Блек сабат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк (3) using AWB
→‎top: clean up, replaced: листа на → список на (3) using AWB
Ред 78:
Двата членови од оригиналната постава си заминаа, Тони Ајоми и Гизер Батлер, започнаа аудиција за нов пејач за следниот албум на групата. Ники Мур од Самсон и Џон Сломан од Лоун Стар доаѓаа во превдид. Бендот се задоволи со поранешниот пејач на Дип Парпл, Јан Гилан кој го замени Рони Џејмс Дио во Декември 1982 година. На почетокот, проектот не требаше да се вика Блек Сабат, но притисоците од издавачката куќа ја натера групата да го задржи името. Бендот влезе во Манор Студијата во Шиптон на Червел, Оксфордшир, во јуни 1983 година со Бил Ворд на тапани кој се врати трезен. По пуштањето во продажба, “Повторно роден” беше осуден од критиката. И покрај негативниот прием на албумот, тој стигна до место број четири на листите во Велика Британија и број 39 во САД. Дури деценија после тоа Едуардо Ривадавиа од Allmusic го нарече албумот “ужасен“, наведувајќи дека “меланхоличниот стил на Гилан и хумористичните текстови на песните беа комплетно некомпатибилни со господарите на уништувањето и суморноста“.
 
Иако беше на албумот, тапанарот Бил Ворд не беше во можност да оди на турнеја поради притисокот и се откажа од бендот на почетокот на турнејата “Повторно роден”. Се распаднав од идејата за турнеја,“ рече Ворд подоцна. “Имав толку многу стравови од турнеите, не зборував за страво-наместо тоа пиев и тоа беше голема грешка. Ворд беше заменет од Бев Беван поранешниот тапанар на Електрик Лајт Оркестра за светската турнеја “Повторно роден” 83-84 година, (често нарекувана како симулирана Смрт на Сабат “83-84“ Светска Турнеја) која започна во Европа со “Дијамантска Глава” (Diamond Head), а подоцна во САД со “Тивок Бунт” (Quiet Riot)и “Ноќен Ренџер” (Night Ranger). Бендот се насочи кон Рединг фестивалот во 1983, додавајќи ја песната на Дип Парпл “Smoke on the Water” на нивната листасписок на песни.
 
Турнејата за подршка на “Повторно роден” вклучи огромна сцена што го прикажуваше споменикот Stonehenge. За овај потез кој подоцна ќе биде пародиран во mockumentary Ова е пункција во кичма (This is Spinal Tap), бендот направи грешка што го порача споменикот. Гизер Батлер. подоцна објасни:
Ред 182:
Влијание
 
Блек Сабат аргументирано се еден од хеви метал бендовите со најголемо влијание на сите времиња. Бендот помогна да се создаде жанрот со истакнати албуми како што е “Параноја”, албум за кој списанието Ролинг Стоун рече “ја промени музиката засекогаш“, и го нарече бендот “Битлси на хеви металот“. Списанието “Тајм” го нарече “Параноја” “местото на раѓање на хеви металот“, поставувајќи го него на нивната листасписок на Топ 100 Албуми на Сите Времиња. Ем Ти Ви гi постави Блек сабат на број еден од нивните Топ Десет Хеви Метал Бендови а Ви Ејч 1 (VH1) ги постави на второ место на нивната листа од 100 Најголеми уметници на Хард Рок. Ви Ејч 1 (VH1) ја рангираше “Железен човек“ за песна број еден на нивната топ-листасписок на 40 Најдобри метал песни. Вилијам Рулман од Allmusic рекол:
 
Блек Сабат биле толку влијателни во развитокот на хеви метал и рок музиката за да бидат дефинирачка сила во стилот. Групата го земала блуз-рок звукот од касните 60ти години, делата како Cream, Blue Cheer и Vanila Fudge,го успорувала темпото, истакнувајќи го басот, и нагласувајќи ги пискавите соло гитари и урлачките вокали полни со текстови на песните кои го изразувале душевното патење и грозни фантазии. Ако нивните претходници јасно се појавиле со една електризирана блуз традиција, Блек сабат ја доведе таа традиција во еден нов правец, и правејќи го тоа помогна да се роди музички стил кој продолжи да привлекува милиони обожаватели, децении подоцна.