Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ги додадов насловите Научни трудови и Политички, филозофски и медицински трудови преведувајќи од англиската верзија
Додадов нови наслови и поднаслови од политичката кариера на Мара
Ред 35:
 
== Научни трудови ==
Најголема желба на Мара му била да стане претседател, по предлог на шпанскиот министер гроф Флорид Бланк, на Шпанската кралска академија на науките чие реализирање е осуетено од истакнати членови на Француската академија на науките, дискредитирајќи го Мара пред министерот. Доволно е да го цитираме Ленге, познат филозоф и економист на 18 век, кој го кажал следново за членовите на Академијата: „Тие имаат добар стомак, но слабо срце“. Мара повеќе го ценел креативниот труд на научникот отколку богатството и славата, а положбата на претседател на Шпанската кралска академија би му овозможила научна самостојност, не водејќи грижа за штедење пари, да врши научни испитувања, додека во Париз тој морал сè да работи на свој трошок, па сите негови големи приходи оделе за плаќање на скапи експерименти.
 
Мара воспостави лабораторија во куќата на маркиз Де Л’Обеспин со средства добиени со тоа што работи како кралски доктор за аристократијата. Неговиот метод беше детално да ги опише прецизните серии на експерименти што ги прави за одреден научен проблем, со цел да ги истражи и потоа да ги исклучи сите можни заклучоци, освен оној до кој стигнал.
 
Ред 42 ⟶ 44:
Првата од главните публикации на Мара, во која се детализирани неговите експерименти и во која се извлечени заклучоци од нив, е ''Recherches Physiques sur le Feu'' (''Истражувања во физиката на огнот''), која е објавена во 1780 година со одобрување на официјалните цензори.
 
Оваа публикација опишува 166 експерименти кои Мара ги прави за да докаже дека огнот не е, како што вообичаено се верувало, материјален елемент, туку „огнена течност“. Мара бара од Академијата на науките да ја процени неговата научна работа и таа назначува комисија да го направи тоа, за која дава извештај во април 1779 година. Во извештајот се избегнува да се одобрат заклучоците на Мара, но се зборува за неговите „нови, прецизни и добро извршени експерименти, соодветно и оригинално дизајнирани“. Потоа, Мара го објавува својот труд, со тврдење дека Академијата ја одобрила неговата содржина. Бидејќи Академијата ги одобрувваодобрува неговите методи, но не изјавила ништо со што би се согласила со неговите заклучоци, ова тврдење го налутило Антоан Лавоазие, кој побарал од Академијата да се одрече од трудот. Кога Академијата го сторила тоа, ова го означило почетокот на влошување на односите меѓу Мара и многу нејзини водечки членови. Голем број од нив, меѓу кои и самиот Лавоазие, како и Кондорсе и Лаплас изразиле силна ненаклоност кон Мара. Сепак, Ламарк и Ласепед позитивно пишувале за експериментите и заклучоците на Мара.
 
=== ''Découvertes sur la Lumière'' ===
Ред 55 ⟶ 57:
 
Во април 1783 година, Мара поднесува оставка од неговото назначување во дворецот и ги посветува своите енергии со полно работно време на научни истражувања. Освен неговите главни трудови, во овој период Мара објавува пократки есеи за медицинска употреба на електрицитетот (''Mémoire sur l'électricité médicale'' (1783)) и на оптиката (''Notions élémentaires d'optique'' (1784)). Го објавува добро примениот превод на Њутновите ''Opticks'' (1787), кој сè уште се печати, а подоцна и збирка есеи за неговите експериментални откритија, вклучително и студија за ефектот на светлината врз меури од сапун во неговите ''Mémoires académiques'', ''оu nouvelles découvertes sur la lumière'' (''Академски мемоари или нови откритија за светлината'', 1788). Бенџамин Франклин го посетува во неколку наврати, а Гете го опишува неговото одбивање од страна на Академијата како блескав пример за научен деспотизам.
 
== Други пред-револуционерни трудови ==
Во 1782 година, Мара го објавува својот „омилен труд“, „План за кривичниот законик“. Во овој труд Мара запишал дека „кражбата е поврзана со правото на сопственоста“ чија суштина се насилството и узурпацијата на она што секој човек треба подеднакво да го користи за сопствен опстанок. Сметал дека на секој му припаѓа само она што му е неопходно за животот: „Никаков вишок не може законито да ни припаѓа толку долго додека постојат луѓе кои немаат најнеопходни нешта за живот“. Се залагал за отварање  јавни работилници во кои треба да се вработуваат невработени лица, како би можеле со свој труд да си го обезбедат опстанокот, а не да им се дава социјална помош.
 
Пред почетокот на револуцијата, тешко болен, со лекарска дијагноза за брза смрт, Мара го напишал делото „Подарок на татковината или говори за третиот сталеж на Франција“. Во делото ја изразил надежта за успехот на револуцијата и советува како да се продолжи борбата за слобода. Здравјето му се подобрува, продолжува да се бори и прави планови како на народните маси да им влее надеж и сила да продолжат со борбата за промените во општеството. Во „Повикот до народот“ од 1789 година барал револуцијата да започне и да не заврши сè додека царува неправдата и додека дел од народот живее во беда и синџири.
 
== Политичката мисла на Жан-Пол Мара ==
Жан-Пол Мара бил оригинален мислител, имал несогласувања со Монтескје. Единствен од мислителите од неговите современици со којшто се сложувал бил Жан Жак Русо. Меѓутоа, во Маратовото дело немало само полемичка жестокост. Напротив, тој доследно и логично, согласно со внимателен промислен план, ги изложувал своите позитивни идеи, систем на своите убедувања. Денис Дидро го нарекол Мара „доста надарен човек“. Книгата „Оковите на ропството“ било и првото политичко дело на Мара. Било оригинално и своевидно и по мислите, и по композицијата, и по книжевниот стил.<blockquote>За својот настанок, државата треба да му се заблагодари на насилието.</blockquote>стои на почетните страници од ова дело на Мара.<blockquote>Скоро секаде законите во својата основа не биле ништо друго освен полициски правила коишто осигурувале секому да може мирно да ужива во она што го ограбил.</blockquote>Но, Мара не бил песимист, овој сјаен бранител на правдата понатаму пишува во истото дело:<blockquote>Колку-годе да е валкано потеклото на државата, слободата се родила од угнетувањето.</blockquote>Мара дал многу длабоко објаснување на потеклото на државата, сметајќи дека таа произлегла од насилието. Мара во однос на ова важно прашање од општествената теорија го развил подалеку од Русо и од многу други истакнати мислители на 18 век. Во „Оковите на ропството“ може да се пронајдат извонредни предвидувања за класната природа на државата. Развитокот на деспотизмот, политичкото и социјалното угнетување, Мара го објаснува пред се‘ со непросветеноста на народот, иако, се разбира, ова е идеалистичко објаснување на законитоста којашто го одредува развојот на историскиот процес. Но, она што заслужува внимание е силината и длабочината на Маратовите мисли кога тој ги осветлува со стихијно материјалистичка анализа појавите во социјалниот живот и нејзините процеси, коишто за неговите современици останале темни и неразбирливи. Мара веќе во ова негово прво политичко дело тврдел дека создавањето на големите имоти, коишто се наоѓаат во малку раце, доведува до тоа<blockquote>класата на независни граѓани да исчезнува и дека државата се состои само од господари и потчинети.</blockquote>Мара ја увидел разликата помеѓу интересите на богаташите и сиромашните:<blockquote>Богаташите сакаат да уживаат, а сиромасите само да го сочуваат својот гол живот.</blockquote>Мара во „Оковите на ропството“ прецизирал и конкретизирал каде точно се јавува најсилно оваа противречност:<blockquote>Во комерцијализирана нација, каде што капиталисти и рентиери скоро одат рака под рака со закупниците на државни приходи, финансиерите и берзијанците, големите градови имаат само две класи на граѓани, од кои едната се наоѓа во беда, додека другата има се‘ во изобилие, едната ги држи во свои раце сите средства за угнетување, додека другата нема никакви средства за своја заштита.</blockquote>освен да ја продава својата работна сила и интелект. Мара исто така дошол и до сфаќањето на класната природа на државата:<blockquote>Станувајќи господари над послабите, насилниците во одредена мера стануваа и господари на државата.</blockquote>Маратовото дело „Оковите на ропството“ е извонредно и по тоа што тоа дошло како едно од првите во политичката литература на 18 век во кое дадена остра критика на порокот на новиот капиталистички поредок во она време кога тој само се раѓал. Веќе во тоа свое прво дело, посветено на општествено-политички прашања, Мара се појавил како смел и одлучен револуционерен демократ. Таков тој и останал до последните денови од својот живот.
 
== Револуцијата од 14 јули 1789 ==
== „L'Ami du Peuple“ (Пријателот на Народот) ==
Кога отпочнува Револуцијата, Мара ги остава своите научни обврски и сиот се предава во служба на народот. Како и повеќето Парижани, и Мара учествувал во револуционерните настани од 13 и 14 јули 1789. Подоцна тој зборувал како ноќта, на 14-ти јули, му успеало со помош на револуционерна народна маса да задржи на Новиот мост одреди на драгони и германска коњаница кои се насочувале кон квартот Сен Жермен и Сент Онор. Според Мара, задржувајќи ги коњаничките одреди на мостот, тој многу влијаел врз развитокот на вооружената борба меѓу побунетиот народ и владините трупи. Мара бил храбар учесник во славните јулски денови од 1789 година.
Кога отпочнува Револуцијата, Мара ги остава своите научни обврски и сиот се предава во служба на народот. Во септември 1789-та почнува со издавањето на неизмерливо популарниот ,,L’Ami du Peuple‘‘. Маратовиот весник ја будел работничката совест, поттикувал револуционерна енергија, додавал максими, ги формулирал народните барања. Аристократијата и крупните капиталисти многу бргу го увиделе во него својот најопасен непријател, а веќе во 1789 година претседателот на париската општина наредил да се уапси Мара. Принуден да се крие и по неколку пати на ден да го менува склоништето, Мара наоѓал сила и можности да не го прекинува издавањето на „L’Ami du Peuple“.<blockquote>Водејќи цело време војна против предавниците на татковината, огорчен од нивните гадости и суровости, јас им ги симнував маските, изложувајќи ги разголени пред светот, ги засрамував. Го презирав нивното клеветење, нивните лаги, нивното навредување. Но, не се плашев од нивната одмаздољубивост, од нивниот гнев… Мојата глава беше уценета. Пет лути шпиони, кои ме пратеа во чекор, и две илјади платени убијци ни за миг не можеа да ме натерат да го измамам својот долг. Да би ги избегнал ударите на убијците, јас се осудив на''живот во илегалност''. Понекогаш против мене се кревани батаљони од платеници. Принуден да бегам, лутајќи по улиците среде ноќ, не знаејќи понекогаш каде да прибегнам, проповедувајќи го меѓу мечови делото на слободата, бранејќи ги угнетените, спремен да си ја ставам главата на трупец, јас од сето тоа постанав уште пострашен за угнетувачите и политичките никаквеци.</blockquote>Порано од сите останати револуционери тој сфатил на какви крупни тешкотии ќе мора да наидува револуцијата. Тој исто така го предвидел одметнувањето на крупните капиталисти од народот и нивниот иден сојуз со реакцијата. Тој барал така да се измени Уставотворното собрание што да постане извршител на народната волја, барал општо изборно право за народот, барал избирачите да им даваат на своите претставници одредени наредби и да можат да ги отповикуваат ако не постапувале по народните барања.<blockquote>Револуцијата ја спроведоа само ниските општествени класи: работници, занаетчии, ситни трговци, селани – со еден збор, оној низок слој, таа сиротиња која богаташите ја нарекуваат отпад (canaille).</blockquote>Мара сметал дека целта на неговиот весник е учењето на народните маси да ја користат слободата, да им ги<blockquote>објаснува на граѓаните нивните права, да им влева волја да ги користат овие права, храброст да ги бранат, смелост да се одмаздуваат на оние кои ги газат. Смислата на слободата е во тоа таа да му помогне на народот да се запознае со злоупотребите на своите претставници и да им пружи можност поради тоа да ги казни; смислата на слободата е во тоа да ги научи луѓето да се покоруваат само на правичните и мудрите закони, а да се противат на неправичните и да востануваат против тиранските закони.</blockquote>Одговарајќи на своите непријатели, Мара напишал:<blockquote>Иако не можам да гледам како страда ситен инсект, тие сепак ми кажуваат дека сум суров. Но, мене ме обзема длабока огорченост поради нашите лажни хумани сфаќања и поради нашата длабока попустливост кон секој наш суров непријател. Ние сме глупаци поради тоа што забораваме да се чуваме од нивните удари. Ако било кога тие добијат надмоќ спрема нас, погледајте ги тогаш како, носејќи оган во едната и меч во другата рака, ги пустошат регионите и просто ги убиваат сите родољубци, ги убиваат нивните жени и нивните деца, а градот го препуштаат на пламени јазици.</blockquote>Во 1790-та, Мара е присилен да пребегне во Англија по објавувањето статии против министерот за финансии Некер. А во 1791-та, откако Париз се наоѓа под воениот закон по Мартовските масакри врз демократската интелигенција, оди во канализации, криејќи се од генерал Лафајет и Националната гарда.<blockquote>Јас го знам тоа, дека мојата глава е уценета, од никаквеците кои ги водат државните работи; петсто полицајци ме бараат ден и ноќ. Па добро! Ако тие ме фатат, ќе ме заколат и ќе умрам како маченик на слободата. Никогаш нема да се каже дека татковината ќе пропадне и дека пријателот на народот бил држан во кукавички молк.</blockquote>Откако бидува уапсен, а потоа ослободен од обвиненијата на жирондиската партија во 1793-та, го помогнува водењето напад врз [[жирондисти]]те и нивното обезвластување на 1 јуни, истата година. На 13-ти јули, Шарлот Кордеј, фанатична млада жирондистка од провинцијата, доаѓа до неговата бања под изговор дека носи список на предавници од нејзиниот роден Кан. Таму, таа го прободува смртно. Заради Кордејското убиство на Мара монтањарците се предизвикани да ги затвораат и егзекутираат останатите жирондисти во почетокот на Владеењето на теророт. Мара е погребaн во Пантеон, а потоа во 1794 год. е пренесен на гробиштата Saint-Étienne-du-Mont. За време на затворањето на овие гробишта, неговите останки се фрлени на јавно место. Гробиштата не постојат повеќе и според тоа нема повеќе гроб за Мара.{{Никулец за биографија}}
 
== „L''L'Ami du Peuple“Peuple'' (''Пријателот на Народот'') ==
Кога отпочнува Револуцијата, Мара ги остава своите научни обврски и сиот се предава во служба на народот. Во септември 1789-та почнува со издавањето на неизмерливо популарниот ,,L’Ami du Peuple‘‘. Маратовиот весник ја будел работничката совест, поттикувал револуционерна енергија, додавал максими, ги формулирал народните барања. Аристократијата и крупните капиталисти многу бргу го увиделе во него својот најопасен непријател, а веќе во 1789 година претседателот на париската општина наредил да се уапси Мара. Принуден да се крие и по неколку пати на ден да го менува склоништето, Мара наоѓал сила и можности да не го прекинува издавањето на „L’Ami du Peuple“.<blockquote>Водејќи цело време војна против предавниците на татковината, огорчен од нивните гадости и суровости, јас им ги симнував маските, изложувајќи ги разголени пред светот, ги засрамував. Го презирав нивното клеветење, нивните лаги, нивното навредување. Но, не се плашев од нивната одмаздољубивост, од нивниот гнев… Мојата глава беше уценета. Пет лути шпиони, кои ме пратеа во чекор, и две илјади платени убијци ни за миг не можеа да ме натерат да го измамам својот долг. Да би ги избегнал ударите на убијците, јас се осудив на''живот во илегалност''. Понекогаш против мене се кревани батаљони од платеници. Принуден да бегам, лутајќи по улиците среде ноќ, не знаејќи понекогаш каде да прибегнам, проповедувајќи го меѓу мечови делото на слободата, бранејќи ги угнетените, спремен да си ја ставам главата на трупец, јас од сето тоа постанав уште пострашен за угнетувачите и политичките никаквеци.</blockquote>Порано од сите останати револуционери тој сфатил на какви крупни тешкотии ќе мора да наидува револуцијата. Тој исто така го предвидел одметнувањето на крупните капиталисти од народот и нивниот иден сојуз со реакцијата. Тој барал така да се измени Уставотворното собрание што да постане извршител на народната волја, барал општо изборно право за народот, барал избирачите да им даваат на своите претставници одредени наредби и да можат да ги отповикуваат ако не постапувале по народните барања.<blockquote>Револуцијата ја спроведоа само ниските општествени класи: работници, занаетчии, ситни трговци, селани – со еден збор, оној низок слој, таа сиротиња која богаташите ја нарекуваат отпад (canaille).</blockquote>Мара сметал дека целта на неговиот весник е учењето на народните маси да ја користат слободата, да им ги<blockquote>објаснува на граѓаните нивните права, да им влева волја да ги користат овие права, храброст да ги бранат, смелост да се одмаздуваат на оние кои ги газат. Смислата на слободата е во тоа таа да му помогне на народот да се запознае со злоупотребите на своите претставници и да им пружи можност поради тоа да ги казни; смислата на слободата е во тоа да ги научи луѓето да се покоруваат само на правичните и мудрите закони, а да се противат на неправичните и да востануваат против тиранските закони.</blockquote>Одговарајќи на своите непријатели, Мара напишал:<blockquote>Иако не можам да гледам како страда ситен инсект, тие сепак ми кажуваат дека сум суров. Но, мене ме обзема длабока огорченост поради нашите лажни хумани сфаќања и поради нашата длабока попустливост кон секој наш суров непријател. Ние сме глупаци поради тоа што забораваме да се чуваме од нивните удари. Ако било кога тие добијат надмоќ спрема нас, погледајте ги тогаш како, носејќи оган во едната и меч во другата рака, ги пустошат регионите и просто ги убиваат сите родољубци, ги убиваат нивните жени и нивните деца, а градот го препуштаат на пламени јазици.</blockquote>ВоПорано 1790-та,од Марасите еостанати присиленреволуционери датој пребегнесфатил вона Англијакакви покрупни објавувањетотешкотии статииќе противмора министеротда занаидува финансии Некерреволуцијата. АТој воисто 1791-та,така откакого Паризпредвидел сеодметнувањето наоѓана подкрупните воениот закон по Мартовските масакри врз демократската интелигенција, оди во канализации, криејќи секапиталисти од генерал Лафајетнародот и Националнатанивниот гарда.<blockquote>Јасиден госојуз знамсо тоа,реакцијата. декаТој мојатабарал главатака еда уценета,се одизмени никаквецитеУставотворното коисобрание гишто водатда државнитепостане работи;извршител петстона полицајцинародната меволја, бараатбарал денопшто иизборно ноќ.право Паза добро! Ако тие ме фататнародот, ќебарал меизбирачите заколатда иим ќедаваат умрамна какосвоите маченикпретставници наодредени слободата.наредби Никогаш немаи да семожат кажеда декаги татковинатаотповикуваат ќеако пропаднене ипостапувале декапо пријателотнародните на народот бил држан во кукавички молкбарања.</blockquote>ОткакоРеволуцијата бидуваја уапсен,спроведоа асамо потоаниските ослободенопштествени одкласи: обвиненијата на жирондиската партија во 1793-таработници, го помогнува водењето напад врз [[жирондисти]]те и нивното обезвластување на 1 јунизанаетчии, истатаситни година. На 13-ти јулитрговци, Шарлотселани Кордеј, фанатичнасо младаеден жирондистка од провинцијатазбор, доаѓаоној донизок неговата бања под изговор дека носи список на предавници од нејзиниот роден Кан. Тамуслој, таа госиротиња прободувакоја смртно.богаташите Зарадија Кордејскотонарекуваат убиствоотпад на Мара монтањарците се предизвикани да ги затвораат и егзекутираат останатите жирондисти во почетокот на Владеењето на теророт(canaille). Мара е погребaн во Пантеон, а потоа во 1794 год. е пренесен на гробиштата Saint-Étienne-du-Mont. За време на затворањето на овие гробишта, неговите останки се фрлени на јавно место. Гробиштата не постојат повеќе и според тоа нема повеќе гроб за Мара.{{Никулец за биографија}}</blockquote>
 
=== Настаните од 5 и 6 октомври 1789 ===
Мара на страниците на својот весник ''L’Ami du Peuple'' објавил колумна под наслов ''Извештај за заговор против татковината''. Во неа било објавено писмо, датирано четврти октомври 1789, во кое со негодување е прикажано оргирањето на офицерите во Версај. „Вие се покажавте достоинствен да ви се верува од чесните граѓани“, пишува авторот на писмото. „Вие сте единствениот кој ги разоткри сите предавнички заговори. Помогнете ни со вашите совети“. Мара на ова писмо отворено одговорил. Од страниците на својот весник тој упатил повик до народот на Париз: <blockquote>„…Не смее да се изгуби ни еден момент“, пишува ''Пријателот на Народот'', „сите чесни граѓани треба да се соберат со оружје в раце. Треба да се испрати одред доволно силен за да го собере сиот барут во Есон. Секој округ треба да земе пушки од локалните управи. Народната полиција е доволно свесна да разбере дека таа не смее да оди одвоено од своите сограѓани“. </blockquote>Мара гласно го рекол она што тајно или несвесно им се вртело во главите на многу луѓе. Тој воскликнал: „Вооружете се, па во воен поход тргнете кон Версај!“ Каква улога одиграл во тие незаборавни денови Мара? Познато ни е само тврдењето на Камиј Демулен, кој напишал во својот весник ''Histoire des Révolutions de France et de Brabant'' за Маратовата улога: „Мара јуриша во Версај, се враќа како молскавица и крева сам толкава врева како сите труби на денот на страшниот суд, довикувајќи ни: „О, мртви, пробудете се!“ Наспроти силниот ефект кој сакал да го створи Демулен, неспорно е дека Мара не само што на страниците на својот весник се јавил со повик да се оди на Версај туку и дека лично учествувал во настаните на 5 и 6 октомври.
 
=== ''„На оружје или готово е со нас!“'' (26 јули 1790) ===
Многу противници на Мара ексцерптираат еден пасус од историскиот контекст на овој памфлет и го злоупотребуваат со цел да го дискредитираат Мара како крвожедник наспроти неговата карактеристика на предострожност и благоразумие за заговорите на странските сили чија контрареволуција е олеснета од внатрешните непријатели (кралскиот кабинет од министри, градоначалникот Баљи, командантот генерал Лафајет и др.). Во овој памфлет Мара дава три точни обвинувања. Првото се однесува на заговорот на М. Маљбоа, кој бил обвинет за комитетот за истражување на општина Париз од Масо-Гран Мезон. Ова било проект за да се врати гроф д‘Артоа во Франција и да му се овозможи да ја поврати контролата над земјата. Второто обвинување е насловено ''Обвинување премногу сериозно против општинскиот комитет за истражување'' во кое Мара обвинува дека комитетот бил известен после шест седмици за аферата околу гроф д‘Артоа, дека не направил ништо да го спречи ова и дека ги игнорирал наредбите на националниот комитет. Третото обвинување носи наслов ''Скорешни новости'' и објавува дека виенскиот дворец побарал од кралот слободно поминување на трупите на територијата на Франција. Мара дискутира исто така како воениот комитет ги растурил фронтовите на патриотски батаљони. И како заклучок Мара во одделот ''Повик до сите граѓани'' ги наговара да се вооружат како на 14 јули и 5 октомври 1789. „Пишував така“ повторува Мара „бидејќи не сакав да гледам како спие народот“ додека беснеат масакри, војни и бескрајни контрареволуционерни уништувања кои го унесреќуваат. За Мара, генерал Лафајет е „злосторничка кукавица, виновен за злоупотреба, кој не заслужува доверба кај народот, предавник на својата татковина“. Мара го знаел многу добро предизвикувачкиот карактер на својот памфлет. Извадоков е сместен во почетокот на памфлетот: „Јас го знам тоа, дека мојата глава е уценета, од никаквеците кои ги водат државните работи; петсто полицајци ме бараат ден и ноќ. Па добро! Ако тие ме фатат, ќе ме заколат и ќе умрам како маченик на слободата. Никогаш нема да се каже дека татковината пропаднала и дека пријателот на народот бил во кукавички молк.“
 
=== Масакрот во Нанси (31 август 1790) ===
Револуцијата ја олеснила положбата на војниците во војската. Тие почнале да создаваат свои организации и да бараат отчет од своите офицери за финансиското трошење кое е одредено за нив. Поради тоа отпочнале судири во многу полковски штабови меѓу офицерите аристократи и војниците. Во 1790 година војниците од гарнизонот во градот Нанси побарале од своите офицери да им дадат отчет. Овие не сакале да го направат тоа. Тогаш војниците ја презеле полковската каса. Делегација од осум луѓе заминала во Париз да се жали поради суровоста на старешините. Уставотворното собрание ја уапсило делегацијата. Тоа издало наредба со која ги осудило нансиските војници поради тоа што ја прекршиле дисциплината. На гарнизоните од соседните градови им било наредено да ги смират побунетите војници. Лафајет издал наредба по која народната гарда требала да делува против побунетиот гарнизон. Меѓутоа, судирите во Нанси веќе се смириле. Повеќето војници потпишале „акт на покајување“. Но, буржоазијата и реакционерните офицери сакале да се пресметат со војниците кои тежнееле да воведат демократски односи во војската. Во Нанси била испратена војска. Таа извршила колеж не само врз војниците туку и врз градското население. ''Три илјади граѓани'' биле убиени – тоа бил резултатот на нансискиот колеж по наредба на генерал Лафајет. Кралот „кој не сакал жртви и крв“, како и собранието, ја искажале својата благодарност до оние кои го смириле нансискиот гарнизон. Само Мара, Пријателот на Народот, кренал глас на негодување против ова злосторство.
 
Во 1790-та, Мара е присилен да пребегне во Англија по објавувањето статии против министерот за финансии Некер. Мара остро ја осудува висината на францускиот јавен долг предизвикана од лудоста на ануитетите, под водство на министерот за финансии од доцните 1770-ти, Жак Некер.
 
=== Ле Шапељеовиот закон од 14 јуни 1791 ===
Ле Шапељеовиот закон ги забранува штрајковите и сите видови на работнички организации и предвидува свирепи казни за иницијаторите на штрајкови и сите оние кои учествуваат во нив. Според Маркс „француската буржоазија се осмели во почетокот на револуционерната бура да им го земе на работниците назад тукушто извојуваното право на асоцијација. Со декрет од 14 јуни 1791 таа ги прогласи сите работнички коалиции за „атентат врз слободата и врз декларацијата за правото на човекот“ што ќе се казнува со 500 ливри и со одземање на активните граѓански права за една година“.<ref>{{Наведена книга|title=Капиталот, том I|last=Маркс|first=Карл|publisher=Мисла|year=1975|isbn=|location=Скопје|pages=648}}</ref> Мара ги бранел работниците во својот весник ''L’Ami du Peuple'' (''Пријател на Народот'') „оставени на милоста на шака подлеци кои се дебелат на сметка на трудот и ги ограбуваат неговите плодови“. Мара бил единствениот кој го осудил Ле Шапељеовиот закон, бидејќи ги „изолирал граѓаните и ги исклучил од јавните работи“. Уште во својот ''Повик до нацијата'' Мара се појавува како заштитник на интересите на сиромашните. Тој ја осудува политиката на Уставотворното собрание поради тоа што тоа им служи на интересите на богатниците, додека интересите на сиромашните луѓе останале пренебрегнати.
 
Во 1791-та, откако Париз се наоѓа под воениот закон по Мартовските масакри врз демократската интелигенција, оди во канализации, криејќи се од генерал Лафајет и Националната гарда.<blockquote>Јас го знам тоа, дека мојата глава е уценета, од никаквеците кои ги водат државните работи; петсто полицајци ме бараат ден и ноќ. Па добро! Ако тие ме фатат, ќе ме заколат и ќе умрам како маченик на слободата. Никогаш нема да се каже дека татковината ќе пропадне и дека пријателот на народот бил држан во кукавички молк.</blockquote>
 
=== Судскиот процес против Луј XVI ===
Кога се дискутирало во Конвентот за односот кон Луј XVI после Варен, Сен-Жист делегатот кој прв побарал Луј Капе да биде суден не како крал или дури граѓанин туку како предавник кој заслужува смрт во својот славен говор ''Discours sur le jugement de Louis XVI''. Според Сен-Жист, „Оn ne peut régner innocemment. Tout roi est un rebelle et un usurpateur“ (Не може да се владее невино. …Сите кралеви се бунтовници и угнетувачи). На пример, Камиј Демулен во јули 1789 година веќе се борел за република, отворено изјаснувајќи се за република, додека Мара бил приврзаник на уставната монархија дури после бегството на кралот од Тиљерискиот дворец на 21 јули 1791, сметајќи дека како најитна практична мерка е неопходно привремено да се избере регент, меѓутоа „само идиот би можел да ме осомничи за поддршка на ројализам“, пишува Мара. „Јас сум претставен дека ги носам своите жалби од моите прогонувачи до Принцот. Тој е последниот човек, после неговите министери, за кои треба да мислам да зборувам. Далеку сум од тоа да очекувам благосостојба на народот од монархот, јас кој го сметам како вечен непријател. Луј XVI е во моите очи покриен со крвта на патриотите од Нанси, кој му ракоплескаше на нивниот егзекутор; сè додека живеам, нема да престанам да му го упатувам тоа злосторство на негова адреса.“<ref>{{Наведена книга|title=L’Ami du Peuple, No. 24|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
 
== Улогата на Мара во Септемвриските егзекуции ==
Одговорноста за масакрите во септември му се припишува, но колективниот менталитет што ги предизвика е резултат на околности, а не од волјата на која било посебна индивидуа, аргументира историчарот Жорж Лефебр во својата книга ''Француската револуција: Од нејзините почетоци до 1793''.
 
Септемвриските масакри (2-7 септември 1792), што се случија заради страв дека странските и кралските војски ќе го нападнат Париз и дека затворениците во градските затвори ќе бидат ослободени и ќе им се придружат. На 2 септември пристигнале вести во Париз дека војската на војводата од Брауншвајг ја нападнал Франција и со инвазијата на тврдината Верден бргу паднала, и дека Прусите бргу напредувале кон главниот град. Оваа информација распламтила разјареност и страв кај населението. Парижани знаеле дека во затворот Абеји било приредена илуминација на денот на заземањето на Лонгви каде зад решетките уапсените ги навредувале поминувачите и ги уверувале дека Прусите ќе го заземат Париз и ќе го уништат. Дека омразата на Парижани кон ројалистите била основана, може да се заклучи и по еден напис кој е објавен во еден жирондински весник од 2 септември, во кој стои дека ројалистите одлучиле по влезот на пруската војска во Париз да го запалат градот од сите страни, да се изгладне градското население и да се казнат револуционерите. А пак Манифестот на војводата од Брауншвајг (25 јули 1792), кој во голем дел е напишан од ''братучедот'' на Луј XVI, Луј Жозеф де Бурбон, принц од Конде, инаку лидер на големи трупи на емигранти во сојузничката војска, се заканил на францускиот народ со инстантно казнување ако тој дава отпор на императорските и пруските војски и поновото воведување монархија. Септемвриските денови во Париз биле дело на самоодбрана на народот кој знаел колку ѕверски свирепи биле контрареволуционерите, народ кој стравувал од пресврт во Париз додека се борел на фронтот. После заземањето на Верден пруската војска се наоѓала на само сто милји од Париз. Цела Европа не се сомневала во победата на војводата од Брауншвајг. Пад на Париз не се очекувал подоцна од 10 септември. Било доволно само Законодавното собрание, ''на енергично барање на Комуната'', на 4 септември да објави соопштение до францускиот народ во кое ветило „дека со сите сили ќе се бори против кралот и кралската власт“, за да колежот престане истиот ден и Парижани тргнат на фронт. Битката кај Валми (20 септември 1792) била првата победа над непријателите од почетокот на војната. Таа победа го спасила Париз. Гете, големиот германски поет и почитувач на научното дело на д-р Мара, рекол, сфаќајќи го значењето на битката кај Валми: „На тоа место, на тој ден, отпочна нова доба во светската историја. Тоа е првата победа на народот над кралевите“.
 
На 3 септември, Комисијата за претпазливост на Комуната, во која сега служел Мара, објавува циркулар во кој се повикуваат провинциските патриоти да го одбранат Париз и побарува од нив, пред да ги напуштат своите домови, да ги елиминираат контра-револуционерите. Жирондинците потоа направија голем број копии од овој циркулар, но нема докази дека имал некакво влијание. Mара е само директно одговорен за ''народната акција'' во еден од затворите, имено, таа во Абеји. Еве што тој вели на темава: <blockquote>Која е должноста на народот? Последното нешто што мора да го направи, и најсигурното и најмудрото, е да оди вооружен пред Абеји, да ги ''оддели'' предавниците, посебно швајцарските офицери и нивните соучесници, и да ги убие. Која будалаштина да се сака да им се овозможи судење! Сè е направено, ги вооруживте против нацијата, ги масакриравте војниците, зошто би ги поштедиле офицерите, кои се неспоредливо повиновни? Лудост е што се слушаат ласкавците, кои советуваа да ги направат само воени затвореници. Тие се предавници кои неопходно е да се жртвуваат веднаш, бидејќи тие не можат да бидат сметани во друго светло.<ref>{{Наведена книга|title=L’Ami du Peuple, No. 680|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref></blockquote>Во бр. 12 од ''Journal de la République'' Мара се брани од злобните напади на жирондинците во Конвентот против Комуната, Комитетот за надзор и против него самиот во врска со Септемвриските егзекуции: <blockquote>Несреќните настани од 2 и 3 септември, кои подмолни и поткупливи лица ги припишуваат на Општината, беа целосно поддржани од порекнувањето на правдата од страна на Трибуналот за злосторства кој го ослободи заговорникот Монтмарен, со заштитата на тој начин објавена до сите други заговорници, и со разлутеноста на народот, плашејќи се да стане роб на сите предавници кои толку долго време ги злоупотребувале неговите несреќи и катастрофи. Тие ги нарекуваат ајдуци оние кои ги масакрираа предавниците и подлеците затворени во затворите. Ако тие беа ајдуци, Песион би бил злосторник бидејќи мирно ги пушти ајдуците да ги извршуваат своите злосторства за време на двата последователни дена во сите затвори на Париз. Неговото виновничко неделување би било најсериозното злосторство, а тој би заслужил да ја загуби својата глава бидејќи не ги мобилизирал сите свои вооружени сили да им се спротивстават. Тој без сомнение ќе ви рече, за да се искупи, дека вооружената сила немала да му се потчини и дека сиот Париз учествувал, што всушност е факт. Тогаш, ајде да се согласиме дека се работи за измама да се направат ајдуци одговорни за една операција која за жал беше само премногу нужна. Тоа е поради што заговорниците го избегнаа мечот на правдата па потоа паднаа под секирата на народот. Дали е неопходно да се рече повеќе за да се побие нечесното потпикување, кое би го направило Комитетот за надзор на Комуната одговорен за овие егзекуции од страна на народот? Но, неговото оправдување не завршува овде. Ние ќе видиме што направиле водечките членови на овој Комитет за да спречи било кое невино лице, било кој должник, било кој виновник за обичен прекршок, да биде подложено на опасностите кои се озабија врз големите злосторници. Јас бев во Комитетот за надзор, кога се објави дека луѓето само што ја напуштиле националната гарда и егзекутирале неколку тврдоглави свештеници, обвинети за учество во заговори, осудени од Комитетот за Ла Форс, и дека луѓето се заканиле дека ќе влезат во затворите. При оваа вест, Пани и јас извикавме заедно, со идеја: „Поштедете ги малите деликвенти, сиромашните должници, оние обвинети за обични прекршоци!“ Комитетот веднаш нареди на различни чувари на затворите да ги одделат овие од сериозните злосторници и контрареволуционерните предавници, како не би требало луѓето да бидат изложени на ризикот да жртвуваат некои невини лица. Одделувањето веќе било направено кога во затворите било насилно влезено, но претпазливоста беше непотребна, благодарејќи на грижата преземена од страна на судиите поставени од народот, кои ги извршуваа функциите на трибуни за време на експедицијата, да истражуваат во секој случај и да ги ослободат сите оние кои Комитетот за надзор ги одделил. Ова е дискриминација којашто деспотот сигурно немаше да ја практикува ако победеше на 10-ти август. Такви се фактите кои се спротивставуваат на клеветите кои ја изопачија приказната за настаните од 2 и 3 септември.</blockquote>Колективниот менталитет е доволно објаснување за егзекуциите, како што аргументира историчарот Жорж Лефебр. Егзекуциите беа спроведувани од толпите на Националните гардисти и федерати и, до 6 септември, половина од затворското население во Париз било погубено: околу 1200 до 1400 затвореници.
 
Откако е уапсен, а потоа ослободен од обвиненијата на жирондиската партија во 1793-та, го помага нападот врз [[Жирондисти|жирондистите]] и нивното обезвластување на 1 јуни, истата година.
 
== Атентат врз Мара со смртен исход ==
На 13-ти јули, Шарлот Кордеј, фанатична млада жирондистка од провинцијата, доаѓа до неговата бања под изговор дека носи список на предавници од нејзиниот роден Кан. Таму, таа го прободува смртно. Главната причина за атентатот врз Мара е неговото учество во настаните од 10 август 1792 година, Септемвриските егзекуции и 31 мај-1 јуни 1793 што бил голем противник на жирондинците и што остро ги критикувал монархистите. Причината е и тоа што силно ги подржувал републиканските вредности, што отворено ја критикувал наклонетоста на француските акедемици кон власта и кон конфорниот живот, што ги поддржувал „бесните“ и што гласал за смртната казна на Луј XVI. Шарлот Кордеј (1768-1793), пред гилотирањето јавно признала дека Мара го убила во неговото купатило поради теророт што го спроведувал врз жирондинците и врз ројалистите. Атентаторката е во роднинска врска со Пјер Корнеј, француски комедиограф и сатиричар, чии херои страдат поради преголемата желба за слава.
 
Заради Кордејското убиство на Мара, монтањарците се предизвикани да ги затвораат и егзекутираат останатите жирондисти во почетокот на Владеењето на теророт. Мара е погребaн во Пантеон, а потоа во 1794 год. е пренесен на гробиштата Saint-Étienne-du-Mont. За време на затворањето на овие гробишта, неговите останки се фрлени на јавно место. Гробиштата не постојат повеќе и според тоа нема повеќе гроб за Мара.
<br />{{Нормативна контрола}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Мара, Жан Пол}}
[[Категорија:Француски револуционери]]