Разлика помеѓу преработките на „Распад на Советскиот Сојуз“

clean up, replaced: листа на → список на using AWB
(clean up, replaced: листа на → список на using AWB)
==1988==
 
На 30 јуни 1988 година во Москва била свикана Општосојузна партиска конференција на КПСС, која го изгласала проектот за државни реформи. Според тие реформи, во СССР се создава претседателска институција и нов вид на претставничко тело кое се нарекува Конгрес на народните пратеници.
 
==1989==
На 26 март 1989 година биле спроведени првите избори по 1917 година, каде граѓаните можеле да избираат меѓу повеќе од еден кандидат за пратеничко место. Во текот на овие избори Горбачов се соочил со две главни тешкотии. Првата била поврзана со појавата на внатрепартиска опозиција, која инсистирала за радикални реформи и воведување на принципите на демократијата и повеќепартиски систем. Оваа опозиција била предводена од [[Борис Елцин]], шеф на Московската партиска организација кој на изборите добил значителна поддршка. Другата тежина од политичка природа, со која се соочил советскиот лидер, е појавата во редовите на највисоката партиска номенклатура на група која барала умерени реформи. Таа група била предводена од [[Егор Лигачов]] и била на мислење дека курсот на промени го загрозувал интегритетот на државата. Постоел и круг на приврзаниците на традиционалниот советски систем.
 
На 7 март била објавена конечната листасписок на кандидати. Околу 85% од нив биле членови на Комунистичката партија. Од независните најголема популарност стекнал Борис Елцин.
 
Првата седница на новиот Конгрес на пратениците траел од 25 мај до 9 јуни 1989 година. Иако тврдокорните струи ја повратиле контролата на комората, реформистите го користиле законодавниот дом како платформа да се дебатира и критикува советскиот систем. На 29 мај, Елцин успеал да обезбеди место во Врховниот Совет,<ref>{{cite news| url=http://www.nytimes.com/1989/05/30/world/moscow-maverick-in-shift-is-seated-in-supreme-soviet.html?scp=14&sq=SOVIET+CONGRESS+session&st=nyt | work=The New York Times | first=Bill | last=Keller | title=MOSCOW MAVERICK, IN SHIFT, IS SEATED IN SUPREME SOVIET | date=May 30, 1989}}</ref>, и во текот на летото ја формирал првата опозиција која била составена од руските националисти и либерали.