Пријатели (ТВ-серија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
clean up, replaced: Листа на → Список на (11) using AWB
→‎Втора сезона (1995-1996): clean up, replaced: листа на → список на using AWB
Ред 49:
 
=== Втора сезона (1995-1996) ===
Без да знае дека Рејчел всушност е заинтересирана за него, Рос започнал врска со Џули, една негова стара пријатела, со која се сретнал во Кина. На Рејчел не и се допаѓа Џули бидејќи го сака Рос. Во пијана состојба, Рејчел му остава порака на Рос во која му кажува како се чувствува. Рос ја преслушува пораката и има збунети чувства. Наскоро, двајцата се среќаваат и се бакнуваат. Рос не може да се одлучи со која да остане и прави листасписок на добри и лоши страни за двете жени. Решава дека е вљубен во Рејчел и и раскунва на Џули. Но, Рејчел ја открива листата, му се лути на Рос и одбива да биде со него. Меѓутоа, пријателите гледаат видео лента од матурската на Рејчел и Моника каде што партнерот на Рејчел, Чип, не се појавува. Тогаш тинејџер, Рос вели дека тој ќе ја однесе. Кога Рос се симнува по скалите во одело, Рејчел бега со Чип, којшто задоцнил. Рос изгледа потресен. Во сегашниот ден, Рејчел го бакнува Рос кога гледа колку бил искрен и започнуваат врска.
 
Џои добива работа како др. Дрејк Раморе во [[сапуница]]та ''„[[Денови на нашите животи]]“'' и заработува доволно пари за да се пресели во свој стан, оставајќи го Чендлер, кој пак си наоѓа друг цимер, Еди, којшто е луд. Кога Џои во едно интервју изјавува дека тој самиот си ги пишува репликите, писателите на сапуницата му го убиваат ликот со тоа што тој паѓа во ливтот. Без пари, Џои повторно се вселува со Чендлер и му помага да се ослободи од лудиот Еди. Фиби открива дека има полубрат Френк и почнуваат да се запознаваат. Моника се забавува со Ричард Бурк, [[офтамологист]], пријател на нејзините родители, кој е 21 година постар од неа, но раскинуваат кога Рејчел и кажува дека тој не сака да имаат деца. Кога Чендлер се сретнува со жената со која мирцал, гледа дека тоа била всушност, неговата бивша, Џенис, и тие се бакнуваат.