Фредерик Шопен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
Ред 24:
Роден е во селото [[Желазова Вола]] во [[Варшавско војводство|Варшавското војводство]]. Мајка му била [[Полјаци|Полјачка]], а татко му [[Франција|француски]] [[иселеник]]. Во татковината го сметале за [[чудо од дете]], но тој ја напуштил [[Полска]] на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во [[Париз]] создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „''Фредерик-Франсоа''“. Од 1837 до 1847 година бил во бурна врска со француската писателка [[Жорж Санд]]. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна возраст се разболил од [[туберкулоза]].<ref name="tuberculosis">{{нмс|publisher=Fryderyk Chopin |last=Smolenska-Zielinska |first=Barbara | date= |url= http://www.chopin.pl/biografia/index_en.html |title= Chopin — Biography|accessdate= 2006-09-10 }}</ref>
 
Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и се смета дека тие му припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничката виртуозност. Тој има измислено некои [[музичка форма|музички форми]] како [[балада (музичка форма)|баладата]],<ref name=scholesballade> Scholes, Percy (1938), The Oxford Companion to Music. Article ''Ballade''.</ref> но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како [[соната за пијано|сонатата за пијано]], [[валцер]]от, [[ноктурно]]то, [[етида]]та, [[импромпту]]то и [[прелудиум]]от. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено [[Балканска музика|словенскиот фолклор]] во своите композиции; така и до денес неговите [[мазурка|мазурки]] и [[полонеза|полонези]] се камен темелник на полската [[националност|национална]] класична музика.
 
== Живот ==
Ред 34:
[[Податотека:Poland Zelazowa Wola.jpg|thumb|left|200px|Родната куќа на Шопен во [[Желазова Вола]]]]
 
Во октомври 1810 година, кога Фредерик имал осум месеци, семејството се преселило во [[Варшава]], каде татко му станал учител по [[француски јазик]] во [[училиште]] во [[Саксонски дворец|Саксонскиот дворец]]. Живееле понастрана во рамките на дворецот.
 
Малиот Шопен за прв пат почнал да учи пијано кај неговата постара сестра Лудвика, а подоцна таа задача ја презела мајка му. Неговиот талент бил очигледен уште од многу мали нозе, па во Варшава почнале да го сметаат за „вториот [[Волфганг Амадеус Моцарт|Моцарт]]“. На седумгодишна возраст искомпонирал [[полонеза|полонези]] ([[ге-мол]] и [[ха-дур]]), од кои првата била издадена во гравурната печатница на отецот Цибулски, директор на Училиштето за органисти и еден од малкуте музички издавачи во Полска.
[[Податотека:Józef Elsner.PNG|thumb|180px|[[Јозеф Елснер]]]]
Чудото кое било Шопен почнало да излегува по варшавските весници, па „малиот Шопен“ станал атракција на приемите по аристократските [[салон (собирање)|салони]]. Почнал да приредува и јавни добротворни концерти. Се вели дека еднаш бил запрашан што мисли дека на публиката најмногу ѝ се допаднало; на тоа седумгодишниот Шопен одговорил: „Мојата јака“. За прв пат јавно излегол како пијанист на 8-годишна возраст.
 
Првите професионални часови по пијано ги добил во периодот 1816–1822 од [[Војтжех Адалберт Живни|Војтжех Живни]]. Подоцна Шопен за Живни зборувал со почит и високо мислење, иако самиот тој како дете набргу го надминал учителот. Подоцнежниот развој на Шопеновиот талент бил под надзор на [[Вилхелм Вирфел]]. Часовите кај овој прочуен пијанист и професор на Варшавскиот конзерваториум биле непостојани, но од големо значење за Шопеновите способности на [[орган]], а можеби и пијано. Од 1823 до 1826 година Шопен учел на Варшавскиот лицеј, [[училиште]]то каде предавал татко му.
 
Есента 1826 година, Шопен почнал да студира [[теорија на музиката]], [[генералбас]] и [[музичка композиција|компонирање]] во класата на композиторот [[Јозеф Елснер]] во Варшавскиот конзерваториум. Контактот со него може да датира уште од 1822 година, и сигурно е дека од 1823 година, Шопен почнал да добива формални часови од него. Го завршил тригодишното образование на конзерваториумот во 1829 година.
 
Истата година во Варшава, Шопен присуствувал на изведба на [[Николо Паганини]], а го запознал и германскиот композитор [[Јохан Непомук Хумел]]. Исто така во 1829 година Шопен ја запознал својата прва љубов, студентката по солфеж Констанција Гладковска. Ова го инспирирало композиторот да стави пеење во своите дела.
 
Во август 1829 година, три недели по заминувањето од Варшавскиот конзерваториум, Шопен направил брилијантно деби во [[Виена]]. За неговите две изведби на пијано добил многу пофални критики, заедно со другите кои го критикувале заради малиот тон со кој свирел на пијаното.
Ред 85:
=== Смрт ===
[[Податотека:Chopin1849opt02.jpg|thumb|125px|Шопен во 1849 г.]]
Во 1848 година Шопен го одржал својот последен концерт во Париз, и ги посетил [[Англија]] и [[Шкотска]] со неговата ученичка и обожавателка Џејн Стирлинг. Дошле до [[Лондон]] во ноември, и иако успеал да приреди концерти и салонски изведби, Шопен бил многу болен. Се вратил во Париз, каде во 1849 година бил оневозможен да предава и изведува.
 
Сестра му, која го подучувала на пијано, го негувала во станот на ''[[Плас Вандом]] 12''. Во ситните часови на 17 октомври Шопен починал. Изутрина Клезенже ја направил неговата [[посмртна маска]] и калапи од рацете.
 
Пред погребот му била исполнета смртната желба да му го извадат срцето пред закоп (се плашел да не биде погребан жив) и да го испратат во урна на сестра му во [[Варшава]]. Таму и денес е вѕидано во [[Црква на св. Крст, Варшава|Црквата на св. Крст]] во реонот ''[[Краковско Предместие]]'', под натписот од ''[[Евангелије според Матеј|Матеј]] VI:21'': „зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце“.
 
Шопен побарал на погребот да му се пее [[Реквием (Моцарт)|Моцартовиот ''Реквием'']]. ''Реквием'' има големи делови за женски гласови [[Црква на Магдалена|Црквата на Магдалена]] никогаш не дозволувала женски хористи. Погребот се одложил за речиси две недели, кога црквата попуштила, па дозволила женски хористи да пеат зад црна [[кулиса]].
 
Погребот се одржал на [[30 октомври]] [[1849]] г., на кој присуствувале речиси илјада луѓе. На него биле исвирени и Шопеновите прелудиуми бр. 4 во e-мол и бр. 6 во ха-мол.
 
По негова желба бил погребан на гробиштата [[Пер Лашез]]. Крај гробот бил отсвирен неговиот ''Погребен марш'' од сонатата Оп. 35 во, во инструментација на [[Наполеон Анри Ребер]].<ref>[http://www.dobrowolski.com/joeandpam/famouspols/chopin-bio.html]</ref>
 
Подоцна некои од неговите пријатели од Полска дошле во Париз со ќуп од нивната земја, за композиторот да лежи под полска почва.
 
Шопеновиот гроб привлекува бројни посетители кои секогаш оставаат многу цвеќиња дури и среде зима.
Ред 130:
 
=== Романтизам ===
Шопен имал индиферентен став за најголемиот дел од неговите современици, иако имал доста пријатели од [[Романтизам|романтистите]] во музиката, книжевноста и ликовната уметност (многу од нив преку Жорж Санд). Меѓутоа многумина сметаат дека Шопеновата музика го претставува врвот на романтистичкиот стил. <ref>Видете на пр. [[Чарлс Розен]], ''The Romantic Generation'', глави 5-7, Harvard University Press 1995. ISBN 978-0-674-77933-4</ref> Релативната класична чистина и дискретност на неговата музика, со малку екстравагантен егзибиционизам, делумно сведочи за неговата длабока почит кон [[Бах]] и [[Моцарт]]. Шопен никогаш не навлегувал во експлицитно „сценоотсликување“ во музиката, нити пак користел програмски наслови, дури и лутејќи им се на издавачите што ги именувале делата како што ги знаеме денес.
 
== Дела ==
{{main|ЛистаСписок на композиции од Фредерик Шопен}}
Сите Шопенови дела се за [[пијано]], соло или со придружба. Главно се за соло пијано, но има и неколку за пијано [[музички ансамбл|ансамбли]] со инструменти, меѓу кои второ пијано, [[виолина]], [[виолончело]], глас и оркестар.
 
Ред 140:
== Споменици ==
 
Пред [[Втората светска војна]], во горниот дел на [[варшава|варшавскиот]] [[Лазјенковски парк]]. При основата на статуата во летните неделни попладниња се одржуваат бесплатни пијано [[рецитал]]и на Шопеновите композиции. Стилизираното [[дрво (растение)|дрво]] над Шопеновата фигура е во облик на неговата [[рака]] и прсти.
 
Секои пет години во [[Варшава]] се одржува [[Меѓународен Шопенов пијанистички натпревар|Меѓународниот Шопенов пијанистички натпревар]]; повремено се доделува и наградата ''Grand prix du disque de F. Chopin'' за истакнати снимки на Шопенови дела, ремастерирани или нови.