Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
clean up, replaced: листа на → список на (2) using AWB
Ред 13:
| pages = 369 (1550), 686 (1568)
}}
'''Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти''' ({{lang-it|Le Vite delle più eccellenti pittori, scultori, ed architettori}}) — збирка [[биографија|биографии]] на уметници напишана во [[XVI век]] од [[италија]]нскиот сликар, архитект и теоретичар [[Џорџо Вазари]]. Делото се смета за „веројатно најпрочуената, па дури и денес најчитаната книга од постарата литература за уметноста“,<ref name=Gombrich>[http://www.gombrich.co.uk/showdoc.php?id=18 Макс Мармор, ''Kunstliteratur'' („Уметничка литература“), превел [[Ернст Гомбрих]], во Art Documentation, Том, 11 # 1, 1992] </ref> „едно од највлијателните ренесансни пишани дела за уметноста“<ref>[http://webprod1.leeds.ac.uk/banner/dynmodules.asp?Y=200708&M=ITAL-3223 Страница на Лидскиот универзитет]</ref>, и „еден од основоположничките текстови на [[историја на уметноста|историјата на уметноста]]“.<ref name=Persistance>[http://bib17.ulb.ac.be:8080/dspace/bitstream/2013/1971/1/vg-0162.pdf Виктор Гинзбург и Шила Вејерс, „Опстојување и мода во уметноста“, [[Лувен]] (2005)]</ref> насловот често пати се среќава во скратена форма како „Животи“ (''Vite'').
 
== Заднина на делото ==
Како првиот италијански историчар на уметноста, Вазари започнал жанр на енциклопедија на уметнички биографии кој продолжува да живее до денес. Токму Вазари е авторот на поимот „[[Ренесанса]]“ (''rinascita''), иако за постоењето на уметничка преродба постоела свест уште од времето на [[Леоне Батиста Алберти]]. Неговото дело „[[Животите„Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти]]“архитекти“ (''Le Vite delle più eccellenti pittori, scultori, ed architettori'') — посветено на великиот војвода [[Козимо I|Козимо I де Медичи]] — за прв пат било објавено во 1550. Во него се содржела и драгоцена расправа за техничките методи кои се користат во уметноста. Во 1568, делото било делумно изменето и дополнето, а биле додадени и гравури со [[портрет]]и на уметниците (некои претпоставени).
 
Делото се одликува со постојана и ноторна пристрасност во полза на уметниците од Фиренца, на кои Вазари им ги припишува сите усовршувања во ренесансната уметност (како на пример, пронаоѓањето на [[гравура]]та). Во првото издание особено и систематски е запоставена венецијанската уметност (заедно со уметноста на другите европски земји). Во периодот помеѓу двете изданија, Вазари ја посетил Венеција, по што тој донекаде омекнал (најпосле вклучувајќи го и [[Тицијан]]), но дури и тогаш, во второто издание тој не постигнал неутрално гледиште.
 
Вазариевите биографии се прошарани со забавни озборувања. Многу од анегдотите личат на вистинити, додека други се измислици. Меѓутоа, само со неколку исклучоци, естетското расудување на делото е остроумно и без пристрасност. При создавањето на делото, Вазари не трагал по точни датуми, како што би направиле денешните историчари на уметноста, и затоа неговите биографии се потпираат на сликарите од неговата генерација и оние веднаш зад нив. Современата критика, користејќи се со нови материјали за истражување, има исправено голем дел од погрешните години, датуми и припишувања. Делото сепак останува класика, иако задолжително мора да се дополни со современа критичка работа.
Ред 25:
 
== Влијание ==
За „Животите“ на Вазари се смета дека се „во огромна мера највлијателното дело за историјата на ренесансната уметност„<ref>[http://warburg.sas.ac.uk/graduate_studies/synopses.htm Професор Хоуп, [[Варбургов институт]], краток преглед на предметот, 2007]</ref> и „најважното ренесансно дело со биографии на уметници“.<ref name=Gombrich/> Ова влијание се состои главно во три сфери: како пример за современиците и идните биографи и историчари на уметноста, како определник во начинот на гледањето на Ренесансата и улогата на Фиренца и Рим во неа, и како главен извор на информации за животите и делата на раните италијански уметници.
 
Делото е преведено (целосно или делумно) на многу јазици, меѓу кои се англискиот, холандскиот, германскиот, францускиот и српскиот.
 
=== Поплава од биографии ===
Ова дело започнало бран на биографии на уметници. Други пак биографи од XVII век биле нарекувани 'Вазари' на својата земја. [[Карел Ван Мандер]] во [[Холандија]] станал веројатно првиот вазариски автор со неговото дело „Книга за сликарите“ (''Het Schilderboeck'', 1604), првата сеопфатна листасписок на биографии на сликари од [[Ниски Земји|Ниските Земји]].<ref name=Gombrich/> [[Јоаким фон Зандрарт]] (1606-1688), автор на делото „Германска академија“ (''Deutsche Akademie''), бил познат како „Германскиот Вазари“.<ref>[http://muse.jhu.edu/login?uri=/journals/the_library_the_transactions_of_the_bibliographical_society/v007/7.4meurer.html Извадок од работењето на библиографското друштво]</ref> Во [[Англија]] пак, книгата „Илустрирано сликарство“ (''Painting Illustrated'', 1685) од [[Вилијам Аглајонби]] во голема мера се засновало и на Вазари.<ref name=Gombrich/>
 
=== Гледиште за Ренесансата ===
Ред 39:
 
== Содржина ==
Во „Животите“ се опфатени биографиите на многу од најважните италијански уметници, а делото е прилагодено и како класичен прирачник за своето време, чија содржина понекогаш се користи на различни начини. Следнава листа се држи до редоследот во книгата, поделена на три дела. Книгата почнува со посвета на [[Козимо Медичи]] и предговор, а потоа започнува со технички и воведни текстови за архитектурата, вајарството и сликарството. По ова следи втор предговор, во кој се најавува самото дело, кое се содржи во деловите 2 до 5. Следи целосна листасписок на уметниците обработени во второто издание (1568). Во неколку случаи, во еден дел се дадени различни мошне кратки биографии.
 
=== Дел 2 ===