Енрике Иглесијас: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
clean up, replaced: листа на → список на using AWB
Ред 22:
'''Енрике Мигел Иглесијас Прејслер''' ({{роден во|Мадрид}}, {{роден на|8|мај|1975}}) ([[Шпански јазик|шпански]]: ''Enrique Miguel Iglesias Preysler'') е шпански пејач.
 
Иглесијас е син на познатиот [[Шпанија|шпански]] пејач Хулио Иглесијас и [[Филипини|филиписката]] манекенка Изабел Прејслер. Има тројца - браќа Хулио Хосе, Михаел Александар и Родриго, како и три сестрин- Чабели, Тамара и Ана. Негова партнерка беше и Руската тенисерка Ана Курникова, но подоцна се разведоа.
 
Енрике Иглесијас станува познат многу млад со албумот на шпански јазик (Enrique Iglesias, 1995). Тој албум е доста успешен и со него добива Греми награда за најдобар шпански изведувач.<ref> http://www.ez-tracks.com/showArtists-OrigArtist-Enrique%20Iglesias.html
</ref>. Подоцна кариерата ја продолжува со албумите „Vivir“ (1997), „Cosos Del Amor“ (1998), а подоцна почнува да издава албуми и на [[Англиски јазик|англиски]] - „Enrique“ (1999), „Escape“ (2001), „Quizas“ (2002).
 
== Биографија ==
Ред 33:
Иглесијас е роден во [[Мадрид]], [[Шпанија]], како трето и последно дете на пејачот [[Хулио Иглесијас]] и светски познатата новинарка Изабел Прејслер. Неговата мајка е со [[Филипини|филипинско потекло]], а неговиот татко е Галициски [[Шпанија|Шпанец]] со [[Евреи|еврејско потекло]]. Неговите родители се разведуваат во 1978 година, а веќе следната година Хулио се преселува во [[Мајами]], [[Флорида]] за да продолжи со својата музичка кариера.
Во 1985 година, дедото на Енрике Иглесијас, д-р Хулио Иглесијас Пуга бил киднапиран од страна на терористичката група ЕТА. За нивната безбедност, Енрике и неговиот брат Хулио Иглесијас Џуниор биле испратени да живеат со својот татко во Мајами. Тој исто така една година живеел и во [[Белград]], [[Србија]], со мајка му, кој работела таму како новинар. Бидејќи заради кариерата неговиот татко постојано патуваше, младиот Иглесијас беше израснат и за него се грижеше семејната дадилка. Тој го посетуваше училиштето Gulliver Preparatory, а потоа студираше бизнис на Универзитетот во Мајами.
Иглесијас не сакаше неговиот татко да знае за неговите планови за музичка кариера и не сакаше неговото познато презиме да му помогне во кариерата. Тој позајмуваше пари од дадилката за да сними демо лента на која ќе има една шпанска песна и две англиски песни. Контактирајќи го поранешниот промотер на неговиот татко, Fernan Martinez, промовираа две песни под сценското име Enrique Martinez, нагласувајќи дека тоа е непознат пејач од Гватемала. Иглесијас склучи договор со издавачка куќа наречена Fonovisa. Потоа го напушти Универзитетот и замина во Торонто за да го сними својот прв албум.
 
 
'''Музичка кариера'''
Ред 48 ⟶ 47:
Тоа лето беше насочен кон концерти на стадиони кои се одржаа низ шеснаесет различни земји и кои беа распродадени до последно место, а како негови гости на концертите се појавуваа Elton John, Bruce Springsteen и Billy Joel. Започнувајќи ја турнејата во Одеса, Тексас, продолжи три непрекинати ноќи во Plaza de Toros во Мексико, две непрекинати ноќи во салата Auditorio Coca Cola во Монтереј и две во Estadio River Plate во Буенос Аирес, Аргентина, како и деветнаесет арени во САД.
Три синглови од албумот Vivir ("Enamorado Por Primera Vez", "Sólo en Ti" и "Miente") беа на врвот на Латинските сингл листи, како и на неколку во државите од шпанското говорно подрачје. Заедно со својот татко и Luis Miguel, Иглесијас е номиниран за Американската музичка награда во категорија за Омилен Латински изведувач. Порано беше објавено дека постариот Иглесијас ќе ја напушти салата ако тој не добие награда. Иглесијас беше поразен од неговиот татко, но ја исполни песната "Lluvia Cae".
 
 
'''1998-1999: Cosas del Amor'''
Ред 77 ⟶ 75:
Во 2002 година, Иглесијас го издава четвртиот албум на шпански јазик, под наслов Quizás (Perhaps). Албум продукциски поиздржан од неговите претходни шпански албуми и кој содржи повеќе интроспективни песни, насловната песна на албумот е во врска со заладените односи на Иглесијас со својот познат татко.
 
Албумот дебитираше на 12 место на листата Billboard 200 албуми, највисок пласман на еден албум на шпански јазик во тоа време. Quizás се продаде во еден милион копии за една недела, правејќи го најбрзо продаваниот албум на шпански јазик во тие 5 години. Трите синглови од албумот завршуваат на врвот на листите на Латино синглови, давајќи му на Иглесијас вкупно 16 број еден позиции на листите.. Тој во моментов го држи рекордот за најголем број еден синглови на Латино билбордите. Неговиот последен сингл од албумот, "Para Que La Vida", достигна слушаност од еден милион пати на Американското радио, единствената песна на шпански јазик што успеала да го стори тоа.
 
Спотот за песната "Quizás" е првиот спот на шпански јазик кој е додаден кон селекцијата на популарното MTV шоу Total Request Live. Иглесијас ја изведе песната на The Tonight Show со Jay Leno, со што стана првиот кој испеа шпанска песна во тоа шоу, со што ги отвори вратите и за други уметници како што се Рики Мартин, Juanes и Jorge Drexler. Иглесијас ги вклучи песните од Quizás во неговата Don't Turn Off the Lights турнеја, а албумот ја освои Латинската Греми награда за најдобар поп албум.
Ред 126 ⟶ 124:
По успешната соработка со Nadiya, Иглесијас сними втор дует со неа со наслов"Miss You", кој беше вклучен на DeLux верзијата на албумот.
 
Албумот дебитираше на 3 место на официјалната UK листасписок на албуми и се продаде во над 80.000 копии во првите 2 недели.
 
Енрике беше добитник на двете Светски музички награди во категориите на „Најдобро продаван Латински изведувач" и „Најдобро продаван Шпански артист", на церемонијата одржана во Монако на 9 ноември 2008.
 
 
'''Тековни активности'''
Ред 135 ⟶ 132:
Иглесијас привршува со снимањето на новиот албум кој ќе биде објавен во третиот или четвртиот квартал на 2010 година. Тој ќе биде половина на англиски јазик, а половина на шпански. На поголем дел од материјалот Иглесијас се јавува како автор или ко-автор. На албумот ќе има најмалку четири соработки со други артисти, вклучувајќи и една со Wisin & Yandel, Akon. Друга потврдена соработка е со Хуан Луис Гуера. На албумот, кој е во продукција на RedOne, Mark Taylor и долгогодишниот соработник Carlos Jaucar, ќе има помеѓу 14 и 17 песни. Од овие, во овој момент само првиот сингл ќе биде преведен.
 
Иглесијас, исто така ја донираше It must be love, за да се соберат средства за жртвите на земјотресот на Хаити. Песната е предадена во сопственост на Music For Relief, која е добротворна организација основана од страна на Linkin Park.
 
На 1 Февруари Енрике учествуваше во снимањето на римејкот на класикот We are the World, заедно со други познати музички уметници. Песната и спотот имаа премиера на 12 февруари на отворањето на Зимските олимписки игри и приносите од песната отидоа како средства и помош на жртвите од земјотресот во Хаити.