Психологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
clean up, replaced: Листа на → Список на (2) using AWB
Ред 7:
== Развој на психологијата како наука ==
 
Гарднер Марфи во книгата за историјата на психологијата изнесува свое гледиште за нејзиниот развој и вели дека таа почнува од времето кога човекот се заинтересирал за сопствените психолошки процеси. Според она што денес го знаеме за мислењето, можеме да заклучиме дека човекот почнал да се интересира за својот психички живот од времето кога кај него се појавило апстрактното мислење, а тоа време може да се поистовети со почетокот на развојот на човештвото. Така гледано психологијата има долга историја и би рекле долг развој. Сепак до пред крајот на XIX век, таа се развивала во рамките на филозофијата како и другите науки, а од 1879 година се развива како самостојна наука.
 
Според [[Фридрих Енгелс]], соништата го поттикнале човекот да поверува дека мислењето и чувствата не се производ на неговото тело, туку на неговата душа. Така дуализмот тело - душа, стана интересен проблем за шпекулација во филозофијата. Покрај со дуализмот, античките филозофи се занимавале и со многу други проблеми. Од тоа време останаа некои размислувања за човековите способности и неговата природа. Конкретно изреката на Платон "Секој човек на вистинското место" и денес е мотив на професионалната ориентација, бидејќи подразбира дека сите имаме различни способности и можеме да работиме одредени работи.
 
Од Сократ ни остана пораката "Спознај се себеси" што стана предмет на изучување на психологијата на личноста.
Ред 29:
== Психички живот ==
 
Психичкиот живот на човекот е мошне богат, сложен и динамичен. Тој се состои од повеќе психички појави како што се: психички процеси, психички особини и психички состојби.
 
Психичките процеси се мошне сложени и се разликуваат следните групи:
Ред 41:
(На пример, добро е познато дека во состојба на замор ученикот учи послабо).
 
Овие три групи психички појави овде се само теоретски одвоени, заради полесно изучување. Во животот на човекот тие се наоѓаат во постојано заемно единство и претставуваат организирана целина која се нарекува личност. Личноста е постојано активна и се карактеризира со специфично однесување.
 
Иако психичките појави се јавуваат кај сите луѓе, постојат големи индивидуални разлики меѓу нив. Сите луѓе перципираат, учат, мислат, се заморуваат, поседуваат темперамент, карактер и т.н., меѓутоа, насоките, интензитетот и особеностите на овие појави кај нив се разликуваат. Токму поради тоа, уште се вели дека психологијата ги проучува психичките појави, личноста на човекот и неговото однесување.
Ред 50:
== Проблеми при определувањето на предметот на психологијата ==
 
Се чини не е претерано сфаќањето дека и по 120 години егзистирање како самостојна наука психологијата на единствен начин не го определила својот предмет. На тоа укажуваат и најголемите умови на современата психологија во светот. Едни од нив само констатираат (Х. Еѕсенцк), други ги објаснуваат причините (П. Ј. Галперин; Х. Просански; Р. Заззо) додека трети одбираат патишта за надминување на оваа состојба во психологија (К. Мадсен).
 
Причините за ваквата состојба се повеќекратни, но се чини најзначајни се следните:
Ред 57:
 
Социјалната страна на психичкото, нашла одраз во стремежот на научниците да го разгледуваат предметот на психологијата во зависност од општествените услови да го проучуваат нивното заемно влијание со биолошките или поединечното влијание на психичкиот живот.
Овие потешкотии при определувањето на предметот на психологијата не се потполно надминати што се гледа и од појавата на голем број дефиниции на истиот. Ќе исдвоиме неколку од позначајните со што ќе укажеме на развојноста на ова прашање. Кога психологијата се издвоила во самостојна научна дисциплина таа била наука за појавите и процесите на свеста. Нејзини основни методи биле интроспекцијата и експериментот. Во согласност со тоа сфаќање се и дефинициите на психологијата како наука за појавите и процесите на свеста, или наука за менталниот живот како за неговите појави, така и за неговото јавување. (Њ. Јамес, 1890). Психологијата се разликува од физичките или природните науки по тоа што се занимава со појавите на внатрешниот свет при што го употребува својот метод - интроспекцијата (Џејмс и Сали, 1884 година).
 
За Вунт (1892) психологијата треба да го истражува внатрешното искуство - односно своите осети, чувства, своите мисли и желби - за разлика од предметите од надворешниот свет кои претставуваат предмет на проучување на природните науки.
 
За Тиченер психологијата е наука за менталните процеси. нејзината основна задача е да го анализира менталното искуство (чија основа ја сочинуваат сензациите, сликите и чувствата) да ги утврди законите на нивното комбинирање и да ги одреди физиолошките функции на менталното искуство. Според бихевиористичките сфаќања, формирани во втората деценија од овој век, кои жестоко ја критикуваат интроспективната психологија, особено нејзиниот метод, психологијата е исклучиво наука за однесувањето. Однесувањето се изучува врз основа на надворешното, објективното набљудување. Бихевиористите користеле само објективен метод - методот на набљудување, пред се надворешното однесување под експериментални услови.
 
Додека Тиченеровата психологија останувала во рамките на неактивната и нефункционална свест, Водсоновата психологија требала да биде наука за однесувањето без свеста. Водсон психологијата ја одредува како гранка на природните науки која го проучва однесувањето на човекот.
 
Предмет на психологијата може да биде исклучиво однесувањето на организмот, бидејќи само тоа може објективно да се набљудува.
Ред 84:
Во периодот на формирање на психологијата како наука, прва и единствена задача и била да ги опишува одделните психички појави. Но психологијата не можела да опстане само како дескриптивна наука, бидејќи пред неа се поставувале нови задачи. Се појавила потреба психолошките појави не само да се опишуваат туку и да се објаснуваат - така таа почнала да ја објаснува суштината на психичкиот живот. За постигнување на таа цел било потребно истражување, како би се откриле врските помеѓу психичките појави и биолошко-хемиските процеси во организмот и влијанието на средината. За таа цел од голема корист за психологијата бил развојот на другите природни и општествени науки, заради што нејзина задача била и активно следење на развојот на останатите науки чии резултати ги користи во своите истражувања. Следната задача на психологијата била да го развива и усовршува сопствениот научен систем, да открива нови методи за истражување на сложеното подрачје со кое се занимава.
 
Накратко, теоретските задачи на психологијата можат да се сведат на запознавање и проучување на карактеристиките и законитостите во јавувањето на психичките функции, психичкиот живот во целина, како и условите во кои тие се јавуваат. Психологијата е наука со изграден систем на знаења за психичкиот живот на човекот, но кој не е конечен поради што пред психологијата сѐ уште стојат теоретски задачи во вид на одговори на следниве три прашања.
 
На првото прашање ШТО, треба и понатаму да се бара одговор на прашањето што го сочинува психичкиот живот. Психологијата денес на тоа прашање има солиден одговор кога се однесува до луѓето, но не и за животните.
 
На второто прашање КАКО, психологијата треба да одговори како психичките процеси и особини се манифестираат, развиваат и менуваат под влијанието на разните фактори, па и психичките состојби.
Ред 96:
== Психологијата и другите науки ==
 
Во системот на научните знаења психологијата има мошне значајно место. За неа може да се каже дека е и природна и општествена наука. Природна наука е бидејќи се грижи за психичкиот живот на човекот, а тоа е предмет на изучување на многубројни природни науки како што се: биологијата, анатомојата, физиологијата, биохемијата, генетиката и други, кои на психологијата и даваат потребни информации за органските основи на психичкиот живот. Психологијата е и општествена наука, бидејќи, човекот се рзавива во општествената средина под влијание на многубројни средински фактори кои се исто така, посебен предмет на исучување на разни општествени науки како што се: социологијата, историјата, филозофијата, економијата и други. Под влијание на социолошките, историските, филозофските и другите општествени фактори, човекот како личност се разликува од кој било свој современик и кој било друг поредок.
 
Од информациие кои се изложени досега може да се стекне погрешен впечаток дека психологиујата само користи ингормации на другите науки. Наведените информации треба да се прошират и да се каже дека психологијата, исто така, им дава на другите науки драгоцени прилози. Без брилијантниот ум на човекот и неговите вредни раце, кои сѐ уште ги изучува психологијата, не би ги имале сите благодети во овој живот, не би постоела никаква научна мисла, се би било така како што било на самиот почеток на развојот на човештвото. И покрај фактите, генерализациите и теориите до кои дошло во сите науки, интердисциплинарниот пристап станува се почест и во теоријата и во практиката.
Ред 104:
Карактеристично за психологијата како наука која доцна се осамостоила е тоа што набрзо доживеала голема експанзија во развојот, што резултирало со појава и издвојување на повеќе гранки кои се развиле во посебни научни дисциплини, поради што денес е поправилно (како што смета Зазо) да се зборува за психолошки науки, а не за една психологија. Постојат повеќе критериуми за поделба, но најчесто е поделена на: теоретски и применети психолошки дисциплини.
 
И оваа поделба е релативна бидејќи и во областа на теоретските дисциплини се сретнуваат разгледувања за можноста за нивна практична примена, како што и во применетите психолошки дисциплини се развива теоретско мислење за психичките процеси кои се одвиваат во одредени услови на промена на психологијата. Ова уште повеќе и затоа што во рамките на применетите психолошки дисциплини, практиката ја наметнала потребата одделни практични проблеми да се решаваат со помош на повеќе научни дисциплини (психолошки и медицински, психолошки и педагошки и т.н.). Затоа, во склад со програмските барања ќе зборуваме за постојните психолошки дисциплини кои се развиени кај нас.
 
Општа психологија - е најразвиена психолошка наука која ги проучува основните психички функции кај возрасниот здрав човек. Во рамките на истата се сретнуваат повеќе имиња меѓу кои: психологија на сознајните процеси, психологија на мотивацијата; психологија на волевите и емоционалните процеси; психологија на личноста и т.н. Според тоа таа ги проучува психичките процеси (осети, перцепции, претстави, помнења, мислења, емоциите, волевите активности), психолошките состојби, особините на личноста, како и заемниот однос и зависноста меѓу овие процеси и особини и нивната зависност од физиолошките процеси и социјалните услови.
 
Психологија на личноста - во некои класификации психологијата на личноста не се издвојува како посеба гранка, а проблемите што таа ги проучува се вклучени во рамките на општата психологија. Сепак психолозите кои се занимаваат со психологија на личноста како критериум за разликување ги истакнуваат разликите во пристапот. Според тоа психологијата на личноста ја дефинираат како теоретска психолошка дисциплина која содржи преглед на сфаќањата за личноста како целовит систем.
Ред 112:
== Познати психолози ==
 
:''Види [[ЛистаСписок на психолози]] за полн список на познати и влијателни психолози.''
 
== Поврзано ==
Ред 127:
== Библиографија и наводи ==
 
:''Видете: [[ЛистаСписок на книги по психологија]] за значајни психолошки изданија.''
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://www.gegenstandpunkt.com/english/psych/0-contents.html Психологија на приватниот индивидуалец] Критика на буржоаската свест
 
 
=== Психолошки ресурси ===
Ред 149 ⟶ 148:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Психологија| ]]