Разлика помеѓу преработките на „Преспански договор“

Одземени 40 бајти ,  пред 5 месеци
clean up, replaced: листа на → список на using AWB
(Бришење на "Потпишување_на_договорот_за_македонско-грчкиот_спор_-17.06.2018,_Преспа-_(42853678821).jpg", беше избришана од [[commons:Главна страница|Заедн)
(clean up, replaced: листа на → список на using AWB)
[[Податотека:Привремена спогодба за спорот со името помеѓу Македонија и Грција.tif|мини|лево|Привремената спогодба за спорот за името помеѓу Македонија и Грција отсликана во целост {{en}}]]
 
При [[Распад на СФРЈ|распадот на Југославија]] една од републиките кои се осамостојуваат и тежнеат да бидат независни држави е и [[СР Македонија]], но поради историски и иредентистички прашања [[Грција]] го одбива користењето на името „Македонија“ како и други елементи кои според Грција се дел од историјата и културата на [[Грци|Грците]]те кои живеат во грчкиот административен регион [[Егејска Македонија|Македонија]], од страна на тогаш новата држава која според својот тогашен устав го носи името [[Република Македонија]].<ref>[https://www.mfa.gr/en/fyrom-name-issue/ FYROM Name Issue], Hellenic Republic, Ministry of Foreign Affairs</ref> Разни чекори на двете држави доведуваат до отворање на скоро три-децениски [[Спор за името помеѓу Македонија и Грција|спор за името Македонија]].
 
Република Македонија била примена за членка на [[ОН]] на 8 април 1993 година под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ ({{lang-en|the former Yugoslav Republic of Macedonia}}). Ситуацијата во спорот се смирила откако Грција и Република Македонија ги формализирале своите билатерални односи со потпишувањето на Привремена спогодба на 13 септември 1995 година во [[Њујорк]], [[САД]]. Според истата, Македонија го отстранила своето дотогашно државно знаме на коe била претставена [[Ѕвездата од Кутлеш]] поради наводни иредентистички причини и го заменила со [[Знаме на Македонија|денешното знаме]] со сонце од осум краци.
 
== Содржина ==
Договорот налага [[Македонија|Република Македонија]] да го промени своето уставно име во Република Северна Македонија ([[Англиски јазик|англиски]]: ''Republic of North Macedonia''), со превод на сите јазици, државјанството да биде ''македонско/граѓанин на Република Северна Македонија,'' а официјалниот јазик на државата да продолжи да се именува како [[Македонски јазик|македонски јазик]] и да биде признат и од Република Грција. Ова го потврдил и [[Зоран Заев]], кој на прес-конференција во [[Владата на Република Македонија]] истакнал дека со договорот ќе се признае македонскиот јазик во [[Обединетите Нации]], а граѓаните ќе се нарекуваат како и порано, македонски.<ref>{{нмс|title=Заев: Постигнавме договор - Република Северна Македонија, со македонски јазик и македонски идентитет|url=https://kanal5.com.mk/articles/338076/zaev-postignavme-dogovor-republika-severna-makedonija-so-makedonski-jazik-i-makedonski-identitet|work=Кајгана|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Согласно Преспанскиот договор, кодовите на земјата остануваат ''MK'' и ''MKD'', со исклучок на регистарските таблички, каде што ќе се применува ''NM'' или ''NMK'', додека термините ''Македонија'' и ''македонски'' ќе можат да се употребуваат за територијата, јазикот, народот, историјата, културата и наследството на Република Северна Македонија. Се предвидува формирање на Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, како и подобрување на дипломатската, политичката, економската, образовната, полициската и одбранбената соработка.[https://vlada.mk/node/14958]
 
== Реакции ==
 
Претседателот на најголемата опозициска партија во државата [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Христијан Мицкоски]], го карактеризирал договорот како капитулација и дека истиот претставува пораз за Македонија. Тој побарал од Заев обврзувачки, а не консултативен референдум. Мицкоски исто така потенцирал дека опозицијата може веднаш да излезе на предвремени парламентарни избори, доколку претходно „власта ги обезбеди истите услови кои СДСМ ги доби на последните парламентарни избори“.<ref>{{нмс|title=Мицкоски: Договорот е капитулација за Македонија|url=https://sitel.com.mk/mickoski-dogovorot-e-kapitulacija-za-makedonija|work=Сител|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Ден по изјаснувањето дека е постигнато решение за спорот за името, спонтано повеќе здруженија меѓу кои Семакедонски национален совет - Македониум, Христијанско Братство како и навивачката група [[Комити Запад]] иницирале протест пред [[Собранието на Република Македонија]].<ref>{{нмс|title=Протест во Скопје против договорот за менување на името|url=https://sitel.com.mk/protest-vo-skopje-protiv-dogovorot-za-menuvanje-na-imeto|work=Сител|date=13 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> На истиот биле приведени десетмина учесници во протестот кои маскирани со фантомки кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел, кој не се запалил.<ref>{{нмс|title=Десетмина приведени по вчерашните протести пред Собранието|url=https://telma.com.mk/desetmina-privedeni-po-vcherashnite-protesti-pred-sobranieto/|work=Телма|date=14 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
 
Два часа по потпишувањето на договорот во [[Нивици]] на грчка страна, во [[Битола]] бил организиран протестен марш од ВМРО-ДПМНЕ на кој учествувале околу 1.500 луѓе. Маршот бил предводен од транспарент на кој бил ставен цитат од [[Тодор Александров]] - „Организацијата е народот и народот е организацијата“, а бил претставен и крст на кој пишувало „Република северно од Македонија“.<ref>{{нмс|title=ВМРО-ДПМНЕ со цитат од Тодор Александров го почна протестот против договорот за името|url=https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vmro-dpmne-tsitat-od-todor-aleksandrov-go-pochna-protestot-protiv-dogovorot-za-imeto/|work=Сакам Да Кажам|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref><ref>{{нмс|title=Јас и по цена на животот нема да го прифатам капитулантското дело на Заев, рече Мицкоски на протестот против договорот за името|url=https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jas-po-tsena-na-zhivotot-nema-da-go-prifatam-kapitulantskoto-delo-na-zaev-reche-mitskoski-na-protestot-protiv-dogovorot-za-imeto/|work=Сакам Да Кажам|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
=== Грција ===
Противниците на договорот во Грција реагирале со низа протести. За време на дебатата за доверба на владата на [[Алексис Ципрас]] во грчкиот парламент, пратеникот на крајнодесничарската партија [[Златна Зора]], [[Константинос Барбариус]] побарал од грчката војска да ја испочитува дадената војничка заклетва за одбрана на државата и да ги уапси премиерот Ципрас, министерот за одбрана [[Панос Каменос]] и претседателот [[Прокопис Павлопулос]] што било сфатено како повик за воен пуч. По ваквото изјаснување на Барбариус, претседателот на партијата, [[Никос Михалољакос]] во согласност со неговата пратеничка група донел одлука да го отстрани Барбариус од партиската листасписок на Златна Зора, поради тоа што, како што рекол тој, „изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на Златна Зора“.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на Златна зора кој повика на воен пуч исфрлен од партијата|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29292009.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=15 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> По ваквата изјава на Барбариус, државното обвинителство издало наредба за негово апсење, но тој успеал да ѝ побегне на полицијата. Во бегство се упатил со автомобил марка „Волво“ за кој не се знае дали е во негова или во сопственост на грчкиот парламент. Тој возел со брзина од најмалку 180 км кога не застанал на знак на полициска патрола, а за малку ќе предизвикал и сообраќајна несреќа.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на „Златна зора“ и побегнал на полицијата|url=https://novatv.mk/pratenikot-na-zlatna-zora-i-pobegnal-na-politsijata/|work=Нова ТВ|date=16 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
За време на потпишувањето на договорот, на патот што води од [[Преспа]] кон [[Лерин]], во близина на селото [[Песодер]] кое е на триесетина километри од [[Нивици]], група на граѓани меѓу кои и грчки екстремни десничари протестирале против потпишувањето на договорот. Тие се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, а на тоа полицијата константно реагирала со користење на солзавец за да се растере масата од демонстранти. Во самите инциденти имало осум повредени.<ref>{{нмс|title=Осуммина повредени во Нивици по судирот на демонстрантите и полицијата|url=https://republika.mk/928546|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Демонстрантите се обиделе и преку шумата да дојдат до местото на потпишување на договорот но таквиот обид бил спречен од грчката полиција. Самите протести траеле цели 4 часа.<ref>{{нмс|title=Преку шумата се обиделе да дојдат до шаторот кај Заев и Ципрас: Инцидентот во грчка Преспа траел цели 4 часа|url=https://republika.mk/928569|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
== Контроверзии ==
Во еден дел од македонската научна јавност (пример, професорките по уставно право [[Гордана Силјановска-Давкова]], проф. Тања Каракамишева и проф. Биљана Ванковска) ваквиот „договор за идентитет“ во суштина мора да се смета (по себе) за нелегален (те. спротивен на основните ius cogens норми, т.е. императивнато право на суверенитетот врз државно-правниот идентитет и неотуѓивост и неприкосновеност на националниот идентитет), и може еднострано да се раскине преку дипломатските според Виенската конвенција на ОН за правото на договори од 1969 година имајќи предвид дека не е во согласност со Повелбата на Обединетите нации и судските ставови на Меѓународниот суд на правда во Хаг. <ref>Види за незаконитоста на Преспанскиот договор во JPSIR 2019[http://www.sciencepublishinggroup.com/journal/paperinfo?journalid=304&doi=10.11648/j.jpsir.20190202.13 Види за незаконитоста на Преспанскиот договор во JPSIR 2019]</ref>
 
== Референдум ==