Бернар Ино: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
clean up, replaced: листа на → список на using AWB
Ред 79:
Во 1985 година, Ино по трет пат се вратил на Џиро д’Италија и го освоил победувајќи на една етапа. На Тур де Франс, Ино го освоил прологот на првата етапа, а потоа победил и на осмата етапа. Голем ривал имал во својот тимски совозач [[Грег Лемонд]], кој бил под притисок од страна на тимот да не се бори за победа, туку да го пушти Ино да го освои Тур де Франс. Така и било, Ино го освоил својот петти Тур де Франс изедначувјќи се со [[Жак Анкетил]] и [[Еди Меркс]]. Лемонд го освоил второто место со ветување од Ино дека наредната година ќе му помогне да го освои.
 
Во 1986 година, Ино го возел својот последен Тур де Франс кога требало да му ја врати услугат ана Лемонд и да му помогне да победи, но не било така. Ино возел доста агресивно, оправдувајќи се дека тоа го прави за да ги исфрли од трката ривалите на Лемонд, а всушност и самиот Лемонд заостанувал. Лоран Фињон возел дефанзивно од почетокот, а потоа ја напуштил трката заради повреда. На [[Алп д’Иез]], Ино нападнал, Лемонд го бркал, го стигнал и престигнал, му ја зел жолтата маица и победил на Тур де Франс. Ино завршил втор, победил на три етапи и ја освоил брдската класификација. Во подоцнежните изјави, Лемонд велел дека Ино тогаш го издал со својата тактика.
 
== Крај на кариерата ==
На крајот на 1986 година, Бернар Ино се повлекол од велосипедизмот, а потоа продолжил да работи како еден од организаторите на Тур де Франс. На крајот на секоја етапа, им честита на победниците и на носителите на маици. Исто така работел како технички консултант во компанијата Лук, која се занимавала со производство на педали за велосипеди.
 
Ино возел 12 гран тур трки, 10 освоил, а два пати бил втор (на Тур де Франс). На вечната листасписок на гран тур шампиони е втор, зад [[Еди Меркс]] кој освоил 11 гран тур трки.
 
За ривалството на Ино со Лемонд на Тур де Франс во 1986 година, снимен е филм кој е објавен на 22 јули 2014 година.
Ред 113:
{{Комбиниран пласман на Вуелта а Еспања}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ино, Бернар}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ино, Бернар}}
[[Категорија:Француски велосипедисти]]
[[Категорија:Победници на Тур де Франс]]