Автопатролери, Автопрегледувачи, Автооценувачи, Уредници, Администратори на посредникот, Исклучоци од IP-блокирање, Патролери, Оценувачи, Администратори
45.179
уредувања
Како еден од најголемите рок фестивали на сите времиња и културен репер за доцните шеесети години, Вудсток е споменуван на многу различни начини во популарната култура. Фазата „Вудсток генерацијата“ стана дел од вообичаениот речник. Пофалби и критики за фестивалот започнаа речиси веднаш откако стивнаа звуците на музиката. Се вели дека Чарлс Шулц го крстил неговиот повторлив карактер, птицата Вудсток од Пинатс, во чест на фестивалот. Во април 1970 година, Мед магазин го објави „Го паметам, го паметам чудесниот Вудсток“ како пародија на сообраќајниот метеж и предизвиците за да се дојде доволно близу за да може да се чуе музиката. Во 1973 година, шоуто Нешанал Лампуунс Лемингс го прикажа фестивалот „Вудчак“, пародија на голем број од настапувачите во Вудсток.
Современата култура продолжува да го памети Вудсток со „Ху на Вудсток во 1969 година“ на магазинот Тајм и неговата
Во 2005 година, аргентинскиот писател Едгар Бро ја објави книгата Вудсток, долга поема во спомен на фестивалот. Англиски превод на таа поема беше објавен во јануари 2007 година од страна на Зборови без граници.
|