Битлси: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
clean up, replaced: листа на → список на (2) using AWB
Ред 16:
| Past_members = [[Стјуарт Сатклиф]]<br />[[Пит Бест]]
}}
'''Битлсите''' ({{lang-en|'''The Beatles'''}}) — [[поп музика|поп]] и [[рок музика|рок]] група од [[Ливерпул]], [[Англија]], формирани во 1960. година. Примарно составени во текот на нивната кариера од [[Џон Ленон]] (ритам гитара, вокали), [[Пол Мекартни]] (бас гитара, вокали), [[Џорџ Харисон]] (водечка гитара, вокали) и [[Ринго Стар]] (тапани, вокали), Битлсите се познати за водењето на музичката „британска инвазија“ во [[Соединетите Држави]] во средината на 60-те години од [[20 век]]. Иако нивниот музички стил зема корени од [[рокенрол]]от на 50-те години, групата истражува голем број на [[жанр]]ови, од [[тин пен ели]] до [[психоделичен рок]]. Нивната облека, стиловите и ставовите ги направија тренд-сетери, додека нивнита социјална свесност влијаеше врз социјалните и културните револуции во 60-те. Откако бендот се распадна во 1970., сите четири члена продолжија со соло кариери.
 
Битлсите се комерцијално најуспешните и критички најпризнатите бендови во историјата на [[Популарна музика|популарната музика]], продавајќи над билион албуми интернационално.<ref name="uktvrecording">{{цитирана веб страница |first= |last= |url=http://uktv.co.uk/history/gallery/aid/601378/multipageid/5823 |title=Во овој месец: јуни|publisher=uktv |accessdate=2008-08-15}}</ref> Во [[Обединетото Кралство]], Битлсите продале повеќе од 40 различни синглови и албуми кои стигнале до број еден на британската топ листа; единствени во историјата на листата со 15 различни број еден албуми. Нивниот комерцијален успех е повторен во многу други држави; нивната продуцентска куќа, [[EMI]], проценила дека до 1985 продала над една милијарда снимки низ целиот свет.<ref name="Worldwide sales">{{цитирана веб страница|url=http://www.emigroup.com/NR/exeres/60E71CC3-405A-42F4-A013-1B20496FAE04.htm|title=1960-1969|publisher=EMI Group Ltd.|accessdate=2008-05-31}}</ref> Во САД, Битлсите продале повеќе албуми од било кој друг бенд.<ref name="riaa">{{цитирана веб страница |url=http://www.riaa.com/newsitem.php?news_year_filter=1999&resultpage=2&id=3ABF3EC8-EF5B-58F9-E949-3B57F5E313DF |title=Американската индустрија за снимање ги објавува своите уметници на векот. (The American Recording Industry Announces its Artists of the Century)|publisher=Recording Industry Association of America (RIAA) |date=[[10 ноември]] [[1999]]|accessdate=2007-06-26}}</ref> Во 2004, ''[[Rolling Stone]]'' магазинот ги рангирал Битлсите како број еден на својата листасписок на <span class="plainlinks">[http://www.rollingstone.com/news/story/5939214/the_immortals_the_first_fifty/ 100. најголеми изведувачи на сите времиња]</span>.<ref>{{цитирана веб страница| title = Бесмрттните: Првите педесет (The Immortals: The First Fifty)| work = Rolling Stone издание бр. 946| publisher = Rolling Stone| url=http://www.rollingstone.com/news/story/5939214/the_immortals_the_first_fifty | accessdate = 2008-07-08 }}</ref> Според истиот магазин, иновативната музика и културното влијание на Битлсите помогнало да се дефинираат 1960-те, а нивното влијание на поп културата е видно и до денес. Во [[2008]], ''[[Billboard (магазин)|Billboard]]'' магазинот за својот педесетти јубилеј издал листасписок на најпродавани уметници; Битлсите повторно стигнале до број 1.<ref>{{цитирана веб страница | url = http://www.billboard.com/bbcom/specials/hot100/charts/top100-artists-20.shtml | title = The Billboard Hot 100 All-Time Top Artists (20-01) | date = [[11 септември]] [[2008]] | accessdate = 2008-09-13}}</ref> Во 1969 година, членовите на групата го добиле Орденот на Британската Империја, но четири години подоцна, Ленон го вратил орденот, наведувајќи неколку причини: вмешаноста на [[Британија]] во војната во [[Нигерија]], поддршката што Британија ѝ ја давла на [[САД]] во војната во [[Виетнамска војна|Виетнам]] и лошиот комерцијален успех на неговата песна „Студена мисирка“ (''Cold Turkey'').<ref>„Боуви одби да стане витез, Брандо ги бојкотира Оскарите“, ''Дневник'', година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 22.</ref>
 
== Создавање на групата ==
На конечното формирање на групата му претходат неколку фази низ кои минуваат членовите на „Битлс“, почнувајќи од Леноновата аматерска група „Кверимен“ (The Quarrymen), од [[1957]] година. Членот на „Кверимен“, Иван Вон, го запознава фронтменот на својата група, Џон Ленон, со Пол Мекартни, кому навистина му се допаѓал стилот на оваа група (особено нескриениот афинитет спрема стилот на [[Елвис Присли]]); тогаш Мекартни се обидува да добие место како [[Гитара|гитарист]] во „Кверимен“, за себе и за својот гимназиски другар - Џорџ Харисон, исто така гитарист. Неколку месеци подоцна, разочаран од неуспешните настапи на својата група, Ленон ги расформира „Кверимен“ и ја продолжува соработката само со Мекартни.
 
Наскоро, повторно им се приклучува Харисон, како и двајца нови членови - тапанарот [[Пит Бест]] и басистот [[Стјуарт Сатклиф]]. И покрај неискуството, „Битлси“ во [[1961]] година минуваат неколку месеци во [[Хамбург]], [[Западна Германија]], каде брзо напредуваат и каде низот на успешни настани во еден локал на ''Улицата на црвените фенери'' е прекинат по апсењето на Харисон поради недозволен престој надвор од [[Англија]] (во тоа време Џорџ е малолетен) како и поради тоа што и Мекартни и Бест ја доживуваат сличната судбина како и Харисон - уапсени се заради тоа што предизвикуваат мал пожар во станот во кој живеат додека се обидуваат да најдат полуксузно место за живеење.
 
Групата набрзо продолжува со своите настапи во „Кафе Каверн Клуб“, но без Сатклиф, кој на местото бастист е заменет од страна на Мекартни. Сатклиф умира следната године, од излив на крв во мозокот, предизвикан од сѐ уште сосема неразјаснети причини. Сопственикот на една продавница за плочи, [[Брајан Епстајн]], станува менаџер на Битлс и ги испраќа нивните снимки во „Декa Рекордс“. Тука е одбиен, со објаснување дека групите кои свират на гитара излегуваат од мода. Овој настан е обележан како еден од најголемите бизнис-промашувања во музичката индустрија. Продуцентот на „Еми-Парлофон“, [[Џорџ Мартин]] се согласува да го издаде првиот сингл на групата - ''[[Love Me Do]]'', кој се појавува во продавниците на [[5 октомври]] [[1962]] година. Во почетокот на [[1963|следната годинa]], „Битлси“ го договараат снимањето на својот прв ЛП-албум - ''[[Please Please Me]]''. Еден ден пред почетокот на снимањето, [[Бест]] е заменет од [[Ринго Стар]], зашто остатокот од групата смета дека ѝ е потребен друг тапанарски стил. Албумот е издаден на [[22 ноември]] истата година со што и официјално започнува една од најголемите приказни во музичката индустрија...
Ред 33:
Неибните албуми од периодот меѓу 1963 и 1966 година, без разлика на големиот успех, не се специфични како оние од подоцнежниот дел на нивната кариера. Вториот британски албум - ''[[With The Beatles]]'', претставува природен продолжеток на првиот. Првите албуми наменети за [[САД|американскиот]] пазар се состојат од песни од британските албуми, само со други наслови и други опаковки, од причина што „Капитол“, американскиот партнер на „Еми-Парлофон“, сметал дека Битлсите нема да успеат во САД. И нормално, токму поради овие причини, првите албуми на „Битлси“ во САД се здобиваат само со просечен успех. Но по турнејата низ [[Европа]], „Битлси“ се упатуваат и на една американска турнеја, која конечно им носи светска слава и на американска почва. Конечното запечатување на вечниот примат крај нивното име - ''најдобри'' - „Битлс“, во [[САД]] го достигнуваат со незаборавното гостување во „Шоуто на Ед Саливен“ - една од најгледаните емисии во историјата на САД.
 
Следи албумот ''[[A Hard Day's Night]]'', снимен за потребите на истоимениот црно-бел филм, со членовите на „Битлс“ во главните улоги. Филмот кој раскажува еден ден во животот на славната рок-група станува навистина популарен, а истовремено на прво место на светските топ списоци се пробива песната ''[[Can`t Buy Me Love]]''. Потоа следат неколку класични продукти од нивниот репертоар: албумот ''[[Beatles For Sale]]'', филмот ''[[Help!]]'' (во кој групата ја прогонува [[Индија|индиска]] [[секта]]), како и истоимениот албум, чиј плод се два незаборавни евергрина - ''[[Ticket to Ride]]'' и секако, можеби најпозната песна во музичката индустрија - ''[[Yesterday]]''.
 
Со албумот ''[[Help!(албум)|Help!]]'' за многумина завршува еден период од кариерата на „Битлс“. Зашто по ''[[Help!(албум)|Help!]]'', „Битлс“ ги раскинуваат нишките со комерцијалната поп-култура и потполно се ориентираат кон откривање на нови жанрови во музиката. Ова се годините кога следат трите познати албуми - ''[[Rubber Soul]]'', ''[[Revolver]]'' и ''[[Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band]]'' објавени на [[30 декември]] [[1965]], [[5 август]] [[1966]], односно на [[1 јуни]] [[1967]] година и поставени на петтото, третото и првото место на листата ''500 најдобри албуми на сите времиња'' соодветно. <ref>[http://www.rollingstone.com/news/story/5938174/the_rs_500_greatest_albums_of_all_time/ 500 најдобри албуми на сите времиња] според списанието ''Rolling Stone''</ref>
 
== Предводници на новата музичка генерација ==
Ред 110:
 
== Белешки ==
{{Reflist}}
<div class="references-small" style="-moz-column-count:1; column-count:1;">
<references/>
</div>
 
== Надворешни врски ==
Ред 125 ⟶ 123:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Британски музички групи|Б]]
[[Категорија:Музика]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Битлси