Протокол за директно поврзување на два мрежни јазла: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: сервер → опслужувач (2) using AWB
→‎Историјат: clean up, replaced: листа на → список на using AWB
Ред 20:
== Историјат ==
Во оваа форма, индивидуите кои што формираат слабо поврзана група може да комуницираат со другите во групата.Секој може, во принцип, да комуницира со еден или со повеќe луѓе; не постои фиксна поделба на клиенти и опслужувачи. Партнерската комуникација (рееr-tо-рееr) се прошири најмногу во 2000 година. Со сервисот наречен Napster, кој во својот врв имаше над 50 милиони музички обожаватели кои разменуваа музика, иако истовремено беше најголемиот престап на авторски права во цела историја на снимен материјал, како што пишува во (Lam and Tan, 2001); и во (Македонија, 2000). Идејата беше прилично едноставна. Членовите ја регнстрираа музиката која ја имаа на нивните дискови во централната база на податоци, која се одржуваше на Напстер ([[Напстер|Napster]]) опслужувач. Ако некој член бараше песна, ја проверуваше базата на податоци за да види кој ја има песната и одеше директно таму за да ја симне. Со тоа што не чуваше никаква музика на неговите машини, Напстер се бранеше дека не нарушува никакви авторски права. Судот не се согласи со тоа и го затвори.
Но, следната генерација на партнерски системи (рееr-to-рееr) ја елиминира централната база на податоци со тоа што секој корисник одржува база на податоци ло-кално, како и овозможува листасписок на другите корисници кои се членови на системот. Потоа нов корисник може да оди до кој било постоечки член за да види што тој има и да добие листа од другите членови за да пребара повеќе музика и повеќе имиња. Овој процес на пребарување може да се повторува до неодредено време за на крајот да се изгради голема локална база на податоци од тоа што постои. Ова е активност која може да стане досадна за корисниците, но е активност во која се истакнува моќноста на компјутерите.
Постојат легални апликации за партнерска (рееr-to-рееr) комуникација. На пример, обожавателите кои делат музика на јавен домен или примероци од песни кои ги издале нови групи за јавни цели, фамилии кои делат фотографии, филмови и генеалошки информации и тинејџерите кои играат игри преку мрежа. Всушност, една од најпопуларните апликации за Интернет од сите, електронската пошта, е партнерска (рееr-to-рееr). Овој тип на комуникација се очекува да порасне значително со текот на времето.