставува прв официјален форум на меѓународно ниво на комунистичките партии по распуштањето на [[Коминтерна]]та во [[1943]] година.
 
Тоа била организација доминирана од [[СССР]] со цел да се обединат идеолошките и политичките ставови на комунистичките партии во Европа.
 
Седиштето на Информбирото на почетокот е лоцирано во [[Белград]], но по исклучувањето на [[Југославија]] од Информбирото, тоа е преместено во [[Букурешт]]. По 1948 година главната функција на Информбирото претставува агитацијата против комунистичкото раководство во Југославија, а е расформирано во [[1956]] година како резултат на нормализацијата на односите помеѓу [[СССР]] и [[Југославија]].
Ред 24:
== Партии членки на Информбирото ==
 
Во Информбирото, за разлика од Коминтерната, не членуваа сите комунистички партии од светот, туку единствено партиите што дојдоа на власт во [[Источна Европа]], со исклучок на [[Албанија]].
 
Членки на Коминформот биле: Комунистичката партија на Бугарија, Комунистичката партија на Италија, Комунистичката партија на Југославија (до исклучувањето во 1948), Комунистичката партија на Полска, Комунистичката партија на Романија, Комунистичката партија на СССР, Комунистичката партија на Територијата на Трст (до исклучувањето во 1948), Комунистичката партија на Унгарија, Комунистичката партија на Франција и Комунистичката партија на Чехословачка.
Ред 38:
На почетокот Југословените се обидувале да ги нормализираат односите, изразувајќи ја својата верност на марксизмот, ленинизмот и [[сталинизам|сталинизмот]], но подоцна, откако се обвинети за [[троцкизам]] и [[фашизам]], почнуваат да бараат нови решенија на изградба на социјалистичкото општество, кои подоцна ќе значат и формулирање на теоријата за работничко [[самоуправување]] и воопшто на [[титоизам|титоизмот]] како посебна [[комунизам|комунистичка]] теорија.
 
Во насока на борбата против сталинизмот, југословенското комунистичко раководство по конечниот раскин со Сталин, почнува да ги гони и затвора поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото. Меѓу позначајните жртви на оваа кампања се [[Сретен Жујовиќ]] и [[Андрија Хебранг]], а во [[СРМ|НР Македонија]] - [[Панко Брашнаров]], [[Венко Марковски]], [[Петре Пирузе]], [[Владимир Полежиновски]], [[Богоја Фотев]], [[Иван Точко]] и други.
 
Голем дел од поддржувачите на Резолуцијата на Информбирото беа затворени во логорот на [[Голи Оток]]. Врз основа на сомневања или неосновани и незаконски обвинувања дека се ненародни и антидржавни елементи и без судење, во комунистичкиот логор на Голи Оток од Македонија според едни извори завршуваат над 1.000,<ref>[http://www.globusmagazin.com.mk/WBStorage/Files/7460v.pdf Глобус, 16.09.2008.: „Голи Оток: комунистичко мачилиште“]</ref> а според други 2.600 луѓе.<ref name="dnevnik.com.mk">[http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=5F89C1821ECCDB438AE9CEC6D432D82E&arc=1 Дневник, 28.10.2008.: „Жртвите на Информбирото бараат рехабилитација“]</ref> Покрај тоа, илјадници нивни блиски, роднини, пријатели се изложени на репресии, прогони, бркани од работните места и од домовите, и на различен начин казнувани. Еден од затвораните, проф. Димче Најчевски изјави:<ref>[http://www. name="dnevnik.com.mk"/?itemID=5F89C1821ECCDB438AE9CEC6D432D82E&arc=1 Дневник, 28.10.2008.: „Жртвите на Информбирото бараат рехабилитација“]</ref>
 
{{cquote|
Ред 52:
== Рехабилитација на затворениците ==
 
Во октомври 2008, со петиција до Собранието на РМ, претседателот на државата и до премиерот, членовите на Здружението „Голи Оток“ побараа рехабилитација и отштета на бившите политички затвореници од 1948 и годините потоа. Некогашните „информбировци“, по 60 години од донесувањето на познатата Резолуција на Информбирото и по 17 години по осамостојувањето на Република Македонија, се заложија за отстранување на формално-правните акти со кои на невините жртви на политичката репресија им е нанесена голема неправда.
 
Здружението „Голи Оток“ побарале административните акти со кои биле осудувани или без судска постапка упатувани во затвор, како незаконски и неосновани, да се поништат и со тоа да бидат ослободени од пропагандните обвинувања со кои Титовата држава и режим ги обвинуваа за некакви криминалци или ненародни елементи. Здружението побарало државата да донесе соодветни акти со кои ќе бидат рехабилитирани и обесштетени. Здружението посочи дека во Словенија, Хрватска и во Србија, како поранешни југословенски републики, се донесени правни акти, посебни закони, со кои се рехабилитираат некогашните политички затвореници, како и прописи за нивно обесштетување.
Ред 61:
* Венко Марковски „Голи Оток – остров на смртта“, „Макавеј“, Скопје, 2009.
 
== Поврзано ==
== Види исто така ==
* [[Коминформот и Македонија]]
 
Ред 68:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Комунизам]]